Колку пари се потребни за среќа?

Day 1,519, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by SoloStalkerMK

Некои тврдат дека среќата со пари не се купува, но подобро да плачеме во Ферари, отколку во Фичо, нели? 🙂 Во тоа се согласуваат и стручњаците, тврдејќи дека постои одредена сума која може да гарантира насмевка на вашето лице.
Колку и да се правиме „неповршни“ битија, дека среќата не зависи од материјалните добра, сепак мора да се согласите дека некогаш можат да ни донесат топло чувство околу срцето, особено ако ги немате на претек. Скијање на Алпите, новиот iPhone, омилените штикли, карти за на ЕП во Ниш, што и да е тоа што го посакувате, потребни ви се материјални средства за да си ја исполните желбата, нели?

Токму на ова се базираат и истражувањата на Економскиот институт во Велика Британија кои покажуваат дека нивото на среќа кај поединци зависи од тоа колку пари има и колку има повеќе, толку посреќен ќе биде. Океј, можеби сознанието е „топла вода“, но служи за да се дојде до сумата која ќе направи да кажете „Доста, среќен сум“.

Повикувајќи се на хипотезата која е поставена во 1974 година, среќата стагнира кога приходите ќе достигнат одредено ниво. Пред две години, стручњаците од Универзитетот Принстон тврделе дека таа граница е 70.000 евра годишни примања, а после таа сума, интензитетот на чувството за среќа престанува да расте, дури и ако тој износ се зголеми за третина. 😃😃