Ваши идеи и по некоја моја за Е-Македонија

Day 1,465, 10:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Значи не ја играм многу време играва, но овие 5 месеци ја играм од срце и душа за напредок на нашата виртуелна Е-Македонија

До сега сум играл многу стратегиски игри и не сум се нервирал, напротив се забавував и опуштав со нив - Овде се замарам и нервирам бидејки ипокрај тоа што е игра за забава, во играва е дадено ние Македонците да си имаме наша Е-држава Е-Македонија која за жал не е додадена под нашето уставно име

Македонците во Реалниот Живот си имаме наша зла КОБ наречена Македонски синдром на самоуништување (синдром на поделби поради кој едвај успеавме некако 1991 година да основаме наша самостојна држава барем на дел од нашата територија)

За играва ми кажа пријател кој ми кажа дека сме ја окупирале грција повраќајки си го окупираниот од нив дел - си реков ајде ќе пробам и од првиот ден имав една мисла - да пробаме барем во една игра за забава да се обединиме - да заборавиме на нашиот Синдром на самоуништување ( синдром на поделби, лакомост, егоизам, гледање само за свој г'з ... )

Но дека и во една игра за жал сме далеку од тоа ме уверија постарите играчи кои се поделиле на 3 - 4 водечки единици кои меѓу себе цело време се обвинуваат инапаѓаат, ме увери фактот дека во првиот месец неколкумина од вас ме ограбија и не сакаа да ми укажат како би можел да напредувам ( дури после првиот месец се најде играч кој ми кажа што значат бустерите и тренирањето за да се стане појак ), ме увери тоа што видов избори кои се полоши дури и од Реални избори, ме увери и тоа што некои за виртуелни пари и злато дури и креваа и креваат востанија против Македонија, ме увери што не може дури ни за еден медал во веќе добиена небитна битка, не може да се договорат наши играчи и фрлаат милиони учество,па после едниот кој не успеал го навредува другиот

Но мислам дека има надежи шанса ако спроведеме некои идеи да дојде до наше обединување - ама прво треба да се запрашаме дали сме спремни некогаш и да стоиме во место за да му дадеме шанса на нашиот послаб соборец Македонец да напредува

Еве Неколку ваши идеи и некои мои ( можеби и нечии друфги идеи за да биде добро за сите и за Е-Македонија :


1. Државен рефунд ( во врска со ова мислам дека треба да се дели на два дела - едниот дел за единиците врз основа на нивното дневно постигнување - учество во дневните битки )
- другиот дел од државниот рефунд да оди за нашите тенкови ( врз основа на дневното учество во дневните битки )


2. Да постигнеме договор за две различни ситуации во кои може да се најде Е-Македонија
- Кога ги имаме окупирано двоцефките и имаме 8 / 10 како до пред некој ден
Тогаш според мене мислам дека е време кога треба да направиме неколку работи
I. Да се договориме за тоа платите да бидат единствени, да падне договор за цената на RAW материјалот и лебот исто како и курсот на златото
II. Да се организира помош на на послабите играчи ( значи да им се укаже како да ги развиваат своите налози - мене од огромна помош ми беа советите од водачот на мојата единица кој ми укажа дека ако успеам да произведувам доволно леб за моето дневно пукање, многу полесно ќе ми биде за понатаму и така бидна )
III. За време на овој период државата на играчите со левел 5 фирми да им помогне да заработуваат повеќе ( со регулирање на платите и цената на RAW материјалот )

- Кога сме во ситуација како деншнава
Исто така треба да се направат неколку работи
I. Платите да останат исти
II. Да се намалат цените на тенковите и лебот
III. да се намали цената на RAW материјалот ( за да не испадне дека само играчите со фабрики левел 5 мораат да ја намалат својата заработувачка )
- на овој начин ќе им се даде шанса на сите играчи , особено на послабите по сила да пукаат со тенкови и да имаат доволно леб. Со ова ќе се искористи максимумот од било чие учество во битките



3. Собиранките и личното запознавање треба да ни бидат редовни - на тој начин верувам дека ќе ни биде полесно да се сплотиме и обединиме за прв пат како Македонеци барем виртуелно

4. Идејата за контролирани востанија не е лоша и треба кога ги имаме под окупација двоцефките да ја продолжиме - ама мислам дека треба да им се даде шаса на повеќе играчи за да не испадне дека само неколкумина се ставаат над другите


5. Мора кога ги имаме окупирано двоцефките и имаме доволен број на ресурси да се договориме еднаш за БХ медалите ( мислам дека е фер да се остават во небитни битки оние кои немаат БХ медал да го добијат - така кога скоро сите ќе имаат Бх медал ќе има помалку кавги околу нив ) - идејата беше и да се направи канал на кој ќе може да се договараат нашите играчи за БХ медалот
Исто така е недозволиво залудно да се троши учество во такви небитни битки пукајки милиони и трошејки базуки - сите сме свесни дека да не се случуваше тоа дека многу повеќе ќе мораа да се помачат двоцефките


6. Албанија - треба да падне добар договор со Србија за тоа да имаме барем уште еден потребен ресурс и имаме сигурни во најлош случај 4 ресурси

Секој може да надополни, даде своја идеја. да поправи од она што сум го пишал, па на крајот и да ме искритикува ако нешто сум згрешил

Вашиот Персеј Македонски

Македонија на Македонците !!!
Засекогаш !!!
Дури сонцето свети !!!


Верни во БОГ !!!
Македонци до гроб !!!


Со срце и душа за Македонија и виртуелнава Е-Македонија