Македонија и сојузниците [МЗИ]

Day 2,276, 05:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Како што е ред треба и Македонскиот народ да биде детално известен од владин весник за случувањата со новите сојузи што се крчкаат, за патот по кој Македонија ќе се движи и со кого ќе се движи.



За прв пат се собраа латиноамериканските земји за да дискутираат за нивната иднина. Охрабрени од НАПот помеѓу Аргентина и Чиле решија да седнат на маса и да поразговараат дали има можност за соработка.

Но средбата беше далеку од договор поради членувањето на различни сојузи во минатото. Сето тоа пропадна кога се создаде еден нов сојуз.



Како што повеќето од вас знаат се создаде нов сојуз пред некој ден сојуз наречен ASTERIA.

Овој сојуз го основаа следните држави:

- Србија
- Словенија
- Грција
- Аргентина
- Романија
- Унгарија

Со овој сојуз дефинитивно се става крај на шпекулациите дека Србите и Грците нема да бидат во ист сојуз и дека Грција ќе оди со Полска, исто и дека Унгарците нема да бидат со Романија во сојуз.

Уште од старт постојат проблеми во овој сојуз особено кај Грците кои не се задоволни од овој сојуз и ги одбиваат наредбите од владата.

Се очекува наскоро да бидат поканети земјите Тајланд и Португалија во овој сојуз.

Во продолжение по неколку збора што мислат нашите сојузници за моменталниот хаос во е-светот.



Чиле

Според Чилеанците се очекува наскоро создавање нов сојуз кој би се состоел од следните земји основачи:

- Хрватска
- Шпанија
- Полска
- САД
- Турција

Чиле не би имале проблем да членуваат во овој сојуз. Имаат добри односи пред се со Хрватска со кои во последниот период имаат меѓусебна воена поддршка.

Чилеанците би влегле во овој сојуз но нема да влезат без нивните најблиски соработници: Бугарија, Македонија, Парагвај.

Исто така со овој сојуз сеуште не е расчистено дали без проблем ех-КОТ членките ке одат со Споланд. Причините за ова се јасни. Конфликтите помеѓу Хрватска-Бугарија и Бугарија-Турција спречуваат работите да бидат поедноставни.

Како би се решило ова? Чиле да потпише МПП и да влезе во овој сојуз но без Македонија и Бугарија што и тие оваа опција најмалку ја посакуваат.

Другата варијанта би била некаков вид договор помеѓу Македонија, Бугарија, Чиле и горенаведените земји.

Идеално решение би било создавање на ,,сателит сојуз’’ кој ке ротира околу Сполад како што на времето беше сојузот TERRA кој ротираше околу EDEN. Тоа би изгледало вака:

- Чиле
- Бугарија
- Македонија
- Русија
- Индонезија
- Германија
- Мексико
- Парагвај

Чиле остануваат со своите верни сојузници погоре наведени но сакаат да се создаде еден вид сојуз ,,сателот сојуз’’ и ќе ротира околу Споланд.

Со ова конечно играта ќе живне и ќе се создадат два речиси идентични по сила сојузи.



Бугарија

Да не се повторувам горе се надевени причини зошто БГ не би можела веднаш да влезе во сојуз со Споланд заради проблемите со Хрватска и Турција.

Но тоа не ја спречи Бугарија да потпише МПП со Полска и да започнат заедничка воена операција против Романија.

Се очекува наскоро да потпишат МПП и со Шпанија што би било логично но како ќе се расрешат проблемите помеѓу Хрватска-Бугарија-Турцја останува да видиме во наредниот период.



Индонезија

Исто така Индо добила официјална покана во ASTERA сојузот да се приклучат. Но само заради Македонија ја одбиле таа покана . Тие очекуваа дека ке останат во добри односи со Србите и Унгарците но поради создавањето на сојузот ASTERA во кои и двете земји членуваат ќе мора да се дистанцираат.

Исто така кај Индо останува отворена можноста да направат Азиски Пакт. Сигурно е дека нивната влада донела одлука да останат со најголемите пријатели на Индо а тоа се Македонија, Бугарија, Чиле.



Каде е Македонија во оваа приказна?

Очигледно сите играат на карта трпеливост и детално анализирање на ситуацијата. Треба да бидеме трпеливи. Кончно успеавме да си го најдеме местото под сонцето со воздушниот напад над Норвешка.

Во следниот период останува да чекаме и будно да ги следиме потезите на нашите пријатели и непријатели.

Нашите ставови се јасни и цврсти. Остануваме пријатели до крај со Бугарија, Чиле, Индонезија, Русија и со останатите ех-КОТ земји.

Најверојатно ќе бидеме ПРО Споланд ориентирани или ќе бидеме во ротирачки сојуз.

ќе ве замолам да не тролате по шаути зошто не се знае кој ќе ни биде утре пријател. Немојте да дозволите да си создадете сами проблеми од кои ќе страда цела држава.

За некоја следна промена на дипломатски план ќе бидете навремено известени.



И не заборавајте денеска во 9:25 ЕРЕП ВРЕМЕ ! ДИГАМЕ ВОСТАНИЕ! ВО Северна Русија! Мораме да ја осигураме Македонија! Од Сите напади! Бразилците и Русите се известени! Востанието се очекува да биде успешно! Ке има и поделби и CO по потреба!

Министер за Информирање

akconel