Интервју со хрватскиот МоФА [AdMiRaL TrEnCh]

Day 2,080, 03:59 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво живо Македонијо,

Една недела се думам дали да го пуштам интервјуво од официјалниот весник или како што Адмиралот бараше да го пуштам од мојот весник. Тој самиот не може бидејќи нема македонско државјанство, а сака сите вие да го прочитате ова. Бидејќи ова е негов труд, би било погрешно да го ставам во мој весник и бидејќи тој е помошник мофа, сметам дека најкоректно ќе биде доколку го пишам тука, иако тој не се согласува со тоа... Да не должам многу, повелете:



Интервју на Адмирал Тренч со хрватскиот МоФА Дон Кроата

АТ: Кажи ни нешто повеќе за тебе?
ДК: Јас сум стар играч, играм ерепублик од 2008ма година. Сум бил се што може да се биде во играва: претседател, министер за одбрана, мнистер за надворешни работи, воен командант во ЕДЕН, командант на воена единица, буквално се. Во сж сум 20 годишен студент.

АТ: Каде ја виде играва и зошто започна да ја играш?
ДК: Мислам дека беше реклама на фејсбук, започнав бидејќи отсекогаш се интересирав за теми од областа на географија, политика, историја, тактика а и сакав да се борам против еСрбија и да и помогнам на мојата еЗемја.

АТ: Што е тоа што се уште те тера да продолжиш да играш?
ДК: Не сум сигурен ниту самиот веќе. Сакам да ја видам еХрватска повторно силна, тоа е тоа.

АТ: Која насока сметаш дека еХрватска треба да ја избере после распадот на ЕДЕН?
ДК: Тешко е да се каже која насока, посебно кога ниту една од достапните опции не е совршена за нас. Ние сме премногу лојални на нашите пријатели и секоја нивна одлука ја земаме при срце. Тешко е да се бориме против нашите поранешни сојузници дури иако тие имаат МПП со Србија. Мораме да ги одредиме нашите приоритети и интереси и да видиме кој друг ги има истите, а во моментов тоа се земјите во КоТ.

АТ: Кои земји се најблиски на еХрватска во моментов?
ДК: Нашите “мали” меѓутоа големи сојузници Босна и Албанија, потоа Бразил, САД, дури и Мексико и Чиле, секако Ирска и Финска исто така.

АТ: Можеш ли да ни кажеш неколку зборови за алијансите во играва ТВО-АКТ, КоТ, АСГАРД, НаН?
ДК: ТВО-АКТ е група со исти интереси кои често се во конфликт, не ми се допаѓа таква алијанса каде луѓето ги мразат сојузниците повеќе од своите непријатели.
КоТ има премногу членови, но ја ценам нивната желба да помогнат еден на друг без разлика на нивната сила.
АСГАРД е локална алијанса, тие се како семејство, ми се допаѓаат.
НаН, е тоа е вистинско братство. Погледнете ги само тие мали земји кои се обидуваат да направат нешто заедно
🙂

АТ: Како Хрватите гледаат на предавството на Романија уништувајќи го братството кое го нарекувавте Кроманија?
ДК: Романија ја уби Кроманија во моментот кога потпиша МПП со Србија. Јас ги почитувам ФАР и многу други Романци, меѓутоа вината е нивна бидејќи дозволија неколкумина алчни за моќ и штета да го направат тоа. Јас лично, не можам да им простам а и видовте што Хрватска мисли за нивната постапка во војната со Чиле.

АТ: Како Хрватска гледа на влегувањето на Г*ција во ТВО?
ДК: Исто како Романија, ги почитуваме бидејќи беа одлични сојузници, меѓутоа тажни сме што го избраа тој пат.

АТ: Какви се односите меѓу Хрватска и Турција?
ДК: Ја почитуваме Турција бидејќи остана лојален сојузник на Хрватска, не потпишувајќи МПП со Србија или друга земја од ТВО, но нашите патишта се различни. Ние нема да ги предадеме се додека тие се лојални на нас и навистина многу ги почитуваме поради тоа.

АТ: Како Хрватска гледа на проблемот на Шпанија во ТВО, која е вашата позиција во однос на тоа прашање?
ДК: Па, не можеме да направиме нешто многу во врска со тоа. Само не ни е јасно уште колку ср*ања може да истрпи Шпанија од Србија, не можам да поверувам дека и покрај се, тие се се уште во ТВО.

АТ: Какви се односите на Хрватска со Кина?
ДК: Отсекогаш имавме добри односи, и истите не се променети до сега.

АТ: Кои земји ги гледаш како идни сојузници на Хрватска и би сакал ли да ни кажеш неколку зборови зошто Хрватска би ги избрала?
ДК: Тоа би била секоја земја која дели исти интереси со нас. Не сме земја која често менува сојузници, не го правиме тоа. За нови сојузници, дефинитивно Чиле, симпатична земја за нас, која ја почитуваме. Се зависи од тоа како другите се однесуваат кон нас. Ние почитуваме земји кои се лојални и кои помагаат на нивните пријатели.

АТ: Можеш ли да ни кажеш твое лично мислење за Македонија и Македонците?
ДК: Македонија е прилично турбулентна земја, пример воздушниот напад на Пакистан за да ја “исчисти” Индија од нас. Меѓутоа јас ја почитувам Македонија и на вас гледам како многу добри сојузници и пријатели. Во сж ја сакам Македонија, луѓето се премногу со вжештени глави, слично како и Хрватите... Исто така сите ние ве именуваме Македонија, никако поинаку.

АТ: Дали Хрватска и Македонија можат да бидат сојузници во блиска иднина според тебе?
ДК: Да, сето тоа зависи од нашите интереси, ако мораме да се координираме и да соработуваме заедно, ќе станеме и сојузници исто така.

АТ: Што мислат и како гледаат Хрватите на Бугарија?
ДК: Нашиот конфликт со Бугарија беше многу лош и остави зад себе многу луѓе мразејќи се едни со други. За нас е тешко да го заборавиме нивното тенкање во Мексико против нас, а за нив е тешко да го заборават нашето тенкање против нив. Тие нешта не можат да бидат сменети преку ноќ.

АТ: За крај, има ли уште нешто што сакаш да им кажеш на играчите?
ДК: Па, сакам да кажам... дека навистина го мразам целиот овој тек на правење алијанси базирани на штетата која ја поседуваат земјите. Посакувам се уште да има лојалност, чесност и пријателство во играва. Се надевам дека повторно ќе го имаме сето тоа. Забавувајте се o/




AdMiRaL TrEnCh