Паравоени единици - Бранителите на еМакедонија [UPDATE]

Day 1,115, 11:45 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе Македонски.

Ќе започнам со една реченица која верувам ја знаете сите:
"МАКЕДОНИЈА Е МАЛА И НАПАТЕНА ЗЕМЈА НО РОДИЛА МНОГУ ХРАБРИ СИНОВИ" (и ќерки секако, нека не ми се лутат но ова е оригиналот)  😉

Но овде да не збориме за богатата историја на нашата земја во реалниот свет. Таа е пишана со векови и векови наназад и сеуште ќе се пишува.
Од пред три месеци почна да се пишува историјата на нашата земја кога на наше (а богами и на многу други наши подржувачи) големо задоволство се роди еМакедонија во виртуелниот Нов Свет. Веста дека македонците добија своја држава и дека може да ја остварат својата желба да ја видат Македонија во своите реални и пред се ЕТНИЧКИ граници (иако само виртуелно во eRepublik) предизвика лавина од нови играчи или попознато како бејби бум. Се родија над 7000 бебиња т.е. играчи за само неколку дена. Имавме најголем бејби бум во Новиот Свет и тоа ја доведе еМакедонија во топ10 земји со најголем број жители газејки пред себе едржави кои се присутни во Новиот Свет од самото негово создавање. Се надевам дека наредниот бејби бум ќе биде уште помасивен.

Желбата на македонецот за ретрибуција врз неговите вековни душмани поради нанесените неправди во минатото па и сегашноста е непресушна, како во реалниот свет, така и во виртуелниот. Не е тешко да се претпостави дека токму тоа најмногу влијае/ше на нас.

Нашата Македонија била многупати мета на хиените што ја опкружувале и се служеле со сите средства да ја окупираат нашата територија и да го приграбат за себе нашето историско наследство. Уште од самиот почеток нашите соседи почнаа да вршат анти-македонска пропаганда пресликувајки ја својата омраза кон нас од реалниот живот. Се договараа за поделба и истребување на Македонија како што тоа го прават и во РЖ, не го почитуваат основното човеково право на самоопределба и изјаснување а притоа ни делеа совети за демократија?? ЗА КАКВА ДЕМОКРАТИЈА ЗБОРАТ КОГА НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА, ОНИЕ НА КОИ СЕ ТЕМЕЛИ ДЕМОКРАТИЈАТА! Само тие си знаат очигледно (ова важи само за оние Бугари кои тролат).

Затоа, за да се заштити нашата млада држава од нападите на хиените во еМакедонија за многу краток период се формираа неколку воени организации.

Заеднички карактеристики за сите воени организации се:
1. членовите се избираат по пат на конкурс за регрутирање преку исполнување на одредени критериуми
2. имаат сопствен фонд на парични средства, закони и компании од кои ги финансираат своите активности и членови.
3. не работат за личен профит
4. имаат сопствено лого по кои се препознатливи
5. воена ангажираност односно
   а) одбрана на еМакедонија од евентуални напади и
  6) воена помош на сојузниците на еМакедонија.

Членовите на воена единица работат за минималец но за возврат добиваат леб и оружје, активно тренираат и воено се ангажираат односно го остават настрана личното профитерство и се грижаат да просперира државата на воен план.

Прво, најпознато и најголемо воено здружување во еМакедонија е државната АРМ. Во нејзин состав се формираше бригадата ЛАВОВИ составена од 60 членови а нешто подоцна се формираше и бригадата ТИГРИ. Секоја од нив е посебно поделена на три воени единици со по неколку члена. Со паравојската раководи генерал т.е. лидерот а на чело на секоја единица стои командант кој ги следи овластувањата на лидерот и го известува и работи по негови овластувања. Беше најавена реорганизација на воената организација од страна на Претседателот на еМакедонија но сеуште нема информации за тоа дали се спровела истата и дали сеуште функционираат бригадите.


Во меѓувреме, додека течеше регрутацијата за ТИГРИ, се појави нова паравојска која за разлика од претходната не се финансира од државата. Станува збор за МАКЕДОНСКИТЕ ТЕМПЛАРИ односно РЕДОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТЕМПЛАРИ! Засега функционира еден темпларски ред составен од седумнаесет членови но е најавена регрутација и за втор темпларски ред. Основно начело во нивното работење е игнорирањето на политичките провокации и пропаганди на нашите соседи и една и единствена мисија  - чување и бранење на светата Македонска земја. Воено им помагаа на Турците да го освојат Кипар.



Друга паравојска која не се финансира од страна на државата е Војската на еМакедонија односно ШКОРПИОНИТЕ! Се појавуваат речиси во исто време со Македонските Темплари и функционираат исто како горенаведените. Беа воено ангажирани од страна на Естонци, Англичани а најавуваат и соработка со српските Скорпиони.



Неодамна со кратко соопштение се објави дека е формирана воено - економски и политичка организација под името АРМАКЕДОН! Составена е од дваесеттина членови од кои некои добро познати и докажани играчи и неколку нови и активно посветени играчи кои заеднички ја финансираат организацијата. Пред официјалното соопштение во нивниот весник во неколку наврати се најавија во еМакедонија со нивниот познат слоган "После нас, ПОТОП". Беа неколкупати воено ангажирани од страна на други земји. Поради тоа што многу играчи го копираат нивниот аватар, наликува како организацијава да брои над 50 членови.



Неодамна се појавија и ГЕМИЏИИТЕ. Нема информации за тоа колку членови бројат и друго но доволно за се е нивното мото: Предадени на Господ, само за Македонија! Се арчиме за Македонија!



И уште да ги споменам и ИЛУМИНАТИТЕ. Илуминатите се релативно нова паравојска. Составена е од петнаесет членови од различно искуствено ниво со свои мирнодопски и воени капацитети за производство на леб, жито, железо и тенкови. Допрва ќе не известат за нивните воени ангажмани.



На тло на еМакедонија дејствува и т.н. илегална воена единица под името ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПАРТИЗАНСКА ГЕРИЛА. Составена е од десет членови со просек lvl20 кои работат во една организација според начелото еден за сите, СИТЕ ЗА ЕДЕН. Една недела работат за еден, наредна за друг итн. Оваа организација сеуште нема аватар бидејки според нивната идеологија, една паравојска не е достојна да ги брани боите на едно знаме т.е. да носи аватар се додека не ја постигне потребната јачина за тоа. Затоа, ПМПГ дејствуваат илегално и дури откако ќе ја постигнат горенаведената цел, тие ќе се појават во јавноста односно ќе стават аватар и ќе дејствуваат легално.

Arch1monde најави регрутација за нова паравоена единица. Името на паравојската сеуште е непознато но од информациите кои се објавени во неговиот весник, станува збор за паравоена единица составена од дваесет членови. Регрутацијата е во тек.

Од ова може да се заклучи дека на тло на мала држава се формирани многу паравоени единици со членови кои не ја играат играва само за да профитираат и да се натпреваруваат со други играчи. Секако дека имало и дека ќе има несогласувања и турбуленции но сето тоа може да се избегни со слога односно тимска работа и меѓусебно разбирање.
Однапред им се ИЗВИНУВАМ на оние што сум испуштил да ги наведам во статијава. При пишувањето на артиклов, се користев со информациите кои ги прибрав од весници и некои профили затоа има можности да сум направил грешки па слободно може да ме поправите доколку сум згрешил нешто и да ме контактирате! НИШТО НАМЕРНО!

Ќе завршам со цитат од "Пиреј" на Петре М. Андреевски
Племето наше е пиреј, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест. Пирејот е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку ќе се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
Македонскиот народ неуништлив како тревата ПИРЕЈ

Ваш,
PhoenixMK