Зошто еГрција беше лоша стратегија?

Day 1,592, 15:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Ситуацијава многу ме потсеќа на едно минато време, кога тогашната нѝ влада наместо да ја искористи шансата и да оди на исток, се закотви на балканот. Еве една статија од тоа време, ако некој заборавил.

Тогаш кога доаѓаа еКинезите, наместо да им се фрлиме на нив и да ги оставиме балканците да се тепаат за нашите три територии, настана тотален хаос. Прво демек ќе ги игнориравме еКинезите, па потоа ќе ги тепавме сите одеднаш, за на крај да нè сотрат до крај. До ден денешен не сме имале пак таква шанса за исток...

Сега нѝ се случува скоро истото, само што сега е на запад. Таман нѝ тргна работава, на сите почна да им станува интересно и оп... пак засерување. Откако ги избркавме еБразилците од еШпанија имаше само едно логичко продолжение, а тоа беше напад на еПортугалија. Наместо тоа отидовме во бесмислена војна со еГрција и почнавме да ги враќаме сите територии на еШпанците. Не знам што се мислеше, дека еБразил ќе се сокрие некаде во некое темно ќоше и ќе умира од страв??? Јасно беше дека веднаш ќе нападнат назад, што друго би правеле??? А ние надуени, ете ги спасивме еШпанците на еден ден, и сега ќе одиме ршум да правиме на балканот.

На еБугарите воопшто не им помагаме со тоа што сите битни битки ќе им ги направиме во соседството. А еве веќе се гледа и колку им помогнавме со нашата ептен паметна акција. Да биде уште поглупава работава, цел ден гледам извици од нашите долгогодишни таленти како ги навредуваат сојузниците. Не ви е крива еПолска што си ја ставивте еГрција за природен непријател. Сами си се наместивме, па сега ќе си го сркаме тоа, никој не ви е крив. Ниту пак треба еПолјаците да нè спасуваат од глупоста во која сами се ставивме. Напротив, нивниот потег е стратешки одличен. Ако некој сеуште не сфатил, One сèуште не е посилен од Teden. Концептот на засилување, не е со глава во ѕид како ние што сакавме. Вистинската стратегија е да удриме таму каде што им е гајле. За еМолдавија им е гајле. За еБелорусија им е гајле. За еПортугалија им е гајле. За еКолумбија им е гајле.

Ако еПолјаците ги земат бонусите од источна Европа, а ние од централна Америка, тоа нема да биде лошо за One. Во исто време тоа се 5-6 окупирани Teden земји, а така се прави немир во некој сојуз и токму тоа е она на што треба да се работи.

Ако нѝ постојат териториите уште 3-4 дена, бидете паметни и сменете го природниот непријател. Ќе мора пак прво еБразил, ама ако се отсечат сами повторни, не се враќајте на балканот, непотребно е. Прогласете ја еПортугалија и цела еМакедонија ќе ве подржи.


Plainswalker