Предлог за организација на АРМ [Demigod_mk]

Day 1,177, 03:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Ова е предлог како да се организира АРМ.Знам дека ми е втора статија за пола саат али не верувам дека и двете се спам.Предлогот е пратен и на претседателот за да се дискутира пред влада.Го објавив во весник за да се види јавното мислење.

Се состои од 4 дела:

1.Структура
2.Услов за влез во АРМ
3.Типови на единици
4.Финасии




~Структура

1.Претседател (има право на вето на секоја одлука)
2.МОД и заменици (Пишување на наредби во весникот + следење на финансиската ситуација на единиците за да нема крадење)
3.Генерал плус заменици (Кои ќе бидат задолжени за водење на битките на чат)
4.Компакти единици од по 40 луѓе.

Секоја единица која е над 40 луѓе станува многу тешка за контролирање,дури и самите чатови на единицата се спамани цело време затоа мојот предлог е 40 членови по единица,бројот на единици да зависи од буџетот/колку може државата да си дозволи.

Единиците нема да имаат компании за рав туку само за храна и оружје

~Услов за влез во АРМ


Тука има два начини:

1.Да се распуштат комплетно паравојските и да се иде само на државна армија притоа паравојските да не можат да се приклучат.

Предоста е дека не може да се случи после година дена државно финансирање некоја единица да реши да си иде од АРМ.

2.Да се постави услов за влез во АРМ

Условот најдобро е да е 2 Q4 Компании.

~Типови на единици

Ќе има два типа ако се иде на принципот паравојските да се приклучат на АРМ а тоа се:

Единици на АРМ создадени преку АРМ чии команданти и членови на единици можат во секој момент да бидат менувани од Претседателот и Министерот за одбрана.

Единици на АРМ кои се приклучени од надвор и чија организација не може да биде менувана и ниту претседателот ниту министерот за одбрана немаат право да се мешаат во тоа кој им е командант а кој војник.


~Финансии

Ако се прифати делот единиците да имаат само компании за оружје и храна а рав да купуваат од маркет тогаш го предлагам следново финансирање.

1.Финансии за време на МИР

Секоја единица ќе и се дава МКД секоја недела во вредност од raw кој и е потребен за цела недела.

Со плаќање на железото и житото од страна на државата самите единици нема да имаат никакви трошоци.

Од се што ќе произведат секој ден 70% ќе трошат за борба а 30% за залихи.

Ако државата има навистина големи средства може да биде и вклучен бустер за тренинг од 50%.

ВАЖНО:Тие МКД за рав единиците не смеат да ги претвараат за голд и не смеат да купуваат од компании во кои они произведувале како менаџери зошто нема да се осети економскиот ефект на оваа мерка.

2.За време на Војна

-Ако воопшто се давал голд за бустер се прекинува со давање.
-Единиците продолжуваат да добиваат за РАВ.
-Единиците се борат од своите залихи и секојдневното произвдоство.
-Кога залихите ќе се потрошат државата почнува да дава пари за единиците да купуваат -од маркет и со тоа се има добар ефект врз економијата.