I have a dream [VOIX]

Day 1,437, 04:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia
I have a dream that one day this nation will rise up and live out the true meaning of its creed!

Дел од говорот на Мартин Лутер Кинг... каде што повикува на обединување на целокупната нација: црнци, белци, индијанци, азијци...
Јас овде повикувам на обединување на АрМакедон, MTO, Панзер, Демонс, ДБК, Хаос, Волци... СИТЕ ВОЕНИ ЕДИНИЦИ кои ја бранат и чуваат еМакедонија!

Јас имам сон дека еден ден ќе ги видам сите овие единици како заедно го прават познатото о7! Јас имам сон дека еден ден ќе ги видам сите непријатели на еМакедонија покорени на мапата и дека поради нашата сложност ќе останат покорени таму каде што треба.... под еМакедонија!

Во оваа статија тие работи што ги видов ме натераа на момент да посакам да се откажам од играва или пак во најдобар случај да станам двокликаш, ама вистински двокликаш! Не ме разочараа сите коментари, туку ме разочараа тие коментари од луѓе што не ги очекував, од познати еМакедонски жители кои правеле многу за еМакедонија! Пуштив и јас неколку коментари кои сега нема да ги кажувам, ако веќе сакате да ги видите побарајте ги во статијата од која што дадов линк претходно... криво ми е што барем за момент паднав на ниско ниво, да објаснувам на некој кој сум и што сум! Толку за таа статија не сакам да си ја валкам мојава статија со коментари од таму!

Дали ова ни се случува само на нас?!


Мапа на еМакедонија во моментов

Ова беше нашиот сон кога ја додадоа еМакедонија во играва... така? Мислите ли само тука да застанеме? Со такво однесување на личности од еМакедонската политика можеби и ќе застанеме!!! Сликата погоре беше нашиот сон, кој сега ни е остварен, исто така како што гледате одиме надолу, се шириме... полека ја враќаме нашата империја, но уште нешто да ви кажам... Империјата се растура од внатре, затоа што е доволно моќна да од надвор никој неможе да ја растури!

Имам сон да го видам секој еден еМакедонец, како ја става еМакедонија пред своите медали! Во моментов ова ми е најголемиот сон во играва!
Сега ќе ви објаснам зошто го пишав баш тоа и баш така:
Незнам дали приметивте дека Scymex, Aexil Kong, Mudash... многу послабо тенкаат отколку на времето?? Премногу е очигледно за да не се види! Точно да ви кажат само тие можат, но јас ќе ви кажам што е највероватно па после тие нека кажат во коментар што е вистинската причина... ИМ СЕ ГАДИ ОД МАКЕДОНСКАТА СЕБИЧНОСТ! А богами и мене! Штом дозволивме на овие луѓе да им направиме да им се згади што сакате повеќе???

Не се прави тоа само со збор!

Неможе некој да ми рече патриот сум ќе направам се за еМакедонија! А верувајте немора само да тенкате за да направите нешто!!! Немора да трошите РЖ пари за да направите нешто! Дали Струме тенкал? Не!!! Но сите знаеме дека човекот е патриот и си ја сака еМакедонија... го знаеме тоа по тоа што тој го прави преку својот весник!
Затоа доколку сакате да ми се правите патриоти превземете нешто и не дозволувајте со ваши коментари да го натерате некој еМакедонец да се откаже од еМакедонија и од играва!!! Ионака нашиот број се повеќе се намалува, после следува познатото плачење!

Затоа размислите што правите... ова посебно го упатувам кон оние еМакедонци кои навистина можат да направат големо влијание во оваа игра!

Очекувам коментари...добри и лоши! Некои можеби ќе се пронајдат, но немојте да се страмите да коментирате, баш ме интересира мислењето на сите за оваа работа!

Поздрав и да знаете дека сите ве сакам, без разлика кој сте и што сте, Македонци сте!!