[МзО] Известување

Day 1,228, 04:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Министерството за Одбрана објавува конкурс за влез на паравоените организации во рефунд програмата, со цел истите да добијат одреден надоместок од државата. Се повикуваат сите паравоени организации кои ги исполнуваат долу-наведените услови да испратат пријава до Министерството за Одбрана и притоа да достават листа со сите официјални припадници како и линк до фирмите кои стојат на располагање на единицата. Пријавените паравоени организации кои ќе партиципираат во програмата за рефунд, а со тоа да добиваат одреден надоместок од државата треба да ги исполнуваат следните потребни критериуми:

- Минимум (број) на *активни* членови во единицата: 30 / Максимум: 60
- Минимум 1 Q3 фирма за храна
- Минимум 1 Q4 фирма за оружје (со тенденција кон надградба во Q5)
- Просечна сила (strength) на единицата: 1200+

~ Важно: Лидерите на паравоените организации кои се вклучени во рефунд програмата должни се да земат активно учество во генералштабот, а со тоа и да ги почитуваат наредбите на МзО во поглед на битките за кои се дели рефунд.

Со цел, да нема нефер пристап т.е нееднаква застапеност на паравоените организации кои не ги исполнуваат горе наведените критериуми, Министерството за Одбрана одлучи да доделува половичен рефунд за сите тие единици (потребно е истите да бидат барем за нијанса до условите). Со ова отворено ги повикуваме сите паравоени организации кои ги исполнуваат условите или се на граница на истите да испратат пријава до Министерството за Одбрана за истите да бидат земени во предвид, а воедно и контактирани со додатни информации.

Во рефунд програмата моментално се вклучени следните паравоени организации:

- ArMakedon
- ChaosOrder
- Demons
- MTO
- MSK
- Rangers
- Silver Shields



Со почит
Министерство за Одбрана



Министер: Maked0ner
Заменици: Ionut Cristian, Boris Mitrevski



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник