Interview with the Devil (matrixboy1995)

Day 1,271, 01:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Freddy Krueger MK

Почнав да играм ерепублик пред некое време, па се решив да отворам свој весник. Се решив да направам интервју, па по случаен избор го одбрав Matrixboy1995. Па да почнеме:

Ф- Фреди Кругер (јас)
М- Матриксо
😃


Ф: Пред се ти благодарам што прифати да правиме интервју
М: Нема потреба од благодарност, јас сум почестен што имам интервју

Ф: Па како почеток, да се претставиш?
М: Се викам Никола, живеам Битола и имам 16 години

Ф: Како дозна за ерепублик?
М: Па еден ден кога отидов на училиште го видов другарот мој како игра некоја игра, па го прашав која игра е таа, тој ми рече ерепублик. Кога се вратив дома се решив да ја проверам играта и многу ми се допадна, па се решив да продолжам да играм.

Ф: Каква е ситуацијата на Македонија?
М: Македонија е во одлична состојба, има потенцијал да стигне на врвот. Исто така македонија има одлична стратегија, одличен претседател, одлична влада

Ф: А што мислиш за ОНЕ?
М: Сега ОНЕ е во мала криза, ама верувам дека ке преброди се.

Ф: Дали Македонија има добри МПП?
М: Па да, Македонија има добри пријатели кој секогаш се тука да помогнат. Порано беа Бразил и Русија, сега место нив се Шпанија и Полска. Иначе уште од почетокот пријатели ни се и ни останаја Турција, Унгарија, Србија, Словенија и др.

Ф: Гледам не си во некаква паравојска, дали планираш да станиш дел од некоја?
М: Па можно е да влезам во една многу добра паравојска, ама ке остани во тајност која?

Ф: Дали планираш да влезеш во политичките води?
М: Еднаш бев кандидат за конгресмен во Унгарија, ама не ме изгласаја за малце, па ке се потрудам да станам конгресмен во Македонија, ако не на следните избори, друг пат. А за претседател, нема да се кандидирам никогаш, зошто многу е потребно време и нерва за тоа. Струме одлично се справува со сите проблеми, тој е идеален претседател.

Ф: А што мислиш за останатите претседатели?
М: Кога беше Јунајтед, јас не играв, а кога беше Драш, јас бев неискусен во играта и не пратев случувањата. За струме веќе кажав, а за МДИ мислам дека дојде во погрешно време и дека ќе успееше ако станеше претседател друг пат. Македонец3 беше многу добар, но не го искористи до крај својот потенцијал бидејки немаше време.

Ф: Какви се твоите планови за во иднина?
М: Па немам баш некои планови, секој ден планирам за утре, никогаш не планирам некаков план за подолго време

Ф: Па мислам дека е доста, се надевам дека ќе ти излезам на сон (тие што го имат гледано A nightmare on elm street ќе разберат ваљда)
М: Не фала, доста ми се кошмари 😛

Ф: Благодарам за интервјуто уште еднаш, се надевам ке успееш во ерепублик
М: Се надевам и јас, и само сакам да му кажам на македонците нешто: Macedonia RULES !!!

Тоа беше интервјуто со матриксо 😃
Се надевам бевте задоволни од прашањата, а воедно и одговорите.

Шаутирајте ве молам (ако сакате и субнете):
-http://tinyurl.com/6z38sfo
Interview with the devil (matrixboy1995)