За Македонцките Работи

Day 1,176, 16:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Vojska SNO
Мојата Борба


Што станува збор во статијава. Сакам да ја објаснам накратко ситуацијата во Македонија.
Пред претседателските избори ја имав можноста за зборувам со Севишниот (читај Strumjanin ) и да го разубедам да не прави катастрофални грешки со војската. Следниот ден читам статија, СЕ она што зборувавме и демек тогаш го прифати го имаше погазено, дури и со конкретни датуму, иако му реков дека ова не дупка да се ископа и остави и дека треба време за тоа, да не се избрзува...
Што беше мојот план, Да се создаде Втора бригада, да се создаде Регрутна бригада (Silver Shields) и во АРМ да се внесуваат проверени и истренирани војници а не све што мисли дека може да биде војник. Со паравоените сакав да им се дава рефунд дневно според некој оптшто прифатлив систем во согласност со буџетот, СЕ додека не застанат на нозе Втората и Регрутната бригада. После тоа да се внесаат некако во АРМ и да се одредат услови како би биле третирани сите подеднакво!

Бидејќи Господинот Претседател, не можел да го спроведе својот план Вештачки и на хартија само да створи војска која искрено не верувам дека ќе биде функционална сега за сега, и да се кастрира приливот на истренирани (читај бустери) млади војници или еБебиња, тој се одлучи да си стави мариотнетка(и) кој ќе слуша команди и нема да размислува со своја глава. Сегашниот МоД (министер за одбрана) е кратко речено банирано бебе заради мултивитамини И е примен наводно заради неговото ”воено искуство” (Според зборовите на Струмјанин). После разговорот со Министерот, кој гордо ми кажа дека бил ставен само заради тоа што се побунил што се давале пари на тенкови, јас сфатив дека Претседателот цело време ме лажел. Кога почнав да го потпрашувам почна уште толку да се плетка во лаги и изговори што едноставно ми дојде преку глава и ја отворив устата. На ова тој имаше еден одговор. "Јас сум Претседател". Семоќниот Претседател кој сака се да оди на избори и референдум за војската, става марионетки кои нема да се бунат и се е во ред Бидејќи Така Треба и Тој е Претседателот. Почна да смрди нешто нели...



Вчера дојде на канал кај Лавовите и истото почна да го зборува, да врти да сучи да се плетка во лаги, кога ќе кажевме нешто издржано и против неговиот збор тој Се повикуваше на Функцијата и испадна дека Тој е ставен да дава критики а не Народот што го избрал... Мислам смешно.
На крај индиректно преку мој војник комунициравме, дека сум бил сменет Не затоа што сум се мешал во паравоените организиации (што е non sense иначе) како што беше првично кажано, туку затоа што Јас сум стоел на патот паравоените да не влезат во АРМ.



Епа вака друже Претседниче, ја знаеш ли приказната за Илинденското востание, кога Гоцета им викаше дека е рано за востание па го предадоа? И дека Slajder викаше Рано е за паравојските и дека Е секогаш за паравојските да влезат во АРМ, само кога ќе дојде времето, не мора сега во овие 2 недели се да се реши. Ти одлучи да изиграваш Семоќник и да ставаш марионетки наместо луѓе кои имаат искуство. Дури и Иван Ванчо Македонски беше заќуткуван од еБебиња и на искусните не им се даваше да си ги кажат мислењата затоа што се пркосеа на горенаведините мислители.


И сега, во мод се и уште двајца луѓе Demigod_mk(иако го почитувам навистина) кој според многу луѓе и одговорниот што се создадоа тие паравојски и даде оставка од министерското место, и Alen_001 кој не издржа на тоа место ни 3 дена. Има уште неколку советници кои од куртоазија се пријавиле и немаат појма што се работи. Тоа е сегашното Министерство за Одбрана.

Па народе вие видете кого имате за претседател и како јас како Генерал на единицата Лавови да примам наредби од него, и да му верувам на зборовите кога тој не прекинал да лаже и плетка, кога тој не сака дискусија туку едноумие и кога наместо "како што кажа" нов кадар да обучува за министри тој всушност си створи марионетки.

И да, само што ми кажаа дека Сум тргнат од функцијата, а вчера си дадов Оставка... Смешно

Друго прашање е КОЈ стои позади него, и КОЈ толку притиска за паравоените да влезат со сила во АРМ, иако нема никаква инфраструктура ниту подготовка за тоа. И Зашто мора ова да се заврши за 2 недели кога од искуство на другите држави ги правеа и градеа војските со Години.
И уште еднаш зашто МЕНЕ ми се ЛЕПАТ ЕТИКЕТИ дека не сум за влез на паравоените во АРМ, кога јас секогаш кога имав пари се обидував да им дадам и мојот план не е од сега туку од Декември, само немаше пари да се реализира. Сепак јас ги водев ноќните битки и тогаш немаше наши луѓе онлајн да се борат, иако и да имаше буџетот во последно време беше и по 50 голд за битка, но јас сепак некако ги добивав ноќните битки.

И да, сакам одговори и САКАМ ОДГОВОРНОСТ. Мое е да ви ја изнесам ситуацијата како еден Претседател Може да лаже за непотребни работи и да биде слаткоречив по Статитиите, но јас она обратното, јас го кажувам она што боде очи, она што е вистината. Време е и вие да знаете кој ве Води и Каде одиме со Севишниот! Сакате ли Армија на лист набутана за 1 недела или сакате Армија со иднина за развој и проширување, самостојно да се развива без разлика на Севишните и нивните Министри, Ваше е!

Искрено Ваш Slajder