>>Зошто да гласаш за Републиканската партија?!?<<

Day 1,554, 12:28 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Почитуван гласачу!

Во еМакедонија само ТОП 5 партиите можат да кандидираат конгресмени на претстојните избори. Затоа Републиканската партија те замолува да се вклучиш како нејзин член за да може на изборите за конгресмени да излезе со свои кандидати. За возврат Републиканската партија ти ја нуди следната политичка платформа која нејзините конгресмени ќе се трудат да ја имплементираат во Конгресот и во еМакедонската политика.

1. Почитување на Деловникот за работа на Конгресот
2. Промовирање на Македонска Национална Политика на 10/10 ресурси
3. Стратегија за помош на Македонските бебиња
4. Промовирање на автентична Македонска политика а не вазалска политика
5. Вадење на политиката од тајните канали на мирц назад во Конгресот и политичките партии и нејзино водење на домакински и транспарентен начин
6. Донесување на Устав на еМакедонија


За оние кои сакаат да се информираат подетално околу нашата политичка платформа таа во подолниот дел од статијава ќе биде накратко точка по точка објаснета.

1. Почитување на Деловникот за работа на Конгресот

Деловникот е документ кој пред 100 дена беше донесен од тогашниот Конгрес. Можете да го погледнете на следниов линк http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-1912504/1/20 Овој документ ги исцртува правилата за функционирање на Конгресот. Таму е напишано на кои канали се собираат конгресмените, какви комисии постојат во Конгресот, како се бира претседател на Конгресот, како се бираат членови и претседатели на комисии ... едноставно таму се напишани правилата по кои Конгресот би требало да функционира. Тие правила се променливи и секогаш зависат од мнозинството на конгресмени кои можат да ги менуваат.

2. Промовирање на Македонска Национална Политика на 10/10 ресурси

Македонија е една од најмладите земји но исто така и една од најсилните земји во играва. Македонија заслужува да води своја надворешна политика која ќе ги заштитува најпрво нејзините национални интереси а потоа и интересите на сојузот. Во оваа игра крајните интереси на една држава се 10/10 ресурси. Ние мислиме дека Македонија според силата и бројноста на нејзините граѓани заслужува да има 10/10 ресурси. Поради тоа потребно е да се донесе Државна Национална Стратегија и според таа стратегија да се креира Македонската надворешна политика. Мораме да ги најдеме тие 10/10 ресурси кои најмногу ќе и одговараат на Македонија и така да си ги бараме сојузниците во играва. Ако пред 1 година цел на играчите беше додавање на Македонија, ако пред 6 месеци цел беше Македонија да не биде избришана, сега е време целта на Македонија да биде 10/10 ресурси и креирање на внатрешен и надворешен амбиент за постигнување на тој резултат.

3. Стратегија за помош на Македонските бебиња

Играчите се најважниот ресурс во играва. Отука и нашата политика да се грижиме за новите играчи односно бебињата. Ние го поддржуваме проектот BABY SQUAD и инсистираме секој месец да се донираат по 500.000 мкд на тимот од таа единица кои на транспарентен начин, исто како и до сега, ќе ги поделат тие пари во вид на донации во храна и оружје на бебињата и со совети ќе им помогнат што поголем дел од нив да се задржат во играва. Статистиките покажуваат дека само 10% од бебињата продолжуваат да ја играат играта, но со работењето на BABY SQUAD тој процент е над 50%. Затоа ние инсистираме на донирање од 500.000 мкд за сите играчи со помалку од 1000 сила.

4. Промовирање на автентична Македонска политика а не вазалска политика

Сите играчи кои се подолго време во играва се свесни дека Македонија игра сервилна улога во ОНЕ. Сите знаеме колку се слуша нашиот збор таму и колку е тој сојуз функционален. Време е Македонија да почне да води своја Македонска политика која ке ги штити Македонските интереси. Интересите на Македонија треба да бидат пред личните интереси на лицата кои ја водат политиката и пред интересите на сојузот.

5. Вадење на политиката од тајните канали на мирц назад во Конгресот и политичките партии и нејзино водење на домакински и транспарентен начин

Можеби знаете можеби не но кога доага претседател на функција околу него се пуштаат едни исти 20 луге кои му кажуваат што да прави. Го викаат на канали и му кажуваат на кој да објави војна, во која битка да пука, колку тенкови да купи и кога да ги подели ... едноставно тие 20 луге 70% управуваат со политиките на претседателот додека останатите 30% од управувањето на државата се оставени на креативноста на самиот претседател и најчесто тој е критикуван во јавноста за тие 30% од водењето на државата додека останатите 70% советнички политики на тие 20 луге никој и никогаш несмее да ги критикува. Ние тоа сакаме да го промениме. Сакаме да ги демистифицираме тие 20 советници и да ги поканиме да се кандидираат во Конгресот каде што на една демократска и отворена за граѓаните дебата ќе се донесуваат одлуките за државата. Сакаме да ги промениме тие 20 виртуелни авторитети кои никогаш додека ја играат играва не напишале ниту една статија не кажале ниту една идеја, јавно не промовирале ниту една политика но секогаш од позадина го кочеле развојот на Македонија и ја уништувале играта. Затоа сакаме политиката да се води во политичките партии и во Конгресот а не на тајните мирц канали.

6. Донесување на Устав на еМакедонија

Сметаме дека донесување на Устав значително ќе го промени демократскиот амбиент во Македонија. Во дебатата за донесување на Устав ќе се одлучи каква држава сакаме. Дали сакаме претседателски модел како сега, дали сакаме парламентарен модел во кој влааста ке ја има Конгресот или ке градиме мешовит систем во кој власта ке ја има и Конгресот и претседателот. Уставот ќе бидат пишаните правила според кои ќе се знае кој ќе донесува закон за НЕ и според која процедура, Ке се знае кој ке ги менува даноците, ке се знае кој ке преговара за формирање на сојузи ....



Во политиката е легитимно да имате истомисленици но и да имате критизери на одредена политика. Логично е истомислениците да бидат дел од една политичка партија додека критичарите да бидат членови на друга политичка партија.

Пред да одлучите во која партија да се вклучите прочитајте ја оваа Програма и споредете ја со Програмите на останатите партии па видете чија Програма е најблиску до вашите ставови и приклучете се кон таа политичка партија.

Доколку ви се допадна нашата Програма и одлучите да се зачлените во Републиканската партија тоа можете да го направите на следниот линк http://www.erepublik.com/en/party/republikanska-partija-3652/1




СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Републиканска Партија



За оние родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

Зошто да гласаш за Републиканската партија?!?
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-1972465/1/20