Што треба да знаете на почетокот...Туторијал за почетници [MKD]

Day 765, 11:31 Published in Serbia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski
http://somokon.com/erep/hitcounter.png">
* At the beginning I wish to thank heroina for her help because i have used some of her tutorials in order to complete mine...This was done with her approval 😉
* На почетокот би сакал да и се заблагодарам на heroina за нејзината помош, бидејќи употребив дел од нејзините туторијали за изработка на мојот...Ова беше направено со нејзино одобрување 😉


Поздрав до сите нови еМакедонски играчи...

...овој е прв од серијата туторијали која ќе следува и кој се наменети да ви помогнат што подобро да ја разберете играта и да го најдете својот мотив да останете во неа...се надевам дека ќе разјаснам барем дел од вашите прашања на почетокот и дека лесно ќе ја совладате оваа игра и ќе станете нејзин лојален еГраѓанин...па да почнеме...(:


***НАПОМЕНА: За да видите некоја слика подобро--->десен клик врз сликата--->View Image***

Содржина
(со кликнување на некој дел од содржината веднаш преоѓате до тој дел кој ве интересира)

1. Wellness - Здравје
1.1. Што е тоа wellness?
1.2. Што доведува до загуба на вашиот wellness?
1.3. Како да го одржите/зголемите вашиот wellness?
2. Experience Points [ExP] and Level - Искуствени поени и Ниво
2.1. Како се добиваат Experience Points/Level?
2.1.1. Како да поставите аватар?
2.2. Како да се борите 5 пати дневно и да оддржувате wellness над 90?
3. Skill - Вештина
3.1. Како се зголемува вашата вештина-skill?
4. Како да најдете најдобро платена работа за Вас?



;1. Wellness - Здравје

1.1. Што е тоа wellness?

Wellness представува здравјето на вашиот граѓанин. Од вашето здравје зависи учинокот кој ќе го имате на работа (продуктивноста-productivity) и учинокот кој ќе го имате на бојното поле (штетата-damage која ќе ја нанесете при борбата). Доколку не го оддржувате/зголемувате вашето здравје вашиот граѓанин ќе почине кога ќе здравјето ќе му падне не вредност 0. Моменталната вредност на вашето здравје можете да ја видите во својот профил во табот Bio. Исто така од левата страна на екранот веднаш под знамето на земјата во која се наоѓате.
или

1.2. Што доведува до загуба на вашиот wellness?

* секој пат кога тренирате односно: My places-->Army-->Training Grounds-->Train губите по еден wellness поен
* секој пат кога работите односно: My places-->Company-->Work губите онолку wellness поени колку што изнесува квалитетот на фирмата во која работите (квалитетот на фирмата ви го покажува бројот на ѕвездички) пример ако работите во фирма со 3 ѕвездички (Q3 Company) секој ден кога ќе работите ќе ви се одзема по 3 wellness поени...аналогно на тоа ако работите во Q1 фирма ќе ви се одземе еден wellness поен...
* секој пат кога ќе влезете во битка односно кликнете на копчето Fight губите 10 wellness поени
* доколку за патување од еден во друг регион/држава користите q1 карта ќе изгубите 2 wellness поени, додека пак ако користите q2 карта тогаш ќе изгубите 1 wellness поен
* ако сте сопственик на фирма со вашиот account (а не преку посебна организација) секој ден ќе губите онолку wellness поени колку што изнесува квалитетот на вашата компанија
* доколку немате храна во вашиот инвентар во моментот кога се врши автоматско конзумирање на храната односно кога започнува новиот ден (во Македонија тоа е 9 часот наутро) вредноста на изгубениот wellness зависи од неговата моментална вредност...пример доколку немате купено храна а здравјето ви е 45 ќе изгубите 2 wellness поени

1.3. Како да го одржите/зголемите вашиот wellness?

* со конзумирање на храна од вашиот инвентар (се прави еднаш во денот - автоматски на почетокот на новиот ден) во Македонија тоа е 9 часот наутро...вредноста на wellness која ќе ја добиете зависи од квалитетот на храната (q1,q2...q5) и моменталната вредност на вашето здравје (леб со поголем квалитет носи повеќе wellness...истиот леб ќе ви донесе повеќе wellness доколку вашиот моментален wellness e понизок)
* со поседување на куќа (се прави еднаш во денот - автоматски на почетокот на новиот ден) во Македонија тоа е 9 часот наутро...вредноста на wellness која ќе ја добиете зависи од квалитетот на куќата, квалитетот на лебот кој го конзумирате и вашето моментално здравје
* со добивање на поклони-gifts (не купување туку добивање...доколку ги купите тие стојат во вашиот инвентар и треба да ги донирате-donate на некој за тој да ви ги прати преку offer a gift) зголемувањето на wellness-от е пропорционално со квалитетот на поклонот кој го добивате. Во еден ден максимално може да добиете 10 wellness преку поклони. Значи не 10 поклони туку 10 велнес од поклони. Пример 10хQ1 или 5xQ2...или 2хQ5...
* со лечење во болница - можете да се лечите само еднаш дневно под услов тој ден да сте учествувале барем во една битка...колку wellness ќе добиете зависи од квалитетот на болницата во регионот во кој се наоѓате...пример ако сте во регион со Q4 hospital по лечењето ќе добиете 40 wellness поени...за да видите каква болница има во вашиот регион во својот профил кликнете на името на регионот во кој се наоѓате...исто така и се лечите со тоа што кога ги исполнувате условите за лечење кај болницата има копче heal и со негово кликнување вие добивате wellness.
* со купување на wellness пакети по цена од 2 голд за еден. ова не ви го препорачувам на почетокот бидејќи тоа злато можете да го употребите за многу поважни работи. еден wellness пакет ви го зголемува wellness-от за плус 10.
* со користење на Q4(+1 велнес поен) или Q5(+2 велнес поени) карти при патувањето од еден во друг регион/држава

---> *Горе споменатото покачување на велнесот автоматски при почетокот на новиот ден се прави по следниве формули:
Зголемување на wellness-от= (1,5- (моментален wellness/100) )* бонус
Доколку немате куќа, формулата изгледа вака:
Зголемување на wellness-от= (1,5- (моментален wellness/100)) * квалитет на храната
Доколку имате куќа:
Зголемување на wellness-от= (1,5- (моментален wellness/100)) * (квалитет на храната+квалитет на куќата)

* Доколку имате куќа но немата храна во инвентарот се губи секоја функција на куќата. Значи ќе изгубите велнес исто како да немате храна

Колку е вашиот wellness поголем, толку е „потешко“ да го оддржите/зголемите. Ако вашиот моментален велнес е 95 со конзумирање на Q1 храна вашиот велнес ќе се зголеми за 0.55 и ќе изнесува 95.55. Ако конзумирате Q2 храна тогаш велнесот ќе ви се зголеми на 96.11, со Q3 на 96.65 итн. Но доколку вашиот моментален велнес изнесува 50 тогаш со Q1 храна ќе ви се покачи на 51, со Q2 на 52 итн. Тоа секако не значи дека треба денот да го завршувате со понизок велнес. Денот секогаш треба да го завршувате на 90+ велнес од следниве причини:
1. За да можете наредниот ден да работите во фирмата со максимален велнес и да постигнете максимална продуктивност. Вашиот газда може да види со колкав велнес сте работеле и може да ве отпушти ако не работите со велнес над 90.
2. Доколку сте се бореле, сте се излекувале, и повторно сте се бореле до велнес од 40, и подоцна тој ден се појави некоја важна битка Вие нема да можете да учествувате, а во некои битки од голема важност е дали ќе бидете во можност да се борите 2 дена

Некои од поискусните играчи го завршуваат денот со понизок велнес како би со помош на поквалитетна храна би го подигнале својот велнес за поголема вредност, но сепак тоа се поискусни играчи кои сигурно имаат и поквалитетна куќа пример Q5 која вие подолго време не ќе можете да ја купите. Затоа од особено значење е да го завршите денот со велнес над 90

* За пресметка на тоа колку велнес ќе добиете користете го овој wellness calculator каде треба да внесете моментален велнес, квалитет на куќа и квалитет на храна и ќе ви пресмета колку велнес ќе добиете при почетокот на новиот ден



;2. Experience Points [ExP] and Level - Искуствени поени и Ниво

Experience points - Искуствени поени (EP) го одредуваат вашето ниво/level во играта. Како напредувате со вашето ниво ви се отвораат повеќе можности. Вашето ниво можете да го видите во зеленото квадратче во горниот лев агол од вашиот аватар. Додека пак потребниот број ЕР за да го достигнте следното ниво можете да го видите во My places-->Profile--> во табот Bio.


2.1. Како се добиваат Experience Points/Level?

Искрено, не постои од една страна брз и лесен, а од друга страна спор и тежок пат кога е во прашање добивањето на ЕР. Најголемиот дел од нас го прошле единствениот „стандарден“ пат кој би изгледал вака:
* Првиот ден- Со промена на вашиот аватар и со наоѓање на вашата прва работа вие ги добивате првите 7 ЕР. Морам да напоменам дека ЕР добивате само при првата промена на аватар и работа а не при секоја наредна. За тоа како да најдете работа има објаснето подоле во туторијалот. Како да ставите свој аватар на почетокот. Аватар е онаа мала сликичка која ќе стои над вашето име. Еве како: кликнете на -->My places-->Profile-->во горниот десен агол одберете edit profile и потоа кликнете на копчето Browse... и изберете некоја .JPG слика. Откако ќе поставите некоја слика за ваш аватар и ќе најдете работа вие достигнувате ниво 2 и веќе ви се отвара нова можност а тоа е да станете воен регрут на вашата држава-ова значи дека ќе можете секој ден да тренирате и така да ја зголемувате вашата сила.


* Од вториот ден влегувате во фазата 3 ЕР дневно. Ова значи дека со кликање на work добивате 1 ЕР, додека со кликање на train добивате 2 ЕР
* Кога ќе соберете 25 ЕР што одговара на 5-то ниво (левел) вие влегувате во фазата каде се можни 13 ЕР секој ден...Што тоа значи?
--->Штом постигнете левел 5 пред вас се отвора можноста за учество во битка во војна во која е активна земјата во која се наоѓате (или земја со која вашата има потпишано алијанса)--->со одбирање на My places-->Training grounds долу ќе имате понудено копче Battles you can fight in-->со негово кликнување можете да ги видите сите битки во кои можете да учествувате-->кликнете на битката во која саката да учествувате-->со ова веќе сте на бојното поле Battlefield---> во средината има едно копче FIGHT...со негово кликнување вие се борите еднаш во битката...штетата која ќе ја нанесете зависи од многу фактори (вашиот велнес, сила, воен чин, и од тоа дали имате оружје во вашиот инвентар и со кој квалитет е тоа)...СО ЕДНО КЛИКНУВАЊЕ СЕ БОРИТЕ ЕДНАШ- ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ДОБИВАТЕ 2 ЕР НО ВИ СЕ ОДЗЕМА 10 ВЕЛНЕС И ЕДНО ОРУЖЈЕ ОД ВАШИОТ ИНВЕНТАР ДОКОЛКУ ИМАТЕ- МОЖЕТЕ ДА СЕ БОРИТЕ И ГОЛОРАКИ НО ТАКА НАНЕСУВАТЕ ПОМАЛКУ ШТЕТА

* Дополнителни ЕР се добиваат за секое гласање на Претседателските (секој 5-ти во месецот), Конгресменските (секој 25-ти во месецот) и Партиските избори (секој 15-ти во месецот)...односно со секое кликнување на копчето VOTE вие добивате по 1 ЕР
* Друг начин за добивање на ЕР ќе ви се отвори по добивањето на можност за учество во политичкиот живот а тоа е: доколку победите на Претседателските избори добивате 50 ЕР, за победа на Конгресменски избори и на избори за претседател на партија добивате 20 ЕР...

2.2. Како да дојдете до фазата од 5 борби дневно односно 13 ЕР, а воедно да го одржувате wellness-от над 90?

- Бидејќи играта ја започнувате од 50 велнес доколку играте без поголеми турбуленции (редовно) веќе 6-тиот ден вие ќе имате 25 ЕР и ќе можете да влезете во битка...Отприлика би имале велнес од 40 до 50 (но запомнете со помалку од 40 не може да се влезе во битка)...пример имате 45...одите САМО ЕДНАШ на копчето FIGHT...со тоа вие сте се бореле тој ден и ги исполнувате условите да одите во болница и да се лечите...значи по битката вашиот велнес е 45-10=35...доколку сте во регион со Q5 болница вие по лечењето ќе добиете +50 велнес и вашиот велнес ќе изнесува 35+50=85...со ова го завршувате овој ден...
- Наредниот ден доколку имате Q3 леб во вашиот инвентар вие ќе добиете 2 велнес со негово конзумирање и вашиот велнес ќе изнесува 85+2=87...потоа одите да работите (во почетокот одбирајте Q1 фирма) бидејќи во таква фирма ви се одзема 1 велнес при работа...значи по работата и тренирањето вашиот велнес ќе биде 87-1-1=85...потоа повторно одите во битка но овојпат откако ќе кликнете FIGHT не одите веднаш во болница туку кликнувате FIGHT AGAIN и се борите повторно вкупно 4 -пати...значи од 85 велнес ќе се борите 4 ПАТИ до велнес 45...85- 4*10 =45...е дури тогаш одите во болница и добивате + 50 значи...45+50=95 и со тоа го завршувате овој ден...
- Е веќе од наредниот ден вие веќе можете 5 пати да се борите...бидејќи лебот ќе ви зголеми велнес на 97...со работа и тренинг повторно сте на 95...потоа одите 5 ПАТИ во битка до 45 и потоа во болница и повторно го завршувате денот на 95 велнес



;3. Skill - Вештина

Овие поени се разликувата од искуствените поени. Skill поените се добивате при работа и се најбитен фактор при одредувањето на тоа колкава плата ќе добиете од вашиот работодавач. Целокупната индустрија може да се подели во три сектора:

* Land - Индустрија за суровини


* Manufacturing - Производство на готови продукти


* Construction - Градежништво


Моменталната вредност на вашата вештина во одреден сектор можете да ја видите во својот профил во секцијата Bio.


3.1. Како се зголемува вашата вештина-skill?

Скил поените се зголемувате со секое кликнување на копчето WORK односно по извршената работа вашиот скил во таа област расте а за тоа колку ќе порасне зависи само од моменталната вредност...кога имате понизок скил со работа добивате повеќе и обратно кога имате повисок скил со работа зголемувањето е помало од она при помал скил. Велнесот, нивото ниту типот на фирмата не играат улога во зголемувањето на скил поените.

Моја препорака е да почнете во одредена индустрија и да барате работа само во таа индустрија бидејќи првата што ќе ја одберете ќе ја разивавате најбрзо и најбрзо ќе стигнете до скил со кој ќе земате поголема плата



;4. Како да најдете најдобро платена работа за Вас?

Пред се, морате да биде свесни дека пронаоѓањате на најдоброто работно место за вас не значи прифаќање на најдобро платената работа на Job market-от. Постојат повеќе фактори кои го одредуваат квалитетот на работното место.

* На почетокот ќе биде објаснето околу берзата на работни места (Job Market)--->Market--->Job Market:

За потрага да ја ограничите само на секторот во кој сакате да најдете работа (секторот кој сакате да го развивате) кликнете на оваа сликичка (паѓачко мени)

Од понудените опции одберете го секторот во кој барате работа

Потоа кликнете на оваа сликичка

И одберете ја моменталната вредност на вашиот скил од претходно избрана индустрија (во граници од-до)


* Сега дојдовме до слободните работни места кои се нудат за вашиот скил. Секоја индустрија е поделена на неколку под-типови и тоа:

Во Land секторот односно добивањето на суровини може да работите на припирање на суровини и тоа: дрвo(wood), жито(grain), жeлезо(iron), нафта(oil) и дијаманти(diamonds)...Секоја суровина има своја сликичка:


Во Manufacturing секторот фирмите се делат според видот на готовиот производ кој го произведуваат и тоа: оружје(weapons), поклони(gift), храна(food) и карти(tickets)...нивните сликички:


Во Construction секторот фирмите се делат според тоа какви објекти града и тоа: одбрамбени системи(defense systems), болници(hospitals) и куќи(houses)...нивните сликички:




Се надевам дека Ви беа одговорени поголем дел од вашите прашања кои сигурно ви се јавуваат на почетокот од играњето. Доколку нешто и понатаму не е јасно или имате дополнителни прашања слободно обратете се кај било кој од поискусните Македонски играчи кои верувам дека радо би ви помогнале. Сите сме поминале низ ова и знаеме како е на почетокот. За тие што ги интересира повеќе ќе следуваат уште туторијали во кој ќе бидат објаснети некои други аспекти од оваа игра. Доколку сакате можете да прочитате се околу оваа игра на wiki.



Ви Благодарам за вниманието! Гласајте ако ви се допадна и претплатете се (subscribe) за да ги видите и следните туторијали


Искрено ваш