Патриотизам и Ренесанса! [VOIX]

Day 1,629, 02:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги и недраги Македонци!

Вчера видов нешто што ретко се гледа на ерепублик сцената.

Во Тирана во востанието на 95% ѕид 3ца се бркаа за БХ медала и имаа направено 8 и нешто милиони штета во топ 5, после тоа и јас им помогнав да ја зголемиме штетата барем да појде над 10 милиони, така заокружена цифра да биде.

Јас тоа го направив со намера, затоа што некој мораше да го направи. Знаев дека ќе има поделено мислење во врска со тоа што го направив, но како што кажаа некои кои не ме поддржуваа: “Тоа си е нивни начин на игра“.

И искрено неможам да сватам како можеа да имаат совест да ми пишат дека тоа било нивни начин на игра... ако тоа е нивни начин на игра да пукаат 3 милиони во 95% ѕид тогаш и ова е мој начин на игра да им земам БХ или ЦХ медалата... Иначе морам да ви кажам дека тоа 10 злато отиде во добротворни цели кај бебињата на Ел Че Г.

Зборот ми беше... нема веќе молење пукај ваму пукај таму... ќе си пука кој каде сака, а јас ќе одлучам дали САКАМ или НЕСАКАМ да му го земам тоа БХ!

Иначе да ви кажам едно нешто. Со 3 милиони штета можеше да се земе БХ медала и во Бугарија против Турција, каде што првиот имаше 1.5 милион штета, што значи сите 3ца можеа да земат БХ на поважни места отколку таму. Не е оправдување тоа што им требало златото... ОК им требало, не викам не, но можеа да бидат корисни и плус да си го земат златото...
Секогаш ме нервирале паразити кои чекаат на туѓ грб да земат повеќе ресурси или такви работи. Кога пукаат Скајмекс или Аексил за нас а другите ги гледаат и чекаат да се успукаат во битки како вчера...

Сабајлево пак гледам некои делат тенкови за да се пука во востание кое го супортнале. Да ви напоменам нешто за да не испаднам дека не сум фер!!!

Ако видам некој како шаутира дека дели тенкови за некое негово поддржано востание, МУ ВЕТУВАМ дека ќе пукам од спротивна страна и ќе се обидам тоа востание да не успее!!

Се откажувале играчите? Слободно... сите нека излезат ако треба, ама ќе имаме чест и ќе се бориме до крај во битки за МАКЕДОНИЈА, каде што навистина и треба таа штета на МАКЕДОНИЈА!

Поздрав и уклучете го мозокот веќе еднаш!


Еве пример како треба да се брка БХ! Никогаш не би го поминал него...


EDIT: Уште неколку причини зошто го правам ова...


Со 200.000 БХ медал? хехех


Патриоти 🙂