>>Министерот за одбрана фатен како краде (има и слики)<<

Day 1,735, 05:42 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Министерот за одбрана го фативме како злоуотребува државни пари од каналите на Удар. Дечкото жив го фативме и го сликавме како злоупотребува државни пари за свои лични цели и за материјална корист на неговата единица. Порано кога некој ќе се фатеше да краде ако не друго имаше морална одговорност, но сега откако турбофолкерите се на власт крадењето стана ИН и не само што не се чувствува никаква морална одговорност туку крадењето се промовира како позитивна карактерна особина и обично тие што крадат се здружуваат помеѓу себе и се пикаат во министерствата кај секој претседател.

Се почна кога ДБК направи повеќе од 13 милиони инфлуенс во една битка од кои 10 милиони од еден играч. (слика 1)
Прва работа што направив е тоа што пуштив шаут да на се краде (слика 2). Тие што си ја имаат мувата на капата одма се јавија во шаутот. Видоа дека се фатени во крадењето и почнаа се повеќе и повеќе да се заплеткуваат во своите непромислени изговори.

Во истиот момент кога јас го пуштив шаутот командантот на Тигри TRTE T. го воочил истиот проблем и реагирал во групната порака со командантите на Воените единици. Таму се јавила уште една чучулига да го оправда крадењето а организаторот на кражбата се повеќе и повеќе започна да се заплеткува во своите изјави. (слика 3)

Организаторот на кражбата тврди дека имало наредба да се пука во битката со Бугарија. На следниот линк http://pastebin.com/UBh66hU4 можете да го проверите логот од Удар каналот во кој може да се види дека организаторот на кражбата кој воедно е и министер за одбрана и во тој момент даваше команди на #udar4 НЕ ДАЛ ННАРЕДБА ДА СЕ ПУКА ВО БУГАРИЈА туку само за Словенија.

Од слика 3 можеме да видиме дека организаторот на кражбата вели дека дечкото што пукал отишол на свадба за да после некое време излезе со слики со кои сака да гарантира дека се е во ред. Сликите можете да ги видите како слика 4 и слика 5

Како што забележува и ТРТЕ Т сликите се чист фалсификат бидејки и самите м,ожете да видите дека се изработени од страна на организаторот на кражбата. Фалсификатот на сликите може да се потврди и доколку земете еден дигитрон и пресметате дека при пукањето во третата битка играчот остварил 1531855 инфлуенс со 120 удари а во четвртата битка освоил 4444626 инфлуенс со 390 удари. Тоа значи дека во третата битка играчот имал удар од 12765 инфлуенс а во четвртата битка 11396. Како може во претходната битка играч да има 1369 инфлуенс помал удар од следната битка се прашувам јас и ве прашувам и вас?

Сликата 6 ја ставам како лична сатисфакција затоа што еден од моите најголеми тролови за сите времиња thekoki пред извесно време се приклучи на единицата Тигри согледувајќи ја правдољубивоста и фер и коректната посветеност на Тигри во играва. На сликата јасно се гледа дека кога и најголемиот мој трол ќе излезе од тој тролскиот филм и ќе почне да размислува со своја глава користејки притоа аргументи за неговите тези ќе види дека проблемот не е кај Шмекерот туку кај неговите довчерашни пријатели тролови.


TIPS & TRICKS - Како да препознаете чучулига?!?

Ако во коментар на оваа статија наместо нешто поврзано со фаќањето на крадецот кој е министер во неколку министерства од оваа и од изминатите влади прочитате обвинувања кон мене дека сум украл 500, 600, 800 злато или незнам колку пекари, оружари, фирми, пари, оружје, воена единица ... а при тоа немаат ниту еден аргумент (а ќе немаат бидејки не мислат со своја глава туку повторуваат тоа што некој друг ќе им го каже) е класична дефиниција за чучулига.

П.С. Порано пред турбофолкерите да завладеат со Македонија во играва си постоеја морални норми според кои крадците во тоа време играчите ги осудуваа со тоа што им ги бојкотираа весниците, не ги дружеа, не им дозволуваа да влезат во влада, не ги гласаа за конгресмени итн. Сега во оваа неморална Македонија имиџот на крадец е ИН и навистина не очекувам дека Министерот крадец кој е фатен на дело ќе биде разрешен од функциите или дека понатаму повеќе нема да му дозволуваат да учествува во нечија влада. Турбофолкот е зло кое ни е наметнато од одредена група на луѓе кои животот го разбираат како задоволување на личните интереси а не интересите на државата. Иако во моментов ситуацијата е таква сепак играчите на играва треба да се замислат до кое дереџе е дојдено со моралот во Македонија и да се потрудат тоа да го променат, секој со своите можности и секој на свој начин. Борбата за Македонија не е само на фронтот туку и во главите на луѓето.

СЛИКА 1

СЛИКА 2


СЛИКА 3



СЛИКА 4

СЛИКА 5

СЛИКА 6




СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Smekerot

Тие родени од старамајка што сакаат да стават shout

Министерот за одбрана фатен како краде (има и слики)
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-2105308/1/20


EDIT:


Шефовите полека но сигурно се откажуваат од своите чучулиги

Чучулигите им се од корист на своите босови се додека не почнат негативно да влијаат по рејтингот на босот. Во моментот кога шефот ќе се почувствува загрозен ОДМА се откажува од својата чучулига.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Немојте да бидете ничија чучулига. Размислувајте со своја глава. чучулигите се за еднократна употреба.

Еве го првиот како се откажува за само 1 час од објавувањето на статијава