Интервју со SaveAss за економијата

Day 1,605, 03:37 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Прво интервју кое е читано на радио од старана на smekerot


Денес на разговор ни е играч кој е познат по неговите статии за економијата SaveAss

Деведесет и девет проценти од статиите во твојот весник се за економијата и со самото ова доаѓам до закључок не тебе ти е по занимлива економијата одколку војната ?
SaveAss : Не сум проверил колку проценти од статиите ми се економски, но ќе ти верувам 🙂 Сите ќе речат дека војната е по занимлива, ама без пари нема војување и пак сме на почеток. Во Македонија нема економски насочен весник, нема ниту финансиски водич за играчите, редно беше некој да засука ракави. Тука сме за Македонија, секој помага како знае и умее.

Дали може да се заработи голд од ММ ?
SaveAss : Јас ММ го гледам само како еден параметар, пари таму директно не се прават. Најмногу пари се прават на инвестирање во намирници, нивно складирање и продавање кога ќе има ценовни промени. Нормално потоа се чека на обратна ситуација, тогаш пак златото е поефтино и ги претвораш заработените пари во Голд. Ова е малку груба слика, но се случуваше да има заработка до 40% од инвестираните пари.
пр. Ку6 прво се по 25 мкд па после тоа по 35, па кога пак ќе станат 25 и златото е поефтинето и си купуеш злато.


Глобализацијата на ММ е добра или лоша ?
SaveAss : Како поминуваше времето глобализацијата на ММ станува се по неизбежна. Многу ММ маркети на мали земји можеше да се срушат со 100К валута, а сите знаеме дека играчите почнаа да вртат по толку пари „Веќе неќе моќи“ 🙂 Истото пак може да се случи, ама сега ќе ти требаат 50 милиони – следствено агендата која ја дадовме како опција во предизборието, повторно ќе напоменам како приватен капитал.
Инаку несвесно имавме 2 упади во нашиот ММ додека маркетот не беше глобализиран, кога цената на златото скокна за 100 мкд. Тоа не беше Плато 🙂 мада сме научени Плато за се да е крив. Има и моќници во Македонијава кои можеа наопаку да го свртат нашиот маркет. Вака глобално тоа е мааааалку потешко.


Мислиш дека админите на играва би биле многу посреќни доколку би имало помалку играчи како тебе ?
SaveAss : Искрено постојат повеќе како мене, ако ја видите мојата агенда и ја споредите економијата на САД и Србија ќе видите дека и не е толку настрана, мада ние сеуште водиме некоја социјално конзервативна политика како да сме мала земја или се плашиме од бабароги и посочени прсти кон нас.
Она што јас го кажувам отворено го мислат повеќемина, но се плашат од РЖ стереотипите каде „ловот на вештерки“ е секогаш поинтересен и поважен од целта и намерата. За жал тоа го има и во виртуелна Македонија 🙂
Админите си имаат свои инструменти со кои можат убаво да ти го „збиберат“, но за среќа и они се водат по некои параметри, па стануваат предвидливи. Тоа нема врска со економијата и финансиите, едноставно методите им се проѕирни.


Мислам дека повеќето играчи статиите за економија не ги читаат, а тие се дури и по битни од одредени други статии да не ги именувам, затоа што без пари не се води војна ?
SaveAss : Тука нема да се согласам, повеќето ги читаат и пробуваат да ги разберат, но тука наидуваат на проблем: бројки, формули, врски → таратур. Затоа пробувам јасно да го посочам заклучокот.
Сепак постои и друг проблем, авторитетот во еРепублика се мери во сила и левел, воениот модел – разбира се, затоа успешно сум држен настрана од „фотељата“ веќе 1 година.
Незнам дали знаат читателите, но бев посочен за заменик министер по економија во времето на Струме, ама Кракер4е не пушташе никој да припари до парите на Македонците и стандардно плукање на 2-3ца за да те деградираат и еве не' денес.
За среќа пред фактите и боговите молчат. Затоа во последно време решив да ги отворам очите на јавноста за акциите кои можат да се преземат, но некако се се' избегнуваат, нормално на штета на народот и државата.


Кој економски модел е најдобар за еМакедонија ?
SaveAss : За жал за конкретен одговор на ова прашање треба да се консултирам со Плато 🙂
Доколку работите останат вака како што се, дефинитивно ќе треба да се отвориме, да го направиме нашиот пазар пристапен за земјите каде ДДВ е 20%, а после тоа ако Шиме истенка до 10/10 и ниски давачки за плата.
Македонија мора да најде начини да прибере пари, надвор од класичниот систем на оданочување, нема што да се плашиме, бабарога не постои.
Пробував да објаснам на одредени инстанци што значи негативна повратна спрега (http://en.wikipedia.org/wiki/Negative_feedback) и дека тоа ќе ја држи економијата стабилна, дури можеби и по стабилна иако ботот не купува од кај нас, ама не можам факултетот на другите да го завршувам. Чисто тука сакам да ја додадам споредбата на пазарите направена од еден статистичар, да се види дека маргините се тие кои им ги посочив, што е природно.
http://www.erepublik.com/en/article/-statistics-all-countries-markets-analysis-week-13-2001574/1/20


Дали еДржавата треба да има зацртано економски цели без разлика кој е на власт иако играта е променлива ?
SaveAss : Уште на времето на Струме бев поддржувач на идејата за Устав- како еден вид на заедничка платформа. Еве уште се пишува 🙂
Нормално е да има соработка, јас сум за конструктивен однос, сите имаме иста цел. Очигледно некој друг мисли дека сите сме дојдени да украдеме виртуелни пари.
Сепак да почнеме од некаде, прво да имаме барем некаква економска и финансиска политика.


За претседателските избори беше дел од тимот на BlackMK и доколку ги победевте ќе беше министер за економија, во кратки црти кажини што прво ќе превземеше, што е приоритетно да се направи во еМакедонската економија ?
SaveAss : Агендата беше јавно достапна за сите. Беше одобрена и поддржана од сите кои беа во владата.
Дефинитивно прв чекор ќе беше субвенцијата на помладите играчи за втора и трета лебара и објавување на тендер за понуди за потребите на бебињата и војската. Нормално оформување на поблиски релации со нашите во дијаспората каде би работеле за повисока плата (моментално повисока за околу 100 мкд) Така индиректно во стопанството би се уфрлиле големи количини на пари неопходни за ликвидност во време на војна.
Со еден збор ќе прбавме да симулираме 10/10 плати и да го зголемиме производството на храна.
Од шаутите кои ги гледаме секоја вечер, мислам дека е повеќе од јасно дека ќе беше многу исправен потег.


Што те задржува на играва ?
SaveAss : Пријателите и надежта дека Македонецот ќе научи дека „На волкот му е дебел вратот, зашто сам си ја врши работата“
Тука ќе бидам се додека осеќам дека сеуште знам како да победам во оваа игра.


Кажи ни какво значење има името за тебе и кој е SaveAss одкако ќе стисне logout ?
SaveAss : Ах кој е Саве 🙂 Ексклузивно кај тебе:
http://saveas.blog.com.mk/blogs/saveas?from=0
Така почна 🙂 едно „с“ е додадено на крајот како амајлија против јужните. Засега функционира 🙂

Кога ќе стисне Logout, SaveAss е сосема обичен човек. 🙂

Хоби ?
SaveAss : Ау, никој нема да го разбере ова. Енергија, биологија, иноваторство. Поарно вака, кратко. Одамна напуштено хоби на кое се навраќам во спомените, секоја сабота до средно водно – пешки.

Кој ти е среќен број ?
SaveAss : Не сум суеверен, ама кај баш 13 прашања искочија, па мораше уште едно да додаваме 🙂

Филм и музика ?
SaveAss : Филмови има многу, ќе го издвојам Underground – Кустурица.
Музика Savage Garden.


Порака до читателите 🙂
SaveAss : Немојте да бркате Идоли, немојте да терате инает, живејте го вашиот момент, направете го со себе она што вие сакате.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со SaveAss
http://www.erepublik.com/en/article/-saveass--2006368/1/20
Интервју со економистот
http://www.erepublik.com/en/article/-saveass--2006368/1/20