Miss eMacedonia/Резултати од гласањето

Day 1,181, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd




Добровечер драги читатели

Тука сме денеска да ги соопштиме резултатите од гласањето и да ја прогласиме нашата прва Мис еМакедонија за зима '11
Гласањето за Мис еМакедонија траеше во изминативе 2 дена ,гласаа вкупно 400 читатели плус 10 членото жири (кое гласаше со оцена 1,2,3 односно секоја оцена значеше и број на дадени гласови)

Најголемиот број на гласови од читателите и жирито отидоа кај наша прва еМакедонска убавица ,за неа гласаа вкупно 136 читатели и од жирито доби вкупно 24 гласа

Со вкупно 160 гласови за прва еМакедонска убавица е избрана
Адриана ака 1HappyPers0n



Честитки за неа и и посакуваме многу успех како во еЖивотот така и во РЖ

За прва придружничка на Мис еМакедонија со вкупно 94 гласови од публиката и 14 од жирито е Кристина ака FemaleDruid



Честитки и за Кристина за освоената титула

Трета придружничка на Мис еМакедонија со 61 глас од публиката и 6 од жирито е
Наташа ака Girl from MACEDONIA




Честитки и за Наташа

Останатите наши убавици го добиа следниов број на гласови
Елена ака Elena Atanasovska 55 гласови



Кристина Нена ака Kristina Nena 32 гласови



Михаела ака Kirijana25 гласови



Ивана ака Ivana Bocevska12 гласови





Честитки за сите за тоа што беа дел од овој прекрасен прв избор за Мис еМакедонија ,и иако официјално се бираше само 1 мисица мора да се напомене дека сите се победнички и секоја на свој начин плени со убавина


Околу наградниот фонд ,првично беа собрани 500 мкд ,но подоцна во текот на гласањето се појави анонимен еМакедонски бизнисмен и донатор кој што го зголеми наградниот фонд на 605 мкд и ќе биде поделен на следниов начин

Мис еМакедонија добива 215 мкд
1-ва Придружничка добива 125 мкд
2-ра Придружничка добива 85 мкд

Сите останати убавици добиваат по 45 мкд

Првите 3 убавици добиваат по 1 аватар кој што може да претставува и како некоја круна и признание за титулата со која се здобија при овој избор


Адриана


Кристина


Наташа


Не сум неко експерт со Адобе ,а и мал недостаток на време беше присутен ,така да се надевам дека аватариве се солидни
Доколку другите убавици сакаат ваков аватар нека ми пишат ...


Следува кратко интервју со Мис еМакедонија и со нејзините 2 Придружнички

Прашања кон Мис еМакедонија Адриана :
ГанерМкд:Како се справуваш за сега со славата ,со обожавателите и нивните пораки ?
Адриана: Со "славата" се справувам со тоа што кликам "Accept" на сите покани за пријател со брзина на светлината и веќе од тоа прстите ме болат

ГанерМкд: Дали си среќна и што за тебе значи да бидеш Мис еМакедонија ?
Адриана: Не се пријавив за да победам туку се пријавив за забава,и немам некое посебно чувтсво ,ама супер е што најдов начин да си ја убијам за некое време досадата

ГанерМкд: Баш ми е мило што со ова организирање за избор на Мис еМакедонија ,за момент успеавме да ви го направиме времето поминато на еРепублика поинтересно како на вас пријавените убавици така и на целата наша еМакедонска јавност

ГанерМкд: Какво искуство доби од учеството ,и што би им препорачала на идните кандидатки за некој нареден избор ,охрабрување итн ?
Адриана: На идните кандидатки им препорачувам да не се замараат премногу,туку да си кулираат ,и да не слушаат што им викаат другите туку да прават се што ќе ги исполни со позитивна енергија

И уште едно прашање од членот на жирито ЕваКрст ,која прашува
Како изгледа една шмизла? (физички и духовно) (поставено заради тоа што Адриана изјави дека не ги сака шмизлите)
Адриана: Една шмизла физички е облечена во во тоа што сите други го носат , не експериментира со ништо ново,навечер носи штикли 15ка иако незнае да оди на нив
Шмизлите можат да бидат и слаби и дебели,високи,ниски во сите облици ...
Најчесто експериментираат со косите и им се запалени од пеглање и фарбање
Не зборат туку се лигават ,а духовно се лицемерни , нарцисоидни ,не ја гледаат реалноста туку живеат во некој свој свет ,оговараат а во фаца неможат ништо да кажат ,длабоко во себе им љубоморат и на најблиските , не се трудат да бидат подобри од оа што се затоа што мислат дека се најдобри итн .

ГанерМкд: Добро , навистина сум изненаден од одговоров искажан во еден здив ,навистина си експерт за шмизли и се поврзано со нив ,може да си размените мсн со ЕваКрст па и подлабоко да навлезете во оваа тема
Уште еднаш честитки и многу успех ...

И на кратко со Кристина 1-ва придружничка на Мис еМакедонија

ГанерМкд:Какво е твоето искуство од изборот,дали ти е малку криво и разочарување што не успеа да победиш ,како се справуваш со славата ,пораки од обожаватели ?
Кристина: 3. Па беше интересно да се проба. Разочарување? Ни малку. Баш ми беше забавно, не се ни каам што сум се пријавила, нити пак се обвинувам зошто не сум победила и слични работи..
ГанерМкд: Дали повторно би се пријавиле на сличен избор ?
Кристина: Да, би се пријавила и нареден пат, зошто да не ...

Нашиот член на жирито ЕваКрст беше расположена за поставување прашања па така за тебе одвои 2 прашања

Прво Прашање: Колкава е дистанцата помеѓу небото и земјата? (поставено прашање заради тоа што Кристина изјави дека се обидува да се држи помеѓу небото и земјата)
ГанерМкд: Дистанцата помеѓу небото и земјата, според мене е баш мала, зависи како ја ти перцепцираш самиот

Второ прашање:Омилена книга? (бидејќи кажа дека чита книги)
Кристина:2. Омилена книга: Мислеш омилени книги? хаха.. Па, ќе набројам неколку што ми оставија впечаток: Крик во ноќта, Кога Ниче плачеше , 13 проблеми , Вероника реши да умре итн ..

ГанерМкд:Во ред ,честитки уште еднаш за освоената титула и благодарност што беше дел од изборот

Неколку прашања и за 2ра Придружничка на Мис еМакедонија

ГанерМкд: Дали имаш обожаватели ,дали поштата ти е преполна со пораки ,како се справуваш со славата и обожавателите
Наташа: Неможам ова да го наречам слава ,си имам нови пријателчиња ... многу од нив не се осмелуваат да ми пишат ,претпоставувам доволно е да појдите на мојата профил страна и ќе ви станит јасно зошто е тоа така ...

ГанерМкд: Дали го оценуваш ова искуство како позитивно ,дали си задоволна од резултатот или можеше повеќе ...
Наташа: Па во ред е 2ра придружничка...секогаш може повеќе ,но немав некои комплекси дека морам да победам
Им честитам на Кристина и Адриана ,а и на другите ,сепак ова беше само за забава

ГанерМкд: Честитки и за тебе Наташа , и да сепак сево ова е само за забава и како што спомна Адриана ,супер начин за убивањето на досадата

Тоа е се од изборот на зимска еМакедонска убавица ,се надевам повторно на лето ќе имаме повторно можност да организираме "пожежок" летен бикини избор за летна еМакедонска убавица

Задоволен сум комплетно од целиот процес и организација на изборов ,се помина во најдобар ред ,особено гласањето и позитивниот фидбек од читателите и коментарите


За шаут на оваа статија
Резултати од гласањето Мис еМакедонија
http://tinyurl.com/misemakedonija
~chain shout~


Интересни статии кои не смеете да пропуштите , а да не ги да ги прочитате