Половина година Macedonian Sun Knights + Регрутација

Day 1,324, 18:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Dr GloBil

Со предходната статија обележав два месеци од формирањето на Macedonian Sun Knights. Овојпат имам чест да обележам половина година од основањето на единицата. Половина година која ќе се памти по многу напорна работа, постојана борба за еМакедонија, големи промени во начинот на функционирање (главно заради промени во играта) итн итн...

За нашата единица може да се каже дека е една од најстарите во земјава. Една од малкуте што учествуваше во тешката војна со Бугарија, која за жал заврши со неуспех. Се сеќавам на радоста кога го добивме првиот рефунд при битката за Софија, чувството на големо достигнување при снимањето на видеото каде што направивме „дури“ 150 000 штета, нервозите кога во единицата дојде EzioAuditoreMkd и почна да регрутира и што треба и што не треба 😛

Долго време заостанувавме зад останатите постари (па и некои од поновите) единици. Немаме членови кои купуваат злато (барем не во значителни количини) и немаме постари и поискусни играчи за да не насочуваат. Но сега, после напорна шестмесечна работа конечно може да се пофалиме дека имаме Military Unit (исполнет до последното место), Q5 фабрика за оружје и пред се активни, стабилни и исполнителни членови. Се разбира тука не смеам да ја заборавам постојната позитивна атмосфера и дружењето на нашиот чет канал.

Покрај купувањето на MU и Q5 оружара уште неколку покрупни промени го обележаа периодот помеѓу овие две статии. Прво е што од постарите и поактивни членови се формираше под-единица MSK-Elite. Замислата е да има 10-15 играчи кои за кратко време можат да се организираат и да нанесат значителна штета. Остатокот од, условно кажано, поновите членови остана во регуларниот дел од единицата. Второ е што по заслуга на неколку играчи/ки во нашата единица се случи наплив од девојки (ако не се лажам веќе се десетина) што повлече формирање на женска под-единица која целосно ќе профункционира во наредните неколку денови. И за крај шест месечното функционирање го прославивме со воведување на нов аватар за единицата. Неколку примери може да видите подолу:









Покрај сите овие промени и активности решивме да се нафатиме и на уште еден голем чекор, а тоа е формирање на MSK-Akademija. Тоа би било посебен дел од нашата единица каде што би се примале играчите уште од бебиња. На нив секојдневно ќе им се обезбедува храна и тенкови за неколку убиства со цел побрзо напредување во воениот модул. Неколку од нашите членови ќе се земат обврска убаво да ги упатат во играта и во функционирањето на единицата за во идинина да добиеме повеќе силни и стабилни играчи. И како најважно од се ќе им се пружи прилика уште од почетокот да се здружат со луѓе од цела Македонија (па и пошироко) што секако ќе придонесе тие да останат во играва и во иднина да придонесат за посилна еМакедонија...

И секако најважната информација...заинтересираните регрути да се пријават на #MSK.public 🙂

Поврзани статии:
- Девојки и гуштери сега вие сте на ред!!!!
- Zabavna statija za MSK

За шаут:
Половина година Macedonian Sun Knights + Регрутација ==> http://tinyurl.com/MSK-jubi

Нашата сила е во Сонцето!
Со срце за Македонија!
Macedonian Sun Knights!

Искрено ваш,
Davor Pehcevski
Горд член на MSK.