Затишје пред бура! Act Smart!

Day 1,121, 11:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragje




Затишје пред бура! Act Smart!

еТурција почна војна (повторно) со еГрција. еСрбија почна војна (повторно) со еХрватска. Додека ние седиме и се бориме за нашите алијанси, како што е ред и како една сериозна членка на Феникс.

Ама убаво викаат, затишје пред бура. еБугарија, поточно претседателот на еБугарија објави артикл за војна против нас, која може да биде објавена секој момент. Доколку сакаме да го вратиме нападот, да ја одбраниме Македонија, мора да имаме и средства со која таа ќе биде одбранета. Баталете ги сите тие купувања на голд со кредитни картички/смс/штоуштене, едноставно штедете. Покрај сите тие фондови, редно е и ние да имаме наш фонд за црни денови. Сите сакаме да учествуваме во војните против Грција, Хрватска, Кипар итн. ама што ќе се случи ако сите пари ги потрошиме за другите војни, а немаме пари да ја одбраниме нашата еДржава?



Еден апел до компаниите, без разлика на се да ја покачат за некој денар платата, зошто тие пари ќе одат во одбрана на еМакедонија, нема да пропаднат!

Додека сите оние еМакедонци кои го читаат весников/артиклов, штедете, слушајте ги официјалните наредби на Министерството за Одбрана и Претседателот и размислувајте паметно!



Доколку сметате дека вреди артиклов гласајте го, доколку сметате дека вреди весников претплатете се! Што и да правите, правете добро за Македонија!