Црна Листа [VOIX]

Day 1,630, 09:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Одлично го започнавме новиов мандат на Ел Че и мислам дека исто така неговата екипа е доста добра и овој мандат ќе биде доста успешен, НО за да го направиме тоа и да направиме еден ред и дисциплина на кое исто така ќе ја додадеме меѓусебната почит, нас нема никој да не сопре! Ќе газиме едноставно!

Во оваа моја статија напишав за почетокот на една ера, ера која ќе не направи сите сложни, на овој или на оној начин.

Сигурен сум дека многу од вас се прашуваат зошто го правам ова.

Пробав со мотивирање!

Пробавме да не казнуваме!

Ништо не вроди плод! Само не направи уште помизерни!


Исто така морам да кажам дека немаше да продолжам со мојот метод доколку немав поддршка од околу 80-90% кои ми пишаа во коментари на претходната статија!
Време е да се смени начинот на игра! Досаден е овој без никаква дисциплина и ред во играњето. Па дури и во игра има ред и правила, тоа го знаеме сите.

Време е за правењето на црна листа!

(Немојте да се залажувате дека ако има црна листа ќе престанам да ги прцам себичните)

Значи сакаме да создадеме виртуелно општество каде што ќе има почит кон играчите и кон еДржавата, сигурен сум дека повеќето го сакаме ова!
Сепак има поединци на кои не им е важно дали сите ние сме истрошиле се за да ги ПРЦнеме нашите ружни и јужни соседи! Епа ако на нив не им е важно тоа, мене пак воопшто нема да ми биде важно за што им било потребно тоа злато од медалот! Виртуелно е бре! Што ако не го земете? Ако немаме почит и ако незнаеме да се договориме подобро никој да не зема медал, а не како ненаситни по медали да се растрчуваме со нездрава штета направена! ОК е да се брка медал, но не со толку луд инфлуенс!

Оваа црна лисна ќе се средува со тек на време, но мора да започнеме од некаде!
Колку што сум информиран претходниот месец имаше групна порака каде што беа вклучени сите команданти на единици!
Доколку сега нема таква порака, треба МОД-от да го направи тоа.

Е сега преку таа порака сите команданти ќе можат да си дадат еден на друг информации, на пример кој играч е на таа црна листа и кој не смее да биде примен од страна на единиците! За тоа да стане покомплицирано малце, тој играч нема да се брои во рефунд системот, дури и да пука!

Се сеќавам порано имаше повеќе казни, но затоа повеќе се ценевме и почитувавме!

Преку глава ни е на сите од себични играчи кои се заразени со виртуелното злато!

Време е за промени!!!

П.С: Не ми е важно дали после ова ќе ме мразите или сакате. Кога би можел да бирам, би избрал да ме мразите сите, доколку со тој услов газиме секаде!

П.П.С: Јас нема да бидам задолжен за црнава листа, но ќе гледам да биде праведна и реална!