Минималната плата во еМакедонија непотребна (дел 1)

Day 1,081, 18:01 Published in North Macedonia North Macedonia by FilipJ

еМакедонски Економист
5ти Ноември 2010


Минималната плата во еМакедонија непотребна (дел 1)

Почитувани еМакедонци,

По мојата прва статија за увозниот данок на каменот, која имаше некои недоразбирања во врска со цените на куќите, народот кој коментираше на стаијата изрази дека ја поддржува одлуката на владата за високиот увозен данок.

Иако јас не се согласувам со одлуката на владата за високиот данок (најмногу поради тоа што намалува странски инвестиции и ги крева цените на добрата во еМакедонија), сакам да ја поздравам одлуката на конгресмените на еМакедонија за одбивање на предлог законот за зголемување на Минималната од 1.2 МКД на 2 МКД, кој беше предложен од pafel.

Како Австирски економист, јас верувам дека не треба државата да се меша во економијата, бидјеќи минималната плата зголемува невработеност, поддржува емиграција во други држави, и непотикнува за економско унапредување, затоа сметам дека не треба да има минимална плата. Но тоа се случува кога нивото на минималната плата е над пазарната цена на работната сила, како што е прикажано на сликата доле:

http://2.bp.blogspot.com/_GhUVXaopHNE/SsbpCDBtJOI/AAAAAAAAAFc/YbmJf4qOEo4/s320/Slide+10+of+Lecture+4+Using+the+Supply+and+Demand+Model.jpg

Во моментов, минималната плата е 1.2 МКД и за среќа, тоа е под еквилибриумот на цената на работната сила, што ја прави минималната плата комплетно непотребна и неефективна – И тоа е многу добро за граѓаните и бизнисите на еМакедонија, затоа минималната плата треба да остане на нивото што е, или комплетно да исчезне бидејќи нема да има никаков ефект врз економијата.


Граѓанин кој е почетинк и има skill 1 – Apprentice, може да најде 6 работни места со плата над 2 МКД на ден. Иронично е тоа што некои компании даваат повисока плата за неискусни работници што имаат skill 1 – Apprentice, одколку тие што се skill 2 - Assistant или skill 3 - Junior. Највисоката плата денес на пазарот за работна сила за skill 1 – Apprentice е 2.28 МКД, за разлика од највисоката плата за skill 2 - Assistant која е 1.80 МКД или за skill 3 - Junior која изнесува 2.04 МКД.

Оваа статистика покажува две генерални работи за економијата на еМакедонија:

(1) Економијата е во раст, и имаме странски инвестиции. Статистиката покажува дека има многу комапнии на пазарот на кои им треба работна сила, и се борат за работна сила преку давање повисоки плати и подобри услови. Тие компании се во можност да понудат повисока цена бидејќи имаат раст во продажбата на нивните услуги.

(2) Имаме намаленост на нови играчи. Цената на работната сила расте бидејќи на компаниите им треба работна сила, но нема доволно на пазарот и сега се борат кои ќе ги превземе новите играчи.

Јас мислам дека моменталната економија има компненти од двете горенаведени, и затоа имаме раст во цената на работаната сила.


Битно е дека еМакедонската Економија е во раст, и компаниите ја имаат слободата да ја одлучуваат цената на работната сила. Во следното изадние на еМакедонски Економист ќе пишувам што би се случило доколку владата ја контролира цената на работната сила на ниво над еквилибриумот.



Статијата е базирана на идеите и мислењата на авторот.

Автор: FilipJ - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4025697

еМакедонски Економист
http://www.erepublik.com/en/newspaper/emakedonski-ekonomist-244255/1
_________________________________________________________________________________
Гласник на Македонија - http://www.erepublik.com/en/newspaper/glasnik-na-makedonija-243546/1