Статија Бр.3- исполнета со вицеви и малку озбилни работи

Day 1,373, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Citizen 4910604

Доколку денеска сте влегле во ,,My Land" ќе забелезите дека има горе има во наредните 117 часови или во наредните 4 дена попуст доколку сакаш да си ја надградуваш компанијата односно доколку досега со таа компанија сте произбедувале Q1 леб сега ќе мозете со таа компанија да произведувате Q2 леб за само 10 gold а досега ви требаше 20 gold што е одромна разлика. затоа ви препорачувам да не ја врсите мисијата каде сто треба да изградиш една фабрика за оружје и Iron mine туку да си ги надградувате вече постоечката компанија докомку имате 10 gold. затоа што ќе ви треба Q2 компанија за леб за Town centar да го напрајте со 4 цвездички односно левел 4.
толку од мене а сега се надевам дека ќе ве насмеам:


#*#*#*#Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
- Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
- Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
- Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
- Готово – рекла рибата...
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
- ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
- ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

#*#*#*#За време на фудбалска утакмица тренерот го тргнува на страна еден од помладите играчи и го прашува:
- Дали ти разбираш што е тимска игра?
- Да.
- Дали разбираш дека кога ќе излезеш на теренот, тимот е важен, а не ти како поединец?
- Да, тренеру.
- Дали разбираш дека кога ќе ти досудат фаул, не викаш и псуеш по судијата?
- Да, тренеру.
- Добро, ај сега оди на трибините и сето ова објасни и го на мајка ти.

#*#*#*#Влегува тип во салон за тетоважи и вика:
- Сакам на грбот да ми истетовираш пи*ка.
- Добро, нема проблем.
Поминуваат 10 минути:
- Еве, готово.
- Што бе готово, толку брзо?
- Е што, да не е тешко пет букви да истетовирам?

#*#*#*#- Како плавуша скршила нога чистејќи лисја со гребло?
- Паднала од дрвото.

#*#*#*#Скопјани во Охрид нарачуваат пиво, им го носат, го пробуваат и го викаат келнерот:
- Што си ни донел топли пива?
- Логика бе, скопјанишча, логика, ако имаше ладни, з’ш би ви носел топли?

#*#*#*#Џандар запира кола заради брзо возење и му вели на возачот:
- Друже, те чекав тебе цел ден!!!
На што возачот му враќа:
- Да? Епа ево, стигнав најбрзо што можев.

#*#*#*#Цветко влегол во ресторант и си нарачал плескавица. Кога му ја донеле, целата полна со влакна. Цветко се обратил на келнерот. Келнерот му кажал дека куварот бил инвалид, без една рака, па плескавиците ги плескал на гради. Цветко воздивнал и рекол:
- Добро што не си порачав полнети пиперки.

#*#*#*#Неколку работи што децата ги учат сами:
- Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
- Ако те удри сестра ти, не ја удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
- Не кивај додека те шишаат.
- Не го оставај кучето да ти ја чува храната.

#*#*#*#Млада жена се соблекува и влегува во реката да се капе. Излегува Цветко од шумата и и вели:
- Капењето овде е забрането!
- Зошто не ми го кажавте ова пред да се соблечам?
- Соблекувањето не е забрането.

#*#*#*#Синот го прашува татка си:
- Тато, што има меѓу нозете на мама?
- Рај, сине!
- А што има помеѓу твоите нозе, тато?
- Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
- Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…

#*#*#*#Баба пред умирање му рекла на внучето:
- Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 22 398 750 долари.
Внукот гледајќи се себе си богат вели:
- О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма… Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
- …на Facebook.

#*#*#*#Синот се шминка пред огледало, влага татко му, го гледа и му вика:
- Синко… Па ти педер си!
- Не бе тато, принцеза сум.

#*#*#*#Мајката ја кара ќерката:
- Како не ти е срам, имаш 15 години и секоја вечер си со различен дечко! Што младина ќе бевте. Дури и 30тиот роденден ми го заборави!

#*#*#*#Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
- Што е ова?
- Домати.
- Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
- А ова?
- Пиперки.
- Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
- Што е ова?
Цветко рекол:
- Тоа е леќа, ама не е за продавање.

#*#*#*#Си разговарале внучето и бабата:
Внучето: Бабо, мојот компјутер има вирус!
Бабата: Еее бабе, кога ти велев да се миеш раце пред да го фаќаш компјутерот.

#*#*#*#Тројца другари разговараат за тоа кој како ја споредува женска му со кола:
Првиот: Женска ми е како Југо – стара ама врши работа.
Вториот: Женска ми е како Лада – увезена од Бугарија и влече многу.
Третиот: Женска ми е како Порше.
Првиот и вториот: Како бе?!?
Третиот: Па така, немам порше и никогаш нема да имам.

#*#*#*#Што е менструација?
- Кога жена ќе легне на бел чаршав, а се буди со знамето на Јапонија.

#*#*#*#Евреин доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
- Колку чини овој автомобил?
- 15000 евра – одговара продавачот.
- А колку троши?
- 10 литра на 100 километри.
- Многу скапо! А колку чини овој овде?
- 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри.
- И тој е скап, а колку чини овој?
- 2000 евра, одговара изнервирано продавачот…
- А колку троши?
На продавачот му здодеал евреинот и рекол:
- Една лажичка на 100 километри
Евреинот:
- Лажичка за супа или за кафе?

#*#*#*#Однел еден скржавец кондом кај вулканизер. Овој нервозно го прашува:
- Добро бе, чоек, колку пати ќе го лепиме?
А стиснатиот:
- Ама не, го донесов на балансирање. Ми занесува на една страна!

#*#*#*#Дечкото ја прашува девојка си:
- Злато сакаш ли да си поминеме феноменален викенд?
- Важи бе сонце, се гледаме во понеделник.

#*#*#*#Вознемирен возач запира во едно село и прашува:
- Дали некој во селово има црн коњ?
- Не.
- А дали некој има црн вол?
- Не.
- А некое големо црно куче?
- Не.
- Значи, сум го згазил попот…

#*#*#*#Мујо и Хасо ограбиле пошта и секој си земал по една вреќа. По неколку месеци Мујо го прашува Хасо:
- Што имаше во твојата вреќа?
- Па, околу половина милион евра. Купив куќа, кола. А во твојата?
- Мојата беше полна со сметки. Плаќам секој месец колку што можам!

#*#*#*#Што е социјална помош?
- Количество пари со кое не може да се преживее, а кое не ви дозволува ни да умрете од глад.

#*#*#*#Плавуша и раскажува на својата другарка:
- Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме изработи, а потоа си замина. Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми.

#*#*#*#Разговараат двајца кувари:
- Откако ке ги испечиш кокошките мораш да и ги иисечиш крилјата!
- А зошто?
- Па, како зошто, може да им избега на гостите, па потоа ти ке бидеш крив.

#*#*#*#Секоја девојка има право да биде грда, ама ти ја злоупотребуваш привилегијата.

#*#*#*#Двајца сопственици на кучиња се расправале чие куче е поумно.
- Моето куче е многу паметно – рекол првиот – секое утро го чека разнесувачот на весници, му дава бакшиш и ми го носи весникот, заедно со утринското кафе.
- Знам – рекол вториот.
- Од каде знаеш?
- Па, ми кажа моето куче…

#*#*#*#Како се претставува кучето на Џејмс Бонд?
- Ав, ав ав!

#*#*#*#Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.

#*#*#*#Никогаш нема да го заборавам моментот кога се запознавме, ама ќе продолжам да се обидувам.

#*#*#*#Малиот Трпе и се обраќа на Трпана:
- Мамо, се сеќаваш ли кога ми рече дека ако добијам 4 ќе ме пуштиш да си играм цел ден?
- Да, зошто?
- Денес можеш да ме пуштиш половина ден!

#*#*#*#Му реков на дечко ти дека е педер и тој ме мавна со ташната.

#*#*#*#Што е разликата помеѓу Македонија и Грција?
- Македонија прави историја,а Грција прави долгови.

#*#*#*#Трпе се враќа од работа и ја гледа Трпана како спие и и вика:
- Трпано, станувај, куќата гори!!!
А од регалот се слуша глас:
- Прво мебелот спасете го! Прво мебелот спасете го!

#*#*#*#Малиот Трпе го прашува татко му:
- Тато, какво дете сакаше повеќе, машко или женско?
- Сине, јас сакав само убаво да си поминам!

#*#*#*#Во парк се гали и мази заљубен пар. Девојката му вика на дечкото:
- Мили, кога ќе се венчаме ќе имаме 3 деца.
- А како знаеш тоа?
- Па, знаеш, сега се кај мајка ми.

#*#*#*#Откако авионот полн со патници чекал 1 час пред да полета, еден од патниците прашува стјуардеса:
- Зошто каснеше полетувањето?
- На пилотот му се причини дека слуша нешто чудно кај моторот, па ни требаше време да му најдеме замена.

толку од мене. се надевам декаљ ве насмеаф и чао.
Ваш: Filip Lukaroski