СРЕЌЕН РОДЕНДЕН MSK !!!

Day 1,506, 07:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Alexander III Macedonian
Здраво еМакедонијо!
Здраво еМакедонци!



На четврти Јануари, 2011 година, беше објавена статија, која го означи формирањето на една нова воена единица во еМакедонија – Macedonian Sun Knights. Млади, неискусни, десетина играчи се одлучија на тој смел чекор.
Но, како се случи сето тоа?

Подготовките всушност започнаа уште кон крајот на Декември. Едно ладно зимско утро, одејќи на училиште, двајца другари (Alexander III Macedonian и Aleksandar MK) дојдоа до една фантастична идеја. Зошто да не формираме воена единица… И би единица. Уште истата вечер (поточно утрото накај 3 и пол – 4 сабајле), Alex почна да пишува пораки на сите кои ги најде онлајн во тоа време. И за чудо, така се формира екипата која, еве веќе една година опстојува заедно – Vlatko Lalov, MmirageK, Stojcev Ljupce, MacedonianKnight, Nonconformist mkd, Egeeec, Sekularizam, Kika Mladenovska, stefanmess, BlekiMKD, беа меѓу првите членови на МСК.
Верувале или не, функционирањето започна само со една компанија за камен, од чиј профит играчите се снабдуваа со опрема и голд за бустери за работа и тренинг.



Од сегашна гледна точка, една до позначајните работи во однос на формирањето на МСК, беше објавувањето оглас за изработка на аватар. Не поради аватарот, туку поради тоа што на огласот се пријави Davor Pehcevski, кој покрај тоа што го изработи аватарот, стана и член на единицата, а понатаму има една од клучните улоги во водењето на единицата.



МСК активно учествува во борбите на еМакедонија, уште од самиот почеток. Така, МСК е меѓу неколкуте единици кои постоеа во тоа време, кои учествуваа во војната со еБугарија. Се сеќаваме на битката за Софија, кога армискиот канал беше преполн, а сите чекавме наредби до раните утрински часови.
Следеше преминот преку Србија, до Италија. Во тој период снимивме едно видео до наш заеднички удар во кој направивме “дури” 150 000 штета. Истото беше промовирано, заедно со објавена регрутација, во статијата по повод 2 месеци постоење на МСК.



*клик на сликата


Следеше прилив на многу нови членови како Ezio Auditore, kristijan mk, Bubo, baze, Angelique.A, Bki Kolevski итн итн (се извинувам што не ги наброив сите). Ezio регрутираше ко луд, забрзано се собираше злато за тенкара, и конечно, на 6-месечното постоење на МСК, беа промовирани Q5 тенкарата, Military Unit и новите аватари, а МСК беше преполна со нови членови.


*пример за новиот аватар



Сепак, настапи мала криза во летниот период, кога голем број членови ја намалија активноста, а многу од нив и ја напуштија единицата. Периодот септември – ноември го одбележаа Inci – тролањето, и походот во Перу заедно со Chaos Order.



Кон крајот на ноември, единицата почна повторно активно да работи. Денес имаме околку 100 активни членови, секојдневни заеднички удари, и што е најважно, многу дружење и зезање на нашиот канал.
Во оваа прилика би сакал, да им ја честитам годишнината на сите членови на МСК, но и на оние кои некогаш биле дел од нас (а верувајте ги има многу). Се надевам дека МСК ке постои уште долго, секогаш подготвена за борба со непријателите на еМакедонија.


Воедно, ги поканувам сите оние кои сакаат, да ни се придружат вечерва, после 2😇0, на нашиот официјален канал #MSK , заедно да прославиме, а и да поделиме по некој подарок по повод нашиот роденден.
[Edit] Прославата помина во добро дружење и зезање, поделени беа околу 200 парчиња торта (Q6 тенкови). Среќен роденден МСК!

П.С. Ако нешто заборавив, или погрешно напишав, исправете ме 😃



Среќен роденден МСК!!!
Нашата сила е во сонцето,
Со срце, за Македонија!
Macedonian Sun Knights!

Со почит,
основач, и горд член на МСК,
Alexander III Macedonian



за Shout --->
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН MSK !!!
- http://tinyurl.com/mskprvrodenden