[SaJrUs] Two years from this sh*t !!!

Day 1,435, 23:11 Published in North Macedonia North Macedonia by SaJrUs

Ај здраво живо на сите

Утре правам две годинки играње од ова чудо, ај со среќа нека ми е \о/

Се навлеков една вечер на работа, од досада преку кајгана форумот видов дека тука нешто интересно се случува и за живо чудо страната не беше блокирана од страна на мојот работодавец и така се регистрирав и еве и ден ден си тепам работна досада по неколку сати дневно.

Пројдов низ се и сешто во играта, нема да ви раскажувам уште една историја сигурно ја имате слушано и преслушувано повеќе пати јас нема да ве гушам уште еднаш.

Запознав и добри и лоши луѓе и досадни и интересни и деца и возрасни, оваа игра ја прават интересна луѓето што ја играат а не мадафакинг Плато, со некои се напив ракија со други се отеравме во три п.м и тие и тие ве сакам : * бар и тоа нека е само затоа што сте Македонци, а тоа неможам да мразам.

Не можам да се уклучувам на чет што ми ускратува голем дел од задоволството кое го пружа тој дел од играта и дружењето ама јебига не ме плаќаат оволку за да дремам на некои си четови 🙂

Не сум слаткоречив или пак писател што може да се види од горе напишаното затоа и немам напишано многу статии и нема земено ММ медал.

Сега би ве замолил за помош да го светнам тој медал на мојот профил на мојот втор еРоденден.
Секој кој му треба помош и сака лебче за возврат на неговиот суб слободно нека пише "За Македониа за Татковината !!!" ке поделам на сите, може тоа нема да биде веднаш ама секој ке си добие по 20 Q5-ки.

Благодарам на сите
Сајрус




Кумановска верзија за сите на кои им е интересно 🙂

Ај здраво живо на свите

Јутре праву две годинке од овој чудо, ај сс среќу нека ми е \o/

Навлече се едн вечер на работу, од досаду преко кајгана форум виде дека туј нешто интересно се дешава и за живо чудо страна не беше блокирана од моју фирму и такој се регистрира и еве и дн днске си тепам работну досаду по неколко сата дневно.

Прошја сам ни свашта у игру, нема да ви раскажују још едну историју сигурно сте гу слушале и преслушувале много пута ја нема да ве гушу још едн пут.

Запозна и добри и лоши људи и досадни и интересни и деца и постари, овуј игру гу правив интересну људи што гу играв а не Плато сељачиште, сс некои се написмо ракиичку сс други се отерамо у п.м и тија и тија ве сакам 😘 барем и тој нека е само затој што сте Македонци, а тој неможу да мрзу.

Не можу да се укључују на чат што ми скратуе голем дел од задовољство кое га пружа тј дел од игру и дружбу ама јебига не ме плаќав оволко за да дрему на некои си четови 🙂

Не сам слаткоречив или писател што може да се види од погоре напишано затој и немам напишано много статие и немам земено ММ медаљу

Сга би ве замолија за помош да гу светну туј медаљу на мој профил за мој втор еРоѓендн
Свак на кога му треба помош и сака лебац за његов суб слободно нема пише "За Македониа за Татковината !!!" ке подулу на свите, може тој нема да биде одма ама свак ке си добие по 20 Q5-ки.

Фала ви на свите
Сајрус