[Dudanmkd]Кандидатура за претседател од За Подобра еМакедонија

Day 1,348, 12:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Dudanmkd

ЗДРАВО МАКЕДОНИJО!!

Прво да ви се претставам на тие што не ме знаете. Јас сум Дуданмкд роден на 9ти ноември 2010 година во Охрид(западна) Македонија,стар 263 дена. Активно почнав да играм уште од почетокот, еРепублик ми стана опсесија уште од првите денови и почнав да ја изучувам подетално и да поминувам мноогу време по четовите на еРеп. Во мојот е-живот досега сум постигнал неколку успеси: 3 пати конгресмен од МНФ, 2 пати МЗЗ и еден пат заменик МЗЗ. Покрај функциите во владата досега сум бил и 2 пати потпретседател на МНФ и 1 пат претседател, исто така сум вечен член на раководството на МНФ.

Како што знаете претседателските избори во Македонија се приближуваат, па секој сериозен кандидат треба да ја истакне својата кандидатура за жителите на еМакедонија да се запознаат со плановите,целите и тимот на претседателскиот кандидат.

еМакедонија се наоѓа во тешка состојба, државната каса е празна,востанијата ги губиме. Мојата влада има примарна цел да ги задржи сегашните региони и да поврати дел од регионите што ги имаме изгубено.Секундарната цел на мојата влада ќе биди полнење на касата која е скоро празна (се трошат и резервите наменати за црни денови) со пакет на мерки предложен од страна на министерот за еконимија од мојата влада.

Знам дека најважна работа покрај добриот претседател е добриот тим. Мојот тим што го избрав се состои од можеби не многу познати и докажани играчи но секој од нив е експерт во неговата област и е спремен да докажи дека во еМакедонија се може и поинаку.


Премиер: pesticid

Министерство за Одбрана
Министер: Branislav1995
Тимот на МОД ќе биди составен од искусни командири на воени единици

Министерство за Надворешни работи
Министер: Krali и Lovika

Министерство за Економија
Министер: Grand Admiral Kristijan

Министерство за Финансии
Министер: WaRlOr

Министерство за Образование
Министер: Bojan Almighty

Министерство за Здравство
Министер: V.mk

Министертво за Информирање
Министер: Mandanata

Сите ние сме сведоци на еден од најлошите периоди на користење на државниот будџет и на рефунд системот.Како кандидат за претседател на Македонија јас во консултација со мојот економски тим изготвив неколку мерки кои би придонеле за поправање на македонскиот будџет и за подобрување на рефунд системот на македонија.Би сакал сите да сфатите дека ова е за жал време во кое ке мора да се штеди.



1.Будџетирање:
Во секојдневниот будџет ке постојат 3 ставки кои ке се следниве:
-Рефунд за единиците ке варира според ситуацијата и ке се движи на околу 60 000МКД дневно
-Делење на оружје за нашите тенкови ке варира исто така и ке се движи на околу 20 000 мкд
-Резерва за итни случаеви која ке изнесува 20 000 мкд и ке може да се пушти во опотреба само со дозвола на претседателот и на министерот за економија


2.Нов рефунд систем
Новиот начин на делење на рефундот ке биде според посебна класификација на паравоени единици која ке се сведе на следниве критериуми:
1.Просечна сила на единицата
2.Број на членови
3.Следење на наредби
4.Фирми со кои располага
Ке има 3 нивоа на рефунд системот кои ке изнесуваат:
За прва категорија околу 3000 мкд
за втора категорија околу 2000 мкд
за трета категорија околу 1000 мкд
Можно е и воведување на посебен систем на награди во зависност од тоа како ке се класифицираат единиците


3. Министерство за здравство
Реформи во Здравството на еМакедонија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1835517/1/20


P.S.: Слободен сум за интервју!