Излези момче…..некаде на прес!

Day 1,602, 13:16 Published in North Macedonia North Macedonia by BlackbMamba24

Честитки до нашите ракометари кои го оставија срцето на терен и успеаа да обезбедат олимписка виза за Лондон. Играа феноменално, ги посрамотија противниците, ги решетеа противничките мрежи, Борко царуваше на голот, Кире блескаше и најбитното игравме и преку крила. Е сега ај да се разбудиме тоа е само идеалната замисла на Шундо, Маки и екипата ама реалноста не е така ! За жал !

Се случи тоа шо се случи во Србија изигравме како изигравме ама во период од 60 дена многу работи се променија. Причината е добро позната барем за луѓето со реални размислувања и сваќања за Македонскиот менталитет. Кире и екипата изиграа презадоволително во Србија. Ги дочекавме на плоштад, помина низ триумфалната капија, поминаа на свечени пречеци низ сите Македонски државни институции и сето тоа ги воведе во облаци мислејќи ќе играме во Шведска квалификации за Олимпијада и таму сите ќе ни се плашат. Всушност има една банда без команда. Зошто е тоа така сега ќе ви објаснам.

Почнувајќи од “кормиларот” т.н селектор (барем така има квалификација а дали ја врши функцијата е друга работа) Ѕвонко Шундовски дечкото кој нема контрола над оваа екипа. Прво и основно човекот нема авторитет во репрезентацијата. Неможе на тајм-аут Кире или Мојсо да кажуваат акции кој и како ќе игра а човекот што треба да го кажува тоа ќути и гледа немо.

Второ !

Неможе нашиот најквалитетен играч да го влече својот помал брат во репрезентација и со тоа малиот да зазема простор за други играчи кои се многу поквалитетни од него. И истиот тој наш најјдобар играч да диктира кој да игра кој не. Јас не сум тој квалификуван стручњак кој ќе сугерира кој треба да се викне АМА сигурно од Филип Лазаров има многу поквалитетни играчи на таа позиција.

Трето !

Се повреди за несреќа нашето најдобро десно крило Темелков и Шундо има на клупа повикано уште едно десно крило З.Мојсовски и притоа не го внесува во игра, се жали дека е дефицитарен баш на таа позиција. Па добро бе зошто не го ставаш во игра Златко а притоа го повикуваш во репрезентација ? Јас лично неможам да сватам како може на местото на Темелков да не го повика Гоце Георгиевски туку на тоа место повикува уште еден голман. Тој трет голман покрај Борко и Диви никогаш нема да застане меѓу стативите додека они двајца не се пензионираат од репрезентацијата. Најконтроверзно нешто што го забележав е баш за таа позиција десно крило. Влатко Митков кој јас не оспорувам дека не е квалитетен играч но, Митков е десен бек а не крило. Зошто да експериментирам со глупави потези кога на клупа имам класично десно крило? Ние Шведска сме? Франција? Данска? Хрватска ? па да можеме да експериментираме ? Па луѓе бе експерименти се прават кога имаш поволен и сигурен резултат.



Четврто !

Во Шведска Македонската Машка Ракометна Репрезентација не беше ни бледа сенка со својата гранитна одбрана, Кире со својот разорен шут, а нити Борко беше на ниво! Дисциплината во напад беше на ниво на забавачиња. Преголемиот број технички грешки, премногу примени голови од 9 и повеќе метри резултираше на овој резултат на Македонија. Шундо изгледа има слаб вид или има споро размислување а ќе прашате зошто. Па Унгарецот Перез направи дупки во мрежата на Борко од 9 и повеќе метри со своите разорни удари, Андерсон исто, Тешеира, Кривокапиќ а нашиот таканаречен Селектор стоеше бесцелно и беше безгласна буква во целиот тим. А негова функција е да намести маркер на некој играч, да укаже на грешки, да советува играчи како и каде да се движат во текот на мечот а не да стои со рацете на половина како буквата Ф. Сите селектори со исклучок на нашиот во случај на криза на неговите играчи било во напад или одбрана повикуваат тајм-аут да ги консолидираат редовите а нашиов се чудеше за што му служи тоа зелено картонче, изгледа човекот нема многу искуство во ракометот како тренер .Требаше да смисли нешто за да ги сопре Перез и Андерсон, како што унгарскиот и шведскиот стручен штаб најдоа лек за Кире Лазаров. Не прочитаа, јасно е тоа, ама треба во момент да се реагира, тоа е селектор, и нешто да промени, да се обиде со некоја друга поставеност, да се отворат крилата, да се згусне одбраната, да се излезе понапред на шутерите кои го растурија Борко Ристовски.
Наумче Мојсовски можеби беше и најдобриот македонски играч на овие две средби, ако се знае дека играше под инјекции, со болки во коленото. Миркуловски, секогаш борбен, ама многу често знае да се занесе и да влета во противничкиот гард. Тоа или ќе биде пробивање, или пак ќе добие удар што ќе го исфрли од ритам.

Столе Стоилов е откритие, ама после Србија, и на него многу повеќе внимаваат.

И тоа повторно не враќа кај бековите. Толку е лесно да се прочита нашата игра. Кире до Мојсо, Мојсо до Кире, тука е некаде и Миркуловски, ама не можеме да ја пробиеме противничката одбрана. Ниту кога имаме играч повеќе. Ниту кога тие ќе ја загубат топката, ние можеме да се трансформираме за брз противнапад. Е, како можат Унгарија и Шведска?! Најверојатно, подобри се од нас. И тоа треба да се признае. Фалангата дава поддршка, ама не игра на теренот.

На крај : Шундовски, фала ти за тоа шо не донесе до овде, а сега те молам напушти ја функцијава додека многу повеќе не се избрукаш.

А најголеми честитки до македонската фаланга, од која цела Европа се плашеше, која не се штедеше финансиски да замине во Шведска и Србија и да даде безрезервна поддршка за Македонија.

Народе македонски се додека личните интереси и политиката се вмешуваат во спортот вака ќе биде секогаш и во овие случаи публиката ќе страда!

Без грам љубов и бесконечно многу сарказам, Алекандар!

Превземено од мојот блог: ajdarov.wordpress.com

Излези момче... некаде на прес!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2004743/1/20