[АМБАСАДОР-еЕстонија] Кратко запознавање

Day 1,328, 16:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev

Денеска бев назначен за амбасадор во Естонија, така да се решив одма да се фанам за работа. 🙂 Се уклучив на нивниот канал #estonia и се изненадив!Само 12 луѓе онлајн.Ок си викам различни временски зони, но и онака естонците немат многу играчи. Почнав да пишувам со човекот којшто е ставен за односи со јавност. Тој беше толку фин, што ми достави листа од сегашниот тим на естонскиот Претседател, ми ги објасни ингеренциите на тамошните министерства и сл. Во главно се одеше во најдобар ред. Да преминеме на главното.


Естонија има 645 жители,просечен левел 16. Моментално има 10 региони(Aland, Kesk-Eesti, Kirde-Eesti, Laane-Eesti, Lapland, Louna-Eesti, Oulu, Pohja-Eesti , Southern Finland, Western Finland). Има 5 од 10 ресурси, и тоа- риба, овошје, железо, алуминиум и нафта.


Вака се состои тимот којшто ја води нивната земја-

Fukiku- Претседател и Министер за надворешни работи
Mrs. A- Главен советник на претседателот
Rafterman- Портпарол на владата
ituura- човекот задолжен за односи со јавност
Kalle Palling- Министер за образование
R.Ott- Министер за социјални работи(т.е. тој е главниот во помагање на новите играчи, нивно запознавање со играта, и помагање на останатите играчи во различни сфери од играта.Интересно министерство)
Holger von Bear- Министер за финансии
jhonnytk- Министер за одбрана.


Засега толку, во следните денови очекувајте интервју со естонскиот претседател каде што поопширно ќе се опише оваа земја, како на воен така и на политички план.

И бидејќи весникот само што го отворив, ве замолувам за шаут и воут(а може и суб)за да можат и другите да ја видат статијата.


Амбасадор во еЕстонија,
Ташев.