[LAVCAN] Размислете!!!!

Day 1,438, 01:06 Published in North Macedonia North Macedonia by lavcan

Оваа статија заедно со сите коменрари ја користам за освестување
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1891021/2/20#comments ,
а со оваа статија целосно се согласувам!
http://www.erepublik.com/en/article/i-have-a-dream-voix--1891249/1/20

Вака почнува статијата на Лавчан... Кој ја нема прочитано, препорачувам да ја прочита и мојата последна статија. Што правиме????

Целосна поддршка досега до сите претседатели, успешни или неуспешни. Дали некој има пресметано колку време е потребно на играва да се посвети за да се истурка еден претседателски мандат? Многу, многу...
Последниве 10 дена, добив премногу прашања дали ќе се кандидирам на наредни избори, пораки со поддршка, но...

За што? Претходниот месец поминував по повеќе од 12 часа на ерепублик, ЗА КОЈ?
Дон Тас како претседател, за мене, направил најмногу до сега заедно со Струме. Тропнете ја главата ќе видите. Не сум јас тој што ќе ви кажува што направил, доволно сте паметни да размислите и видите. И ШТО?

Плукање по статии. Човекот работи неколку работи, губи време и реални пари поради сите нас, за нас тука е 24/2x30. Дали заслужил вака да се однесувате кон него? Јас незнам, пак ќе Ви речам големи сте Вие си знаете. И СЕГА?
Од ваквите како нас тука, ваква ни е и реалната држава. Ми се гади од политичарите, ми се повраќа од политиката, не имаат отепано и дорпва уште ќе не тепаат! ЗОШТО? - Затоа што, имаат и тие сфатено, што и да направат некој ќе ги плука, затоа си крадат и ТАСЕ ги боли за нас! Дали некаде во реалниот живот имате видено статистики како на Бобан? Дали некој Ви има кажано колку вреди 1 споменик во Скопје, колку вредеше парадата за 8-ми Септември, колку чини едно гостување на премиерот во Њу Јорк???? НЕЕЕЕЕЕЕ! Не само оваа влада, за сите зборам да не ме сфатите погрешно.
Влегов тука во политика поради тоа што бев ЗАМОЛЕН!!! Еве некој нека кажи дека лажам! Не сакав да се мешам, ме молеа. Искрен бев, спремен да се посветам, желен да помогнам. Resign -от од МРДЉС, искрено, ми беше најдобрата работа која ми се случила во играта! Се мислев и после тоа дали да се кандидирам за претседател но гледајте што се случува!!!
-ја газиме Грција
-се движиме накај Египет и СА
-отчети за секој потрошен денар
- во ОНЕ сме гледани како најуспешни играчи. Се што се прави во ОНЕ, неможе да помине без наш совет. Ја гледаат нашата посветеност и се гордеат што не имаат во тимот. Но каде е нашиот народ да застани зад нас???? Прашајте, Kibla, Baltazar8, pati, wea, gid1... што мислат за моменталниот наш тим таму ќе ви кажат!

Закључок:
Играва ми служеше за забава. Играва ја играв со цело мое срце, ме исполнуваше кога гледав 600 луѓе на армиски. Не ми се веруваше на македонската сплотеност. Солзи ми течеа кога не бришеа бугарите, но се гордеев на македонската верност према Турција. 100 пати не бришеа, се дивев на македонската желба за слобода и испушност...Не е грешка, се е напишано во минато време- НАМЕРНО!

Нема да одам за претседател. Зошто? АКО победам, да киснам по 16 сати на интернет за некој да се моча на моето изгубено време, да влезе 5 минути да ме исплука на 100 статии, да замини, а после јас 2 дена да си ја чукам главата? Да ме моли некој да се кандидирам, а после тој истиот кога нема да му давам украдени тенкови и пари, јавно да ме плука??? Да поминам низ плукачка кампања, да се карам со луѓе што ги знам во реалниот живот за глупава игра?
Извинете, ама овој филм морам да го премотам. Долго размислував, оваа недела после работа не се уклучувам на играва, знаете колку долг ми се гледа денот? Не сум јас дволичен човек, упорен сум и посветен. Еден обичен Ваш коментар, кој Вас ќе ви одземе 30 секунди, мене ми го променува денот, не поради тоа што сум премногу чувствителен, туку поради тоа што ВИЕ незнаете да го цените посветеното време на другиот.

Се претворивме како правава држава. Каква е таква е ги сакам најмногу и реалната и оваа, но или ќе промениме нешто, бар тука или нема далеку да стигнеме.!

Можи малку сум досаден, но си кажав се што ми лежи на срце и сега ми е многу полесно, А ВИЕ РАЗМИСЛЕТЕ!