НОВИТЕ ДАНОЦИ - EPIC FAIL

Day 1,231, 14:02 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



НОВИТЕ ДАНОЦИ - EPIC FAIL
http://tinyurl.com/3nl8g8j
~~shout~~

Новите даноци се невидена глупост. Искрено не ми е јасно, кој е експертот кој ги предложи и кои се тие што го дадоа гласот за ваквите измени..
Јас не прочитав никаква дебата за нив, не најдов ниеден аргумент за нивното воведување, едноставно, ми изгледа дека се донесени, онака, од ракав, без никакви анализи.

Како прво, објаснувањето во еден конгресменски извештај, дека со овие измени ќе се спречело увезувањето на производи од странство, е во најмала рака, изјава на некој кој нема никакви еконмски познавања.
Како што му поскапува производот на тој што го увезува од надвор, исто така му поскапува и на тој што го произведува дома. ДДВ се плаќа на секој продаден производ, каде и да е произведен, така што, освен намалување на куповната моќ, овој закон нема да донесе ништо ново.
Законот за данок на увоз, не функционира бидејќи кога увезуваш од странство ти се селиш во таа земја и купуваш според нивните даноци. Така... законов за измена на ДДВ е epic fail.

Што се однесува до курсот на денарот... ќе се согласам дека отиде многу ниско.. односно златото поскапе премногу.
Но... тоа е резултат на планот на админите да го девалвираат секаде за да се купува повеќе.
Според тоа како се одвиваат работите, мене ми изгледа дека девлавацијата ќе продолжи и нема да ме чуди (освен ако нема некои промени во играта) пред крајот на месецот, голдот да надмине и 200 денари.



Во ваква ситуација имам еден предлог до државата.

Со оглед на тоа дека имаме девалвација и тоа од админите не од државата, предлагам, да продолжиме сами да си ја намалуваме вредноста на денарот, за да не мора да ни ја намалуваат админите. Значи... знам дека ова изгледа лудо, но кога ќе размислите онака... (надвор од економската логика) кога веќе е сигурно дека денарот ќе девалвира и натаму... подобро е голдот да го собере од пазарот НБРМ отколку админите. И вака и така, денарите кои стојат во банка за две недели загубија 70% од вредноста. Бидејќи девалвацијата е неминовна, да си ја направиме сами, па админите тогаш нема да можат да ни се мешаат во пазарот. Подобро е да го собереме сами златото и после да можеме да интервенираме на пазарот. Вака, мене ми изгледа дека админите сакаат да го извлечат цело злато од државите за да можат да им го контролираат монетарниот пазар и со тоа, да можат повеќе да продаваат злато на картици, кое, во играта ќе има поголема вредност во локална валута..

Ова го кажувам бидејќи сум свесен дека НБРМ нема злато за да и се
спротивстави на девалвацијата, а и да го има, админите секогаш имаат повеќе денари...

Уште еднаш ќе повторам, ваков потег е економско самубиство во реалниот живот, бидејќи таму нема админи со вештачки пари, но во оваа ситуација.. не знам кое решение би било попаметно


НОВИТЕ ДАНОЦИ - EPIC FAIL
http://tinyurl.com/3nl8g8j
~~shout~~

ПС. Спремам цела анализа за пазарот... ама пошто е предолга, ќе ја објавувам дел по дел... да не се жалат некои дека предолги ми се текстовите