Macedonian Sun Knights - Видео + Регрутација

Day 1,203, 15:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Dr GloBil

Пред 2 месеци беше формирана единицата Macedonian Sun Knights (MSK). Започнавме скромно, со неколку членови и со една компанија за камен. Бевме упорни и со напорна работа успеавме да станеме солидна и организирана единица. Учевме од сопствените грешки, поминавме низ многу убави и тешки моменти, за денес да станеме една од појаките единици во еМакедонија. Долго време функциониравме со 10-11 члена затоа што сакавме да ја зајакнеме инфраструктурата и организираноста, иако имавме и неколку неуспешни регрутации главно затоа што не се експониравме доволно.



Задоволство ми е да објавам дека од денес решивме дека е време конечно и дефинитивно да почнеме со ширење и понатамошно развивање на нашата единица. Време е еМакедонската влада да почне да не гледа како важен фактор во воениот живот во еМакедонија и како една единица подготвена да служи за потребите на државата.

За таа цел направивме и едно промоционално видео каде што се гледа воената моќ на MSK (отворете со клик на сликата).



Знаеме дека е направено во небитна битка, но целта беше да покажеме дека сме способни за еден час да се организираме, да измолиме место во договорена битка и да направиме над 180.000 влијание со само 10 члена. Се надевам дека со ова покажавме дека не заслужуваме да бидеме така лесно заборавани од одговорните.

Како нормално следство на ова доаѓа една обемна регрутација која ќе се обидеме да ја изведеме. Целта ни е да привлечеме што појаки членови за да ја задржиме или зголемиме просечната сила на единицата, и дополнително да обезбедиме регрути кои би биле столб за понатамошно развивање на единицата.

Главни услови и обврски за членовите се:
- 1000+ сила
- носење на аватар од единицата
- работење во фирми на единицата за 10 мкд
- активност на чет.

Главни услови и обврски за регрутите се:
- 650+ сила
- носење на аватар од единицата на кој е нагласено дека се регрути
- работење во фирми на единицата за 6 мкд
- активност на чет.
Желбата за дружење се подразбира 🙂.

За пријавување контактирајте ги Egeeec и Alexander III Macedonian преку приватна порака. Ве очекуваме!

[EDIT] За пријавување можете да дојдете и на јавниот канал на MSK #MSK.public .

Нашата сила е во Сонцето!
Со срце за Македонија!
Macedonian Sun Knights!

Искрено ваш,
Davor Pehcevski
Горд член на MSK.