Туториал за репортирање ! За големи и мали !

Day 1,177, 14:18 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd


Отвори во нов таб за музиче

Предупредување !
Не го пробувајте овој туториал на мојава статија или весник ...


Квалитетни статии за добра проба и пракса можете да начекате овде ...

Мислам дека ваков туториал ни е неопходен на нас еМакедонците затоа што сме често пати напаѓани и навредувани од нашите источни соседи како во нашите весници така и во нивните

И секогаш останувам зачуден како овие нивни статии и коментари воопшто опстануваат во јавност повеќе од неколку секунди ?!

Дали нашите еМакедонци не знаат што значи копчето Репорт или не го гледаат незнаат да го употребуваат ,или работата е повторно до админите и модераторите на играта ?!

Мислам не сфатливо ми е како воопшто една ваква статија издржа повеќе од неколку минути ,и не само тоа туку веќе е во ТОП 5 ИНТ и Бр .1 во блгарската "преса" и нејзиниот автор слободно си шета и трола понатака

Па јас имав добиено 10 Форфеит Поени (казни) и тоа секој еден од нив без никава причина или смисла и многу пати бев баниран на 3 дена и оневозможуван да пишувам статии ,да коментирам ,ниту да шаутирам ,а тој покрај тоа што направи бум со својата навредлива и провокаторска статија уште се шета така слободен и трола на сите страни

Тука можам да го споменам и играчот Makedonija Do Indija кој што е еден од најказнуваните новинари ,а секако и многу други наши новинари

Гледам и читам коментари од Македонци се расправаат плукаат пцујат се обидуваат на некој начин да му вратат на авторот ,меѓутоа сето тоа е залудно ,така само вие се изложувате да бидете репортирани од блгарските тролови



Затоа драги мои е Македонци сега малку ќе научиме како ефикасно да се справиме со блгарските тролчиња и барем колку толку да ја ублажиме омразата во играва која што на сите нас ни е јасно дека не произлегува од наша страна
И важно за сите вас е да знаете дека на бугар ништо никогаш нема да му се докаже ,не навлегувам да објаснувам зошто ... едноставно за нив навреда е дури и ако му ги приложиш сите факти и аргументи ,они тој момент кога остануваат без зборови и контра аргументи го сфаќаат како навреда ,и сами почнуваат со националистички навреди и окфалификувања како манипулатор и лажго
Ова истово важи и за грците (иако воопшто немаме никаков контакт со нив) ,извесен период бев присутен во нивните весници ,коментирајќи дебатирајќи без никакви навреди ,јадев репорти
Си помислив луѓево се сигурно тренирани и собрани во некоја си Репорт армија ... истово го префрлија и на своите братчиња блгаричиња од моменото кога се во ист сојуз

А само ние си останавме така поштени ... Епа неможе веќе така ! ! !


Затоа единствен начин да се справиме со нив е следниов преку пратење на следниов туториал кој што пред се е напишан заради долго месечната војна со бугарите како на бојното така и на новинарското поле ,работите веќе одамна искочија од контрола и сигурен сум дека тие никогаш нема да згаснат ,затоа драги мои за да не гледам како такви смешни и навредливи статии влегуваат во ТОП 5 интернационални вести треба да превземеме нешто а не да дремеме !

Знам дека многу од вас знаете како да репортирате коментари,статии,весници ... и знам дека многу од вас не се замараат со тоа или пак воопшто не ги читаат блгарските тролови ,но еве вас сакам да ве потикнам да репортирате ,а на сите оние кои што незнаат како да го користат тоа мистериозно копче репорт сега ќе им објаснам низ еден убаво стокмен сликовит туториал

Значи се уклучувате на еРепублик сакате да си одработите ,истренирате ,да прочитате некоја новост итн ,и случајно листајќи ги весниците налетувате на некоја ваква статија
Од кој ви се крева косата во воздух и ви доаѓа да го излупате мониторот од што сте изнервирани и навредени од некој просечно интелигентен новинар чии што единствени цели во играва се ширење националистичка омраза



Што правите во тој момент ?
Уклучувате Капс Лок(големи букви) и почнувате се по список да му изнаредите на авторот и на секој кој што случајно ќе ви наиде успат коментирајќи на истата статија ... НЕ !

НЕ го правете тоа ,туку лежерно со смирени страсти и нерви ,го земате маусот и го насочувате кон линкот кај што пишува Report article се наоѓа на крајот од статијата од десната страна



Откако ќе го притиснете ќе ви се отвори прозорче во кое имате можност да ја одберете причината за репорт и јазикот на кој навредите се напишани



Во најголемиот број од случаите одбирате јазик бугарски и причина Insults или навреди ,секако сами разбирате англиски и во дадениот момент ќе направите соодветен избор за што и како да репортирате


Со ова репортирање на статијата , веќе се завршиле голема работа ,односно сте го репортирале главниот извор на понатамошно ширење омраза и навредување

Уште една добра работа што можете да ја направите во тој момент е ,отварање на профилот на авторот и негово репортирање

Тоа го правите на следниов начин
На почетокот на статијата ,над нејзиниот наслов сеа наоѓа аватарот на весникот и името на новинарот , го кликате името на новинарот и доаѓате на неговиот профил ,од десната страна на профилот кај што се наоѓаат оние икони за додавање пријател,испраќање порака итн на крајот се наоѓа икона во облик на триаголник ,со нејзино притискање ви се отвара повторно прозорче(прикажано на сликите погоре) во кое имате можност да одберете причина за која го вршите репортот и јазик на кој навредата е напишана




Ако со сето ова мислите дека сте завршиле работа ,тогаш многу се лажете ,кога ќе се вратите на таа иста статија ,целата веќе ќе биде преплавена со коментари и препукувања (можеби доколку улетал некој наш) ,ако не тогаш сигурно ќе налетате на неколку блгарски тролчиња кои сигурно оставале коментари од типот хахаха ,хухухух ,хохохо ,воут итн ,но и такви кои се напалиле јако и оставале навредливи коментари
Е тие златните што го направиле тоа ,всушност директно ве повикуваат повторно да пристапите кон 3та фаза на репортирање односно стручно да се изразам Репортирање на Коментарите

На крајот од статијата започнуваат коментарите ,на самиот нивен почеток се наоѓа линкот Report Coments
Кога ќе го кликнете тој линк , подоле на секој напишан коментар од десната страна ќе се појават линкови Report Coment ,односно добивате можност да го репортирате секој коментар одделно ,секој пат кога ќе притискате Report Coment , ќе ви се појавува она мало прозорче во кое треба да одберете причина за репортот и јазик



Евентуално можете да го отварате секој профил одделно и да пристапите кон втоарата фаза од репортирањето односно Репорт на Профилот

Ова е напишан туториал со цел да се намали навредувањето и омразата помеѓу два соседски народи ,или барем оние кои што користат такви навреди кои што одат до екстремност тогаш барем праведно да бидат казнети

Напомена : Доколку сакате да бидете хардкор репортер можете да се вклучите со вашата организација и да ги целосно да ги дотепате сите евентуално преживеани тролови

За сите оние блгари кои што се прават невини и велат дека сето ова е само шега и бла бла ,можам да ви кажам дека ДА јас ќе прифатам такви шеги во конкретниов случај за статијата што ја споменав погоре ,меѓутоа само доколку во неа се спомнува Македонија и Македонци ,сето друго нормално е недозволиво како во РЖ така и овде во играва и сето тоа спаѓа во навредливи шеги ,на нацонална и расистичка база

За сите оние бугари кои што бјрм им е влезено во глава и секојдневно го користат ,да ве потсетам или да ви дадам до знаење дека тоа е навредливо за цела Македонија и за нејзиниот Македонски народ исто како што за Бугарите е навредливо татар итн

Сите ние знаеме дека бјрм беше официјално користено во изминатиов месец во сите официјални блгарски весници ,односно претходната влада имаше навика тоа име да го користи ,сега гледам дека тоа е сменето ,епа кога може државниот врв да го смени можат да го сторат тоа и жителите на држава ,или пак во краен случај барем нека намалат со негово користење

Друго важно со тоа бјрм е тоа што е референца додадена заради јужниот сосед ,зашто кога и како не е важно ,131 земји членки на ООН не имаат признаено под името Македонија вклучувајќи ја и Бугарија меѓу нив ,затоа ќе ве замолам да бидете коректни и да не го употребувате ова име во директна комуникација со нас

Во спротивно барем да покренеме петиција до админите да воведат уште еден Трол Медал за освојување ,па сите рамноправно барем за нешто да се бориме т.е медал и злато



За шаут користете го текстов подоле
Туториал за репортирање !
http://tinyurl.com/reportirane
~chain shout~


Сите подржете го изборот за Мис еМакедонија


Клик на сликата

Интересни статии кои не смеете да пропуштите , а да не ги да ги прочитате