За најновите

Day 1,114, 05:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O


Приметувам дека секојдневно на играва се приклучуваат нови играчи, а статии за нивна помош се помалку.
Совети кои секој треба да ги знае има на следниве два линка:

-инструкции 1
-инструкции 2



За тие што собираат пари за фирма и отвараат без размислување.
Во еМакедонија со новиот економски модул има бонуси само во индустриите за храна и оружје, најпаметното решение е да отворите фирма во една од тие индустрии.
НО, моменталната состојба во индустријата за храна е катастрофална, пекарите кои не се во стечај (повеќето се) работат со загуби. Житото е скапо во сооднос со лебот, а за произведување на леб ви треба жито.
Веројатно сега е најпаметно да се отвараат фирми за жито само за да се симне житото бар на 0.06 а со тоа и да се помогне на прехрамбената индустрија.

Не е паметно да се отвараат нови фирми за оружја сега за сега бидејќи тој дел од економијата во играва сеуште не е целосно променет, а ќе има промени.

Мој совет е да почекате уште една недела, видете како ќе се одвиваат работите, читајте весници и размислете ги вашите потези.



Задолжително претплатете се на следниве весници: