[Tashev] Неофицијален извештај - еЕстонија

Day 1,391, 08:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev

Си го поставувам прашањето за работата на МНР овој месец. Еве помина скоро една недела, а од нашето МНР нема ни статија, ни традиционалниот конкурс за амбасадори каде што сакав да се пријавам за трет и последен пат како амбасадор во еЕстонија. Упатувам голема критика до претседателот и министерот за надворешни работи Wild O за неажурноста на МНР. Бидејќи во тимот на нашиот претседател имаше околу десетина личности – функционери, а од нив ни статија немаме прочитано.

Секоја чест и огромна пофалба упатувам кон оние луѓе коишто перфектно си ја извршуваат својата должност – Министерството за економија и министерството за одбрана.
Ве молам, немојте да коментирате дека сум некој плукач на оваа влада, дека никој не го интересира оваа статија поради тешкава ситуација што ја имаме и сл. Баш напротив, секоја чест до претседателот за неговата ангажираност и малкуте преспиени часови се со цел да не извади од овие го*на.

Да преминам на краткиот извештај за еЕстонија и естонската влада:

Ситуацијата секој месец е иста. Пинг – понг војна со Финска, регионите и ресурсите горе доле се тие. Не мислам да пишам се детално, бидејќи има амбасадори што се пријавиле а не ни знаат дека се примени а со тоа и не си ја вршат коректно нивната работа. Еве линкови од минатомесечниот и предминатомесечниот извештај за еЕстонија:

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1843893/1/20 (август 2011 год.)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1818514/1/20 (јули 2011 год.)

Сегашнава влада изгледа вака:

Претседател - s33vald
Советник на претседателот/десна рака - Mrs. A
Министер за одбранаJhonnytk
Министер за финансии Renkas
Советник на МоД - Supermar1o
Министер за социјала hahalolest
Министер за образование - Gerdionu

Интересен е фактот што овој месец Естонија нема МоФа и тоа што со менувањето на секоја влада, министерот за одбрана останува истиот – Jhonnytk.
Пак напоменувам, бидејќи до сега немаше конкурс за амбасадори овој извештај не е официјален.

Hail Macedonia!
Hail Estonia!