Рефундот и неговата злоупотреба [marjansp]

Day 1,734, 08:56 Published in North Macedonia North Macedonia by marjansp

Добар ден Македонијо !


Статијава решив да ја напишам со цел да го информирам народот за неправдите што се случуваат околу рефундот што го земаат единиците.
Пробав со лугето кои се одговорни за оваа работа да разговарам и тоа да се среди, меѓутоа наидов на голем отпор истото го очекувам да се случи и со оваа статија.

Сите знаете дека се смени воениот модул и дека сега секоја битка во секоја дивизија е многу важна, не е како порано кога беше важно само да се направи повеќе инфлуенс за да се добие битката.
Имено со стариот модул некако и одговараше овој систем на рефунд, меѓутоа со новиов има сериозни недостатоци, кои некои луге пред се од личен интерес не сакаат да ги променат.


Рефундот како државна мерка има една цел, да се помогне на сите сите војници да обезбедат тенкови за полесно да се справиме со непријателите ,односно дел од трошоците да си ги повратат назад.
Еве ке посочам некои примери за да видите дека не сите војници се третирани на ист начин од државата, односно државата за некого е мајка за некого маќеа.

Јас моментално имам 12 948 сила, со 60 фф правам штета – 744840
додека еден мој соиграч има 4193 сила и со 60 фф прави - 214920

Каде е тука неправдата?
Двајцата ќе потрошиме исто тенкови и јас 10 и тој 10, и јас ќе потрошам леб исто колку и тој, меѓутоа мене држава за испуканото ќе ми плати

744840 * 0.00045 + 5 ден од тенк = 385 мкд
а на соиграчот , 214920*0,00045+ 5 ден од тенк =146 мкд

Со моменталните цени на пазарот јас со моите пари ќе купам 17,5 тенкови а тој 6,5


Прашањето е следно
Зошто јас да бидам во добивка а тој во загуба ?
Зарем не пукаме исто и двајцата за Македонија ?
Зошто јас да бидам привилегиран?
Јас си имам моја дивизија, тој си има своја, мојот инфлуенс е важен во мојата дивизија исто како што и неговиот е важен во неговата дивизија.


Ова е пример со по еден војник, е сега замислете воена единица со 15-20 члена сите над 12-15 некои и 20 к сила тоа е рамно на организиран криминал, легално крадење на државните пари !

Решението е едноставно, или да се промени начинот на пресметување во зависност од дивизиите или да се направи некоја друга промена која ке ја исправи оваа неправда која ние самите им ја нанесуваме на нашите помлади соборци.

Само едно е сигурно, вака не е фер !
После Цацко е крив што ни изумира еНацијата


Главни противници на оваа моја идеја се Deda_Mraz и Grand Amiral Kristijan,(повекекратните владини функционери) за нивните мотиви ке треба самите да се изјаснат,еве им прилика нека кажат пред народот !



Edit:

Благодарение на мојот пријател dDejan еве ви линк каде прецизно се гледа од последниот удар кој од војниците и кои единици се во добивка а кои се во загуба !




Поздрав, Marjansp !