Изборите за Претседател на Конгресот се регуларни [EU, OSCE, MOST]

Day 1,499, 06:12 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot






Претставниците на ЕУ, ОБСЕ и МОСТ во Македонија после одржаните избори за Претседател на Конгресот излегоа со заеднички став кој гласи:

ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОНГРЕСОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖАА СПОРЕД СИТЕ ЕВРОПСКИ ДЕМОКРАТСКИ СТАНДАРДИ И СЕ РЕГУЛАРНИ!!!


Странските набљудувачи оваа нивна констатација ја темелат на следните факти:

Декемврискиот избор за конгресмени во Македонскиот Конгрес помина во најдобар ред. Вкупно 37 конгресмени го добија својот мандат од македонскиот народ да го претставуваат народот во Законодавното тело Конгресот.

Некој од новоизбраните конгресмени се сетил 30 конгресмени да вклучи во ингаме групна порака за да можат полесно да се договорат. Тој вклучил 30 а не сите 37 конгресмени бидејки технички не е возможно да се вклучат повеќе од 30 во групна порака. Во таа порака бил вклучен и Smekerot

Smekerot како поранешен Претседател на Конгресот а според Деловникот за Работа на Конгресот имал обврска да ја организира и да ја води ОСНОВАЧКАТА СЕДНИЦА НА КОНГРЕСОТ. Smekerot испратил кружна порака до конгресмените и напомена тие да ја препратат до останатите што не се вклучени во кружната порака. Бидејки претставници од сите партии биле вклучени во групната порака Smekerot се надевал дека тие ќе ги известат своите сопартијци. Пораката била испратена 30 часа пред одржувањето на ОСНОВАЧКАТА СЕДНИЦА со надеж дека сите конгресмени ќе бидат навремено информирани. Пораката скенирана бил оставена и во топик на официјалниот канал на Конгресот #eMKD.Kongres




На седницата во закажаниот термин дошле 20 од вкупно 37 конгресмени меѓу кои и двата кандидати за претседател на Конгресот: Smekerot и Grand Admiral Kristijan. Со тоа легитимитетот на седницата е неспорен бидејки присуствувало мнозинството на конгресмени дури 54% од нив. ОСНОВАЧКАТА СЕДНИЦА течеше во најдобар ред. Кандидатите ги претставија своите Програми по што конгресмените гласаа. Smekerot доби 10 гласа а Grand Admiral Kristijan доби 8 гласа. По предлог на Grand Admiral Kristijan кандидатите за претседател на Конгресот не гласаа. Гласањето изгледаше вака




од сликите погоре можеме да видиме како противкандидатот Grand Admiral Kristijan заедно со неговите поддржувачи му ја честитаат победата на Smekerot што претставува уште еден доказ дека изборите протекоа во најдобар ред.

Со овие аргументи набљудувачката мисија на ЕУ, ОБСЕ и МОСТ констатира дека изборите за Претседател на Македонскиот Конгрес поминале во фер и демократска атмосфера

Поради големата славеничка еуфорија што ги зафати конгресмените и се отворија разни дебати за Конгресот новоизбраниот Претседател на Конгресот ја прекина основачката седница и ја одложи на одреден период додека не спласнат страстите.



КОМУНИСТИТЕ И АНАРХИСТИТЕ НЕ ГО ПРИЗНАВААТ КОНГРЕСОТ

Но како и секогаш досега така и овој пат комунистите од ЗПЕМ излегоа со статија ЗПеМ нема да учествува во конгресот + бесплатни државјанства ! [ Б Р А Н Е ] во која одбиваат да ги почитуваат одлуките на Конгресот и манифестираат анархистичко однесување. Со нивните 5 конгресмени од кои едниот е баниран за мулти излегоа од Конгресот.



Овие 5 конгресмени од комунистичката ЗПЕМ станаа политичка алатка на анархистичките структури (читај некои од операторите на #eMKD) предводени од анархистот Fricke и неговите вазали. Од позиција на оператор на официјалниот канал на еМакедонската заедница #eMKD брзоплетиот Fricke го тргна од топик официјалниот канал на Конгресот и на негово место постави некој нов пара канал за овие 5 конгресмени од кои едниот е баниран и со тоа пофторно по незнам кој пат го прекрши Правилникот на #eMKD за кој самиот треба да се грижи.




Нисачим изазван 🙂 брзоплетиот анархист Fricke прогласи анархија на #eMKD.


Ставот на претседателот на Конгресот Smekerot е крајно десничарски кога се работи за анархистичко-комунистичката групација и тој гласи: Доколку одлучиле да го напуштат Конгресот нека се откажат од конгресмени со тоа што ќе го натиснат копчетно RESIGN и ќе го ослободат македонскиот народ од нивните популистички политики.

Но набљудувачите одлучија да им се даде уште една шанса на комунистите да се вратат во Конгресот знаејки дека се водени од 16 годишно момче и знаејки го брзоплетиот карактер на Fricke и затоа предложија продолжението на основачката седница да се одложи за уште еден ден. Претседателот на Конгресот иако неволно ја прифати оваа одлука на набљудувачката мисија и им даде шанса на странските омекнувачи да пробаат да ги вратат комунистите назад во Конгресот.

Конгресот нема да ја отвори темата за наплаќањето на државјанства се додека не бидат избрани сите Комисии на Конгресот според Деловникот за Работа.


СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!




За оние од старамајка што сакаат да стават шаут

Изборите за Претседател на Конгресот се регуларни [EU, OSCE, MOST]
http://www.erepublik.com/en/article/-eu-osce-most--1934512/1/20