Македонска судбина

Day 1,115, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Shingiami

Добро вечер драги еМакедончиња!

Од век и векови си живееше малата овцичка. Во спокој и мир без граници си одеше каде сака бестрашно газејќи низ сите пасишта кои ке и застанат пред патот. Таа беше силна, дебела со впечатлива црвено-жолта волна. Црвена како крвта пролеана од нејзините предци овцички кои ги положиле своите животи за денес малата овцичка да пасе,а жолта како блескавото сонце кое ја грееше насмеано. Таа беше бестрашна...
Целиот свет го шеташе и од сите пасишта пасеше. Првиот ден таа се разладуваше под падините на Шара и Полошката низина, Вториот ден таа пасеше на Таор Скопско за да го продолжи патот низ тиквешијата леејки тикешко вино не грижејќи се за ништо. Таа својот пат го продолжуваше по прекрасната пелагонија каде се гостеше со најубавата трева на светот, за да отиде на егејот малце да се освежи и напие од водата слатка како мед. Пасеше низ Солун , Кукуш и нашата овца стана силна како волк . Лесно обработувајки го Пиринот македонски таа повторно се навраќаше назад , чекорејки низ својата крваво заработена татковина...
Разбирајки за оваа семоќ на една обична овца монголскиот кан испрати волк.Тој волк постојано ја демнеше и чекаше момент погоден да и ги одземе пасиштата кои беа толку тешко стекнати...
Од Италија се населија волци меѓу кои царуваше машка љубов.
И еден ден сите волци се здружија и го поделија трлото на овцата.
Беше поставена ограда која на овцата претставуваше кинески ѕид.
Сега овцата беше загушена ...Не можеше да си ги посети браќата и сестри овци од другата страна на кинескиот ѕид сигурно чуван од глутницата волци. Таа беше заробена...
Нашата мала овцичка ослабе, волната и ја истрижаа волците... беше ограничена и нејзините пасишта оттуѓени.
Нејзината гордост изчезна , беше приморана да носи бело- зелено -црвена наметка и да се претсавува како туѓ народ. Насекаде од волците слушаше само пропагирања , навреди и закани како ке биде повторно истрижена...
Конечно овцата се свести дека е време да превземе нешто ... Ја извади наметката и наместо овца излезе ЛАВ.
Лав спремен за одмазда и за поход по своето кралство !!!
еЛАВОВИ !!!
еМАКЕДОНИЈА!!!