Со војна до нов Бејби Бум - MISSION COMPLETED

Day 1,145, 12:14 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


За почеток, сите кои се бебиња, плод на последниот Бејби Бум, ќе мораат да го прочитаат ТУТОРИЈАЛОТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Сега може да продолжиме понатака...

Иако денеска се скапав од пишување, сепак решив да склопам уште еден артикл.

Како што стојат работите, Бугарија ја доби првата војна. Но, нема причини за очајување, деморализирање, нервоза. Војната со Бугарија ни отвори добра прилика за ББ која ја искористивме најдобро што можевме и знаевме и сега ни останува преку едукација и засилена активност со бебињата да ја довршиме работата.
За разлика од вчера имаме безмалку 1500 нови играчи, што ако се спореди со 6000 (колку што бевме претходно) тоа значи дека сме ја зголемиле популацијата за некаде 25%. Такви се резултатите до сега, а до крајот на денот оптимистчките очекување се да стигнеме до 30%.
Ако земеме предвид колку од играчите дојдоа со последниот ББ и колку од нив денеска имаат над 20 левел, тогаш, би требало да бидеме задоволни од резултатот на војната со Бугарија, иако, за жал, најверојатн ќе ја загубиме.
Сепак, за оние што не знаат, мора да се напаомене дека условот кој го поставив за да направам нов прилог за Бејби Бум беше земјава да влезе во војна со некој од соседите. Секако,тоа не се случи заради тоа што ми беше интересно да гледам како војуваме, туку пораади тоа што, „Војна со Бугарија“ е наслов кој привлекува сам по себе и секако, добар аргумент да побарам нови 120 секунди во централните вести.
Такви беа и намерите на мојата партија ОеМ, и еден од главните аргументи за да се влезе во оваа војна. Секако, позицијата на еТурција исто така бараше таква одлука, но, ситуацијата со Бејби Бумот, беше приоритет.

Овде сакам да кажам дека нема простор за разочарувања, целиот ЕДЕН сојуз се собра против младата еМакедонија, а нашата поддршка од сојузниците за жал не беше во обемот кој го очекувавме.
Сепак, ние покажавме дека можеме да се носиме и со далеку побогати противници, кои за воља на вистината ја тенкираа речи си целата војна, а ние имавме проблеми со серверите и багови.
Како и да е, резултатите се такви какви што се, и барањето оправдување за нив, можеби ќе го намали почетното незадоволство, но нема да ни донесе решение. Значи, не бараме оправдувања, никого не обвинуваме, на крајот на оваа војна ние имаме илјадници нови играчи, што значи дека нашата мисија е завршена.

Апелирам до сите играчи, да го поддржат текстов со глас и некој шаут, бидејќи чувствувам пад на моралот кај голем број играчи, а тоа е најмалку што ни треба додека им правиме пречек на бебињата.
Сега, мораме да се фокусираме на Бејби Бумот и да го доработиме како што треба, бидејќи нова шанса, тешко дека ќе имаме.
Исто така, мораме да се одбраниме по контрата на еБугарите, но за тоа, во некој артикл ќе напише некој што повеќе се разбира од војување...

Затоа, само сложно, со патриотските чувства напред, и набрзо на сите ќе им стане јасно, дека еМакедонија е земја каква што тие од секогаш сакале да имаат.