Реплика на United Macedonia.

Day 1,239, 12:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Done008

Ова го почнав како коментар во твојата статија, но испадна предолго и еве го во мојот весник. Не знам колку луѓе ќе го видат но ќе пробам што повеќе!

Сакам да наведам дека на никој начин не сакам да те навредам или исплукам и се што е напишано во оваа статија е најдобронамерно и напишано бидејќи сметам дека во последниов месец дена малце си го сменил највероватно карактерот и не си истиот тој United Macedonia кој го знаеме сите! И сакам да се вратиш како што беше порано. Објективен и разумен за разлика од сега субјективен и себичен и сметаш дека секогаш си во право. Поздрав.


Ццц... Кога почнав ми беше ИДОЛ! Како поминува времето се некако донесуваш некои ибрзани и неиздржани одлуки брат.

Го кривиш претседателот дека не навел позитивните/негативните страни на одлуката, а еве ти тука не ги наведуваш негативните работи кои можат да произлезат од оваа твоја статија.

Друга работа. Се што ќе пишам го пишувам пријателски и за доброто за Македонија затоа те замолувам не ме бриши од пријатели и такви некои слични детинести работи.

Е сега, Не можеш ти цело време да се вадиш на фората

"Јас сум обичен граѓанин, само што си пишувам во весникот почесто." - И ти и јас и сите тука што се поголеми од 16 години сваќаат и приметуваат дека ти со твоето долговремено престојување на играва и како ПРВ Претседател на еМакедонија и со твоте 6100+ Subscribers Допираш до најголемиот дел од МАКЕДОНЦИТЕ и имаш ОГРОМЕН Углед кој не смееш да го злоупотребуваш и не можеш да се вадиш со такви тотално ирационални оправдувања за кои и самиот знаеш дека се глупости!

Така да ако ти кажеш дека некој план е лош верувај ми.. предомислуваш МНОГУ луѓе... едноставно многу луѓе имаат доверба во тебе и така е, влијаеш врз ГОЛЕМ дел од нас.

И поради тоа не можеш ти да пишуваш се и сешто во твојот весник. Ова е многу себично од твоја страна.

Претседателот коректно извади статија, 80% па и повеќе од луѓето гласаа со Да и сега ти бидејќи не се СОГЛАСУВАШ со таа одлука покренуваш иницијатива и донесуваш САМ одлука дека тоа е ЛОША ОДЛУКА!

Епа за тоа требаше да мислиш порано. Т.Е. За тоа требаше да мислиш на 3-4 Април кога се ОТКАЖА од Претседателските избори!

Ја имаше шансата да не водиш и верувај дека ќе беше изгласан бидејќи си доста разумен дечко а и имаш многу познанства во играта. Но ти ја отфрли таа можност. Причините си се твои и не се важни.

Епа поради таа една и единствена причина ти, со оглед на твојот УГЛЕД и ВЛИЈАНИЕ врз еМакедонскиот народ, да донесуваш вакви одлуки и да го ДЕЛИШ Македонскиот НАРОД!
Одлуката падна, и треба да се ИЗВРШИ.

Ако не ти се допаѓа... Ќе имаш на 5 Мај избори, кандидирај се и тогаш промени нешто, не сега. Сега не е време за тоа. Зошто не сакаш да им дадеш шанса на луѓето да се ДОКАЖАТ и ПОКАЖАТ... можеби има таму некаде меѓу еМакедонците некој друг "Strumjanin" но се што треба е да му се даде шанса.


Трета работа. Хипотетички пример:
-Имаш девојка и ја вараш, но мнооогу се сакате и тоа се случува во афект(некаква причина што ти знам што). Но ти многу ја сакаш и ја замолуваш да ти простии. Би сакал да ти даде Втора Шанса така???

-Епа зашто одма ги осудуваш Италијанците? И Турците не заебале порано, па не значи дека сега пак ќе го направат тоа. Можеби ќе се сменат, од кај знаеш? Не смееш да ги осудуваш така луѓето... Ќе им дадеме шанса нека си се ослободат... Па ако има проблеми нема да ни е тешко да ги Освоиме пак. И самиот знаеш колку лесно ни беше со Италија... Ниедна Воена Единица немаше потреба да мава!



Уште нешто важно!
Ме потсети Acezuti, заборавив јас да го напишам. Дајте престанете со ова негодување и секакви срања. Не бидете како СДСМ и ВМРО (Без навреди до обожавателите на било која од партиите). Не се карајте. СПОЈТЕ СЕ.
Знаевме сите дека месецов ќе биде многу тежок и дајте да го истераме да ни помине полесно. Како ќе биде така, важно СПЛОТЕНИ ДА БИДЕМЕ!
Како што напоменав погоре.
На 5 Мај ќе има избори, кој мисли дека нешто треба да се смени нека се кандидира!



Еве ви еден линк за болници и за упавување компании алатки. Потребни се сега особено со бугарскиве камикази.
http://erepublik-market.com



П.С. Артиклов повеќе е со цел да сватите дека треба да се држиме заедно и во добро и во лошо, и кога ни одговара и кога не ни одговара! Се додека сме заедно ќе биде добро.
П.П.С. Ќе има валјда некој ПС. Не ви ставам слика од женска зашто ова е сериозна Статија!

П.П.П.С. Немам многу Subscribers, Тазе ми е весников, па ако може по некој Shout за да видат повеќе луѓе, бидејќи сметам дека треба да го прочитаат повеќе луѓе. Ако сакате се разбира. Доколку дојде ова во ТОП 5 ќе биде уште подобро бидејќи целта на Артиклот ми е да се смират сите страсти и да се Сплотиме какви што бевме!

o7 Со огромна почит и за доброто на еМакедонија Done008