Македонски синдром [Кика][Реобјава]

Day 1,239, 17:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Kika Mladenovska


за почеток музика

Македонче сирото, со години било понижувано и поробувано. Долго време секогаш имало некој над него, некој супериорен да му каже “Ти си мал, Ти си небитен”.
И еве го резултатот. Тоа македонче има комплекс на ниска вредност па сака да се покажува и докажува. Што мислите зошто секогаш кога ќе ни дојде некој гостин од странство му угодуваме, го третираме како божество? Па после ќе речат македонците се многу гостопримлив народ, како не бе. Целата работа е во тоа што потсвесно мислиме дека тој странецот е подобар од нас па му покажуваме што можеме и што имаме, сакаме да му докажеме дека не сме под него, дека можеби сме дури и над него.
Како и во реалноста така и тука има секогаш некој што се прави паметен и дека се знае. Јас ги викам тие мали хејтерчиња, мали затоа што се ситни души, а хејтерчиња затоа што мразат се околу себе, сакаат барем малку и ти е да се почувствуваат како оној супериорниот, па за секого велат, тој нечини јас сум подобар, за секоја идеја викаат не е добра мојава е поарна, претседателов врска си нема, јас да бев на негово место ќе цветаше државава. Така сите се најпаметни, а кога станува збор за превземање одговорност, превземање на иницијатива да се направи нешто подобро , да се покаже вистинска вредност, тогаш “НЕ НЕ НЕ поубаво ми е мене да си седам во моето ќоше и да си плукам се што ќе помине.



Типичен македонски синдром. Никој ништо незнае, јас сум најдобар. Сите лаат ретко кој каса. “Глуп е овој го лажам и користам ко шо ќе ми текне.” Ама секој гледа да си извлече задникот. Секогаш некој друг е виновен за тоа што нечини, а ако нешто е направено како што треба многу ќе се истопорат да кажат јас го направив тоа иако не е така.
“Пф зашто јас да го чистам снегот од пред зграда, шо не излезе комшијата да го исчисти?” па утредента се лизнал син ти скршил нога, и ете комшијата е крив што не го исчистил снегот, ти Не не во никој случај.


Епа неможе бе македончиња така, дај освестете се веќе еднаш. Неможе секогаш јас се да знам, дури и во некоја хипотетичка ситуација еве и да знам се, тоа не ми дава за право да речам дека другите се глупи и дека никој друг ништо незнае.
Секој има право на свое мислење, ако неговото не се поклопува со твоето незначи дека не е точно. Оној што работи може и да погреши, но како и да е направил повеќе од тој што не направил ништо.

Го пишувам ова испровоцирана од многу прочитани коментари на статии со содржина: “Шо е ова шо си го напишал бе врска си нема” или “Не бе не треба така, вака треба” или коментари со навредлива содржина напишани на простачки јазик. Ја играме играва за бар виртуелно да бидеме силна држава, да бидеме обединети сите заедно како рамноправни, рамо до рамо да се бориме за иста цел, па и еден ден да ја вратиме (ОБЕДИНИМЕ) Македонија. Ама како ќе го направиме тоа ако ние самите од внатре се уништуваме. Сите сакаат власт. НО Има работи што се поважни од фотељата! Не ми е јасно што толку се тепаат за таа фотеља. Ај овие во реалниот живот и да ги разберам некако, може е стварно многу убава таа фотеља, обложена со некоја свила или можеби некое кадифе па нешто циркони дијаманти ова она…



ама овдека бе луѓе, каква е фотељата? Каква корист има тој што ќе ја добие? Па нели се вика игра, а играта ја играме за да се забавуваме, да се оттргнеме од секојдневието, а не да ги читам Груевски и Црвенковски и тука. Дури и вистински пријателства се растураат, па добро бе луѓе, со сета почит, извинете на израз ама дали сте вие нормални?

Дали сте свесни што можеме да направиме ако се држиме сите заедно, со иста цел? Сетете се што направиле Александар Македонски и неговите Македонци!



Знам дека голем дел од вас се откажаа уште при првиот пасус, се пронајдоа и нормално никој несака да го караат, си рекоа “ај бе шо знае оваа она ќе ми кажува на мене “ (синдромот нели). Браво за оние што стигнаа до крајот, тоа се сигурно оние што превземаат иницијатива, оние кои прават а не само да зборуваат. Држете се дечки зошто луѓето кои се плашат да ги следат своите идеи, секогаш сакаат да најдат начин да ве обесхрабрат и вас. Стоете позади работите во кои верувате, дури и тогаш кога ќе морате да стоите сами.



А вие мои мили мали хејтерчиња повелете плукајте, кажете дека не сум во право, спремна сум да вратам со добар збор на секој ваш напад, со цвет на секој куршум.


Линкот од песната го ставам пак за во случај да не го отворивте на почетокот.

Запомнете клучниот збор е ЗАЕДНО



П.С. Статијава беше објавена пред 2 месеци, кога на власт беше сегашната опозиција и тогаш тие што критикуваа беа од сегашната власт, сега улогите се сменети (додуше има и такви што редовно си се прават паметни безразлика кој е на власт), но мојата порака е иста.
Од сегашен аспект како конгресменка јас сеуште мислам дека фотењата не вреди за тепање, но за жал има многу такви во конгресот што не го делат истото мислење. Не се ни појавиле на конгрес каналот камо ли да се консултираат со конгресот како да гласаат и дали да предложуваат одредени закони, едноставно си се прават паметни они највеше знаат никој друг ништо незнае или си се договараат со партиите или си водат инает "е како да не многу знаеш ти што си го поднел законов, еве ти не" или "а овој другарче ми е еве да". Мене не ме интересира кој од која партија е, колку другарчиња има и колку недругарчиња има и секогаш ги карам моите колеги конгресмени кога ќе почнат да се препираат на партиска основа, ова е игра во која секој треба да има шанса да се покаже, луѓе оладете малку не се дели алва ако имаш функција, играме, се забавуваме и правиме голема и силна Македонија!!!



Shout
Македонски синдром
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1745703/1/20



поздрав
Кика