Нови компании, даноци. [Министерство за Економија на Македонија]

Day 1,074, 04:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Имаш доволно златници но неодлучен си каде да инвестираш? Министерство за Економија на Македонија ги препорачува следниве сектори 😃

- Компанија за производство на камен во Источна Македонија -
Регионот во Источна Македонија е богат регион и поради тоа во тек е гласањето на закон после чие изгласување даноците ќе бидат следните: Income Tax: 5% ; Import Tax: 99%
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/57152
Ако можете да си дозволите да купите лиценца за извоз во странство направете го тоа а како држави каде што би ги извезувале камењата ви препорачуваме тоа да бидат Феникс држави кои немаат регион богат со камења и каде што даноците за увоз на камења се ниски. И секако што е побројна по жители државата толку и потребата за камења е поголема.

- Компанија за производство на куќи.
Даноците за овие компании ќе бидат - http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/57092
Income Tax: 5% ; Import Tax: 50%
Министерство за Економија на Македонија ви препорачува и ве охрабрува дневната потреба за здравје да ја надополнувате преку куќи затоа што суровина за производство на куќи се камењата а тие се од домашно производство и нема потреба за увоз на нив и одлив на златници во странство.
Доколку работите во q1 компанија можете да си купите куќа која дава по 6 здравје секој ден (здравјето се додава во 09:00 саатот по МКД време)
1 здравје губите за работата, 1 за тренингот и 4 здравје одзема играта на почетокот на секој еРеп ден.
Ако работите во q2 компанија дневно вкупно губите 7 здравје, во q3 компанија губите 8, итн.

- Компании за производство на железо, нафта, жито и титаниум.
Овие компании отварајте ги во Феникс држави кои имаат соодветен богат регион и купете си лиценца за суровините да ги извезувате во Македонија.
Даноците за увоз на овие суровини ќе бидат 1%.

- Компанија за производство на леб.
Даноците ќе бидат: Income Tax:8%; Import Tax: 35%; Value added tax: 3%
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/57086
Играта дозволува можност вкупно 300 здравје дневно играчот да може да надокнади преку леб така што лебот е важен за сите борци и воини кои јуришаат кон непријателот во важни битки 😃

- Компанија за производство на оружје - (тенк, хеликоптери, пушки, артилерија)
Во тек се изгласување на закони после кои даноците ќе бидат:
Income Tax: 8%; Import Tax: 30%; Value added tax (VAT): 3%
Одлучете се за ваква компанија ако има доволна и секојдневна понуда на суровини на нашиот маркет. Оние кои имаат компании за железо или титаниум можат да си отворат и за оружје и да си го користат сопственото производство на суровини.

- Компанија за производство на авионски билети.
Потребна суровина е нафта.
Даноците ќе бидат Income Tax: 8%; Import Tax: 30%; Value added tax (VAT): 3%
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/57090


Министерство за Економија на Македонија им стои на располагање за било какви прашања на сите идни бизнисмени
со почит,
привремен министер за економија: lazarosaMKD
заменик - привремен министер за економија: Ivan Vancho Makedonski