ОБЕДИНУВАЊЕ на еМакедонците

Day 1,239, 15:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Vase Rafe

Како што кажува и насловот на оваа статија мислам дека е крајно време за ОБЕДИНУВАЊЕ на еМакедонците.

Откако дојде новиот претседател, се почесто сме сведоци на препукување и на расправии помеѓу нас еМакедонците, во одредени делови доаѓа и до големи навреди со погрдни зборови, кој АМА баш на никого не личи да ги помисли, а камо ли па да ги напише, жална слика е тоа за еМакедонија.

Ако продолжиме вака мислам дека нема да биде потребно некој да ја распадне еМакедонија, самите ќе ја распаднеме, уклучени се сценарија од РЖ, па малку ли ни се во РЖ, па мора ли и тука да ги применуваме?

Искрено до сега сработеното и ставовите на нашиот еПретседател, не ми се допаѓаат, али пак е тоа мислење на поединец (т.е. мое мислење), и никогаш никој не може да очекува дека ќе има 100% подршка, секогаш ќе се наоѓаат некои што критикуваат, но критиката е добра за една работа (ако е искрена критика), може многу да се научи од неја. Подобро да се учи од критика, отколку на грешка.

Можеби грешам, али сите буквално сите, колку и да мислиме дека некоја одлука на нашиот еПретседател е грешна, треба да ја извршиме, па макар и сите згрешиле заради неговата одлука, па ако треба да се казни за таа одлука ќе го казниме на избори со тоа што нема да ја добие повторно довербата на мнозинството.

Не само оваа власт, влада и Претседател, и на сите наредни треба да ги оставиме слободно да работат, да се критикуваат ако нешто згрешат али не со цел критика да се преточи во навреди , туку да им се укаже на грешка најкултурно, па ако ја прифатат ОК, ако не пак е ОК.

Секогаш и секаде ќе има позиција и опозиција, ќе има луѓе кои се блиски до власта и која сакаат да ја слимнам, но дајте тоа нека биде на културен начин (пр. Што ќе се направи ако дојдеме ние на власт), а не од типот да се препукуваат кој повеќе украл и кој поголема глупост направил. Во одредени моменти се запрашувам па зар и оваа власт на играва е толку слатка, што се карате толку, ако си на власт ШТО од тоа? Најак фраер у маало ќе се биде? Најубавата женска у школо ќе ја има? Што е тоа толку посебно да се биде? Или пак да се крадат ДРЖАВНИ пари од еМакедонија? Па оставетеги нека крадат, нив ќе им служи на чест, мене некој и цела каса да ја испразни ама нема баш око да ми трепне, се е ова виртуелно, само незнам што тој ќе постигне со тие виртуелни ПАРИ и ЗЛАТО?

Затоа би ВЕ замолил сите, дај да го оставиме еПретседателот и неговата еВлада да работат како што знаат тие најдобро, па на следни избори или ЌЕ ИМ СУДИМЕ, или ЌЕ ГИ НАГРАДИМЕ.

Останетеми со 100 здравје МАКЕДОНЦИ.

П.С. Нема потреба од SUB!