[ МзИ ] Преглед на денот - 1237 ден од Новиот Свет

Day 1,237, 11:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje



Поздрав Македонци! Вие го читате официјалниот весник на Министерството за Информирање. Денес ќе ви го преведам новиот мини модул кој администраторите го додадоа и накратко случувањата во Македонија.


Систем на битките

Драги граѓани,

Сигурен сум дека уживавте во последниве подобрувања на воениот модул и новите тактики кои следат. Иако, забележавме дека на многумина граѓани, пред се поискусните им недостига повеќе акција понекогаш, додека другите прават штета на непријателите во исто време. Да, во право сте, зборувам за моментот кога битката е веќе добиена, но битката сеуште не е завршена!

Затоа, почнувајки од ден 1,235, битките завршуваат кога едната страна ќе направи 1800 поени, без разлика на времето на траење на битката. Следната битка ќе започне неколку минути после добивањето на претходната.

Доколку имате прашања кажете.

Ваш,
Платон


П: Колку се всушност тие ''неколку минути'' додека следната битка да започне?
О: 5 минути.





Политички води

Во врска со политиката во Македонија, вчера, од страна на Captain Igor беше предложен закон за отстранување на сегашниот претседател на Македонија од функцијата - Македонија до Индија. Секако, овој закон е неприфатлив за конгресмените со 8 гласа ЗА и 28 гласа ПРОТИВ. Тој со самото тоа што го предложи законот докажа дека воопшто не е објективен, и како што тој кажа, работи само за ОеМ, а не за сегашната власт. Подоцна и од него видовме како на чет со разно разни пцовки ги навредува членовите на МНФ вклучувајки го и самиот претседател.






Сојуз

Претседателот на Словенија предложи сојуз на Македонија кој беше едногласно изгласан со 34 гласа ЗА. Пријателството помеѓу Македонија и Словенија продолжува. Сепак со слога и единство ONE алијансата продолжува да коси се пред себе, а во центарот на вниманието се Македонија, Србија, Унгарија и Турција.

Претседателот на Македонија предложи сојуз со Унгарија кон е истотака едногласно изгласан. Македонија претставува одличен пример како една држава треба да напредува и дека никогаш нема да го свртиме грбот на нашите стари пријатели, но истотака сме отворени за нови пријателства.






Воена состојба

Востание е дигнато во Апулија - оригинален регион на Италија. Наредбите од Министерството за Одбрана е да се задуши ова востание.

Конечно Македонија ја освои Софија со резултат 8-0 и сега се чека востание од страна на Бугарите но не верувам дека ќе го кренат бидејки цената за востание е 500 златници. Веднаш по освојувањето на Софија го нападнавме и Видин и моментално водиме со 3-0 но не би требало да има потешкотии овде. Главниот град на Бугарија сега е во Индија - Раџастан (Rajasthan).







Министер за Информирање,

















Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник