Олимписки квалификации (after party)

Day 1,601, 16:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

For the international subscribers, this article is about the Macedonian national teams which played and will play in the qualifications for the Olympic games in London.


За првпат во нашата спортска историја имаме шанса да одиме на Олимпијада во некој екипен спорт. Дури 3 наши репрезентации изборија пласман во квалификациски турнири, прво кошаркарите, па ракометарите и на крај ватерполистите после откажувањето на Нов Зеланд.

Најголеми надежи нашата јавност полагаше во ракометарите и со право - го имаме Кире Лазаров, еден од најдобрите ракометари на денешницата и една цела генерација која има само 2 слаби точки - немаме лев бек шутер и добар тренер. На Европското првенство во Србија бевме подобропласирани од Шведска и Унгарија и требаше само да го потврдиме тој пласман со една победа против било која од овие две репрезентации и победа против „аутсајдерот“ Бразил. Швеѓаните беа без нивниот најталентиран лев бек, Du Rietz, а Унгарците без дваjca клучни играчи, Ferenc Ilyés и Tamás Iváncsik. Ние бевме само без Темелков, но наместо да го повика Гоце Георгиевски, Шундо реши Никола Маркоски да го пополни празното место и да игра со Влатко Митков како крило. Замислата веројатно беше да нема многу измени одбрана-напад, арно ама Митков се трошеше да трча за џабе во напад, а Кире се трошеше да игра одбрана на крило. Тоа беше најголемата грешка на Шундо. Другите грешки (а ги имаше) би ги оставил на експертите. На следниов линк има нешто интересно во врска со сето тоа.
http://thacasper.blogspot.com/2012/04/blog-post_08.html

Ако размислуваме на малку поинаков начин, може да дојдеме до заклучок дека неуспехот е само лоша карма. Зошто лоша карма? Па во исто време се играа квалицикациски турнири во 2 спорта каде што учествуваме и сите заедно, од државниот врв преку медиумите се до нас, љубителите на спортот некако ги занемаривме ватерполистите за сметка на ракометарите. За ракометарите се обезбедија сите потребни услови - се испратија 500 навивачи да ги бодрат во Шведска со цел да им се помогне, беа испратени од државниот врв со цел да се мотивираат, но на крај разочараа. Мене ми боде очи тоа што за разлика од обезбедените влезници за 2 натпревари на Европското во Србија, тука не се објавија имињата на „среќните“ патници. Тие „среќни“ патници на крајот според информациите од Шведска се испотепале меѓу себе и не усрамија сите нас пред шведската јавност. Ракометарите, за разлика од нив, иако изгубија на сите 3 натпревари, чесно се бореа додека имаа шанси за Олимпијада и немам замерки кон нив, иако скоро сите (освен 3-4) дадоа полоши партии од тие во Србија.

Додека ракометарите и целата македонска јавност се спремаа за турнирот во Шведска, ватерполистите мака мачеа да ги обезбедат потребните средства за да отпатуваат за Канада. Во последен момент се обезбедија средства и репрезентацијата отпатува. Нашите воглавно глупави медиуми ги отпишаа одма после поразот од јужниве. Пред натпреварот со Германија нашите беа и „теоретски“ отпишани од медиумите, никој не вршеше пренос, на спортските вести на нашите медиуми се одвојуваше многу малку простор за нив, а заслужија. Дојдоа на 1 чекор(натпревар) од пласман на Олимпијада, за разлика од ракометарите кои дојдоа на 2, требаше само да ја победат Шпанија, ама реално не можеа и иако се бореа, загубија, но тесно. На крајот од турнирот завршија на 5.место со биланс од 4 победи и 3 порази. Браво ватерполисти!

Сега надeжите останаа во кошаркарите кои ќе имаат тешка задача да се справат со Русија, Грција и Литванија како и со 8 други неевропски репрезентации. Најдобрите 3 од овие 12 ќе се пласираат во Лондон. За кошаркарите ако не ме мрзи ќе подготвам специјална статија (како што подготвив на мојот профил на фб пред натпреварот со Литванија).