Операција "ТАНГА"

Day 1,592, 08:39 Published in North Macedonia North Macedonia by A r a g o r n

Текстот што следува е лично мое мислење и гледиште на моменталната состојба.

Пред некој ден воениот командант на ОНЕ излезе со статија во која имаше сликички како сме успеале во плановите. Епа сега решив и јас да направам една сликичка.



Ќе почнам со Хрватска и Србија.

Голема грешка беше што се дозволи Хрватска повторно да скокне на чизмата. Хрватска мора да се спречи во повторниот обид да се шири низ Европа па и низ светот. Е сега за да се поправи до некаде штетата под хитно мора да се ослободи Lazio, а за секој случај и Сицилија.
Зошто?
Лацио и Сицилија се единствените мостови за продор кон Сардинија т.е. Шпанија, а со цел да се спречи повторување на Хрватското патешествие до Мексико.


Унгарија.

Е тука стварно не ми е јасно што се случува. Додека цел Балкан се дави во војни помеѓу себе тие одат накај Германија најверојатно по ресурси. Друга оправданост јас не гледам. Хрватите им предложија мировен договор кој најверојатно ќе се усвои и повторно се јавува истата ситуација во ОНЕ кога некој ќе шета по ресурси, а другите ќе се колат за да опстанат на мапата.


Македонија.

Реално гледано тешко дека ќе успееме да ги одбраниме оригиналните територии од Романскиот и Атинскиот напад истовремено.
Но, можеби и најдобро е да не ја форсираме одбраната таму, туку да дозволиме да ни ги освојат овие територии кои подоцна ќе ги вратиме со востанија, а да продолжиме накај Бразил и овој пат да му докажеме дека нема заебанција со Македонците. Еднаш ги избркавме од Шпанија, а тие упорно се враќаат.
Според мене тоа е неповторлива можност да се преселиме на плажите во Бразил. Нека започне операција "ТАНГА" 😉