[BS] Baby Boom

Day 1,668, 02:11 Published in North Macedonia Slovenia by Petar 3 Veliki

Добар ден на сите. Да ви се претставам, нов играч сум, започнав пред 3 месеци и навистина се заразив со играва. Почнав дури и рано да станувам (што не било случај со мене) само за да завршам дневни обврски во теретани и компании. Е сега една од работите што ме нервира тука кај нас македончињата е откажувањето на јаките играчи од играва. Знаете ли колку тоа не демотивира нас почетниците кога ке видиме некој се откажува и пишува се најлоши зборови за поминатото време тука (освен за пријателствата). Сите се жалите за лошиот економски модул, верувам дека ке се смени и тоа наскоро исто како што направија со воениот. Размислете,колку е за нас лош толку е и за нашите непријатели. Сепак не купуваат и тие сите со РЛ пари.

Ајде да преминам на тоа што сакам да ви го кажам. Сите знаеме дека со смената на воениот модул се поделија војниците на дивизии. Со ова им се даде големо значење и на бебињата и средните играчи што не беше случај порано, кога цела Baby's Squad единица не удираше заедно инфлуенс колку на пр. ScymeX. Сега секој редовен играч може да тенка. На пр. Во прва дивизија тенкаши се тие со 23-24 левел, во втора тие со 28-29 левел итн итн..

Како што имаше изјавено во една негова статија нашиот најдраг сограѓанин smee again, според неофицијални статистички податоци Македонија во целосен ранг го држи 10то место. Е сега ме иритира тоа што некој држави како Србија (7982) и Шпанија (14059) имаат многу поголем број бебиња од Р.М (3867). За некој месец многу од нашиве бебиња ке преминат во втора дивизија, некој мулти ке се избришат и банираат и што ке остане? Неколку новодојдени ?


Пријавување на новите бебиња во Бејбис Сквад


За неколку недели сркање од медот на Ел Че

Ајде да направиме еден апел до нашата драга еВлада за организирање на еден Бејби бум! Сега е најповолно време кога ни е потребно најмногу! Сите ја знаеме Патриотската душа на Македончето, па само му е потребно малце мотивација и информации за приклучување кон играва. Ви благодарам што одвоивте малце од вашето време за читање на статијава ( прва на која сум посветил малце труд и желба да ја напишам). ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!

Ајде да почнеме една фитнес традиција 🙂








И не заборавајте Воте и Суб! Фала