Интервју со 3цата кандидати за Претседател!

Day 1,352, 06:59 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво народе Македонски каде и да си!

Ексклузивно интервју со 3цата кандидати за Претседател:ДуданМКД,КепенциМКД и Лавчан! Не сакам да должам многу па интервјуто би го започнал одма:

1.За почеток би сакал да ни се претставите, Како се викате, колкави сте и каде живеете?

Dudanmkd: Јас сум Дуданмкд роден на 9ти ноември 2010 година во Охрид(западна) Македонија,стар 266 денови. Можам да додадам само дека после своето раѓање од Охрид сеуште ја немам променато мојата локација иако физички сум во Red Sea Coast. 😃

KepenciMKD: КепенциМКД, eRepublik birthday Oct 18,2010 ( 10-ти месец од еСтароста ), моментално живеам во Главниот ни Град Red Sea Coast.

Lavcan: Се викам ЦАНЕ,возрасен сум (бар така мислам) и живеам во метрополава(бар така ја викаат)...иначе родум сум од македонското чикаго.(не не Њујорк).😃


2.Зошто се кандидирате за Претседател на еМакедонија?

Dudanmkd: За претседател се кандидирам зошто мислам дека еМКД се донесе на многу ниско ниво и верувам дека можам да ја извлечам од овие кризи.

KepenciMK😨 Бидејќи сум сигурен дека ќе го донесам помирувањето меѓу Македонците, кога ќе го постигнам тоа сам ќе напуштам функција за следните Претседатели да имаат лесна задача во спроведувањето на своите „ програми “

Lavcan: Се кандидирам поради тоа што стварно мислам дека имам способност нешто да променам.Некои работи во последно време воопшто не ми се допаѓаат.Плус се оддалечив од играва,ова е единствен начин пак да се врзам за компјутер.Се надевам се ќе е во најдобар ред,во спротивно има и едно копче каде што пишува impeach и сам ќе си го стиснам.


3.Што мислите за нашата моментална состојба?

Dudanmk😛 Гледано од воена страна еМакедонија константно губи многу територии вклучувајќи ги инашите ОРИГИНАЛНИ територии , а од економски аспект касата на Македонија е празна и ги црпиме последните резерви.

KepenciMK😨 Имаме мала адолосцентна криза како еДржава од 10 месеци, што беше и нормално за очекување, ќе се обидам да ја одиграм улогата на грижлив татко на нацијата за да и помогнам што полесно да го поминиме адолосцентниов период и да зачекориме напред како зрела еНација.

Lavcan: За ова прашање,среќен би бил да имаме каков било претседател.Во превод до 5-ти да ни остани уште бар некој регион.


4.Какви промени и требаат на еМакедонија?

Dudanmk😛 За почеток мора да се направи добра кампања за да се привлекуваат сите воени лица на армискиот чет за следење наредби. Потоа, мора да се воведи нов рефунден систем и да се среди буџетирањето,сето ова го имам опфатено во мојата кандидатура.

KepenciMK😨 На Македонија повеќе од потребно и е да сфати дека ако сме обединети како еНарод се можеме да постигниме ... ЈАС ќе РАБОТАМ за Македонците, ВИЕ РАБОТЕТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА о7

Lavcan: Промени во министерставата за одбрана и за надворешни работи.а најбитно е пред се конечно да разберат луѓето дека сепак ова е игра...неможи секогаш да победуваш.


5.Што би направиле ако застанете на чело на државата?

Dudanmk😛 Од воен план јас планирам да ги вратиме оригиналните територии, и војната да ја вратиме на нивните територии освојувајќи ја Грција. Со мојот тим направивме пакет мерки за стабилизирање на Македонската економија и штедење, како и нов рефунд план.

KepenciMK😨 Ќе ја поводам кон светла еИднина !

Lavcan: Читајте статијата имам се детално објаснето...
http://www.erepublik.com/en/newspaper/lavcanski-novosti-252204/1


6.Каква е економската состојба во нашата држава?

Dudanmk😛 Сите ние сме сведоци на еден од најлошите периоди на користење на државниот будџет и на рефунд системот.Како кандидат за претседател на Македонија јас во консултација со мојот економски тим изготвив неколку мерки кои би придонеле за поправање на македонскиот будџет и за подобрување на рефунд системот на македонија.Би сакал сите да сфатите дека ова е за жал време во кое ке мора да се штеди.

KepenciMK😨 Економската состојба мораме да ја поправиме.

Lavcan: Веќе долго не постои економија во играва.немам што да коментирам.


7.Какви мерки би превземале за да се подобри економската состојба?

Dudanmk😛 Будџетирање:
Во секојдневниот будџет ке постојат 3 ставки кои ке се следниве:
-Рефунд за единиците ке варира според ситуацијата и ке се движи на околу 60 000МКД дневно
-Делење на оружје за нашите тенкови ке варира исто така и ке се движи на околу 20 000 мкд
-Резерва за итни случаеви која ке изнесува 20 000 мкд и ке може да се пушти во употреба само со дозвола на претседателот и на министерот за економија.
Повеќе за промените во рефундниот систем можи да се прoчита во мојата кандидатура http://www.erepublik.com/en/article/-dudanmkd-1-1832703/1/20

KepenciMK😨 На сите поупатени играчи сигурно им е јасно колку е ограничена можноста на ова поле кое претрпи многу измени ( за појаснување кон помалку упатените, колку и да се собери данок во државната каса во 24 часа можат да се префрлат само 99.999 МКД што е премалку во однос на сегашниот курс на златото од 0.002 во однос на денарот) сепак со балансирање на даноците ќе се потрудам да обезбедам редовно чување на околу 600.000 МКД на државна каса , кои ќе се гарант за секоја идна војна . Разгледувам и една форма на доброволни донации од подобро ситуираните граѓани преку која ќе се помага Државата т.е. преку неа останатите граѓани за побрз напредок.

Lavcan: Eдинствено што можам и за што ќе се залагам е да нема крадење.некои посебни мерки незнам дали некој би можел да превземи со што нешто во економијата би сменил драстично.


8.Како би ја покачиле дневната бројка на армискиот канал?

Dudanmk😛 Со добра медиумска пропаганда да се популаризира каналот, редовно да се ставаат шаути за да доаѓаат што повеќе играчи и во најтешките моменти да се дава тенкови на цивилите. Има уште една мерка што е во подготовка, да им се санкционира рефундот на единиците кои не доаѓаат на армискиот канал.

KepenciMK😨 Со доверба еден кон друг ! Обединете се Македонци !!!

Lavcan: Секојдневно делење на оружје на активните играчи на армискиот канал
http://www.erepublik.com/en/newspaper/lavcanski-novosti-252204/1


9.И за крај, каква порака ќе му испратите на Македонскиот народ?

Dudanmk😛 Патот за извлекување на Македонија е преку реформи.Јас сметам дека реформите кои ги нудам со мојот тим се правите реформи за извлекување на еМакедонија од кризата.Се надевам дека играчите ќе гласаат за подобра еМакедонија, а јас ќе направам се што е можно да ја извадам еМакедонија од кризата.

KepenciMK😨 Во овој мандат сите знаеме каква работа не чека, затоа Македонци ОБЕДИНЕТЕ СЕ ! ЌЕ БИДЕ ЛУДО И НЕЗАБОРАВНО !
Во нови победи НАПРЕД .... Ураааа Ураааа Ураааа
Со почит КепенциМКД о7

Lavcan: Цело време ја кажувам истата порака...Ова е само игра.Најважно од се да разбери народот дека за некои работи не одлучуваме сами,има и над нас...Кој и да е претседател народот треба да го почитува,се нафатил на оваа функција,жртвувал време,нерви...Ајде да се забавуваме, да запознаеме нови луѓе...Играта кога тогаш ќе умри, ќе останат спомените од собиранките, ќе останат заедничките мигови поминати по канали и кафани...



Тоа е се од ова интервју! Од мене им посакувам се најдобро и нека победи најдобриот! о7!
Дајте го вашиот глас за најдобриот!




За шаут:
http://tinyurl.com/3vylatm
Интервју со 3цата кандидати за Претседател!