Предлог- Како поорганизирано да се пука

Day 1,453, 05:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Идејата за оваа статија ми дојде на 10.11 2011 кога го земав првиот БХ медал. Имав собрано зимница и онака интуитивно почнав да пукам во третата битка во Атика за да земам медал. За минутка испукав 200-300к кога увидов дека и Аексил пука во истата битка. Веднаш му напишав порака и он се ме пушти да го земам медалот. Секоја чест и благодарност до него. Иако веќе ги испука сите фф, јас успеав да го поминам (со негова дозвола се разбира). Но откако помина битката сфатив дека мојот инфлуенс беше вишок во битката, и неефикасно беше што ги испукав тие 750к, бидејќи водевме со 65%. Да знаев дека некој друг ќе пука во таа битка, или сигурен сум дека да знаеше Аексил дека јас ќе пукам сигурно штетата ќе се пренасочеше на друго место или во некоја наредна битка.

Да не навлегувам во детали, поентата ми е дека сите на еден или друг начин сме се нашле во слична ситуација. Во моментов сигурно има минимум 100 еМакедонци кои од страв чекаат момент да ги искористат своите 5 минути. Проблемот е што има НЕДОВОЛНА КОМУНИКАЦИЈА нити пак организиран начин на кој ќе се координираме при удирањето во битките.

Од сето тоа најмногу губиме ние самите и еМакедонија, бидејќи се фрла непотребен инфлуенс попусто, што посебно се чувствува кога губиме и треба да се удри јако. Исто така честопати доаѓа до “прцкање“ и препукавање меѓу единици, членови, обични граѓани, затоа што нема претходен договор меѓу нив.

КАКО БИ СЕ ПОДОБРИЛА ОВАА СОСТОЈБА?

Министерството за Одбрана би требало да се заангажира повеќе при организација на битките.

1.Во секоја кампања (минумум 8 битки) икс места би биле резервирани за јунаци како Аексил, Скајмекс, јас (😁 а останатите битки за послаби играчи.

2. На неделно ниво секоја единица, односно нејзиниот водич би ги пријавувал потенцијалните хероји, со ник и потенцијална штета што може да ја направат. Се знаеме отприлика колку зимница имаме и колку максимум може секој да направи.

3. Ке се креира форма каде што и цивили ке може да се пријавуваат

4. Министерството ќе има листа од сите кандидати за БХ и штетата што може да ја направат.

5. Во зависност од кампањата, МОД ке објавува наредби кој во која битка ке удира. Пример: Егејска Македонија: Битка 1: Аексил, 2: Петко, 3: Трајко....

6. Распоредот ќе се извикува на канал и преку шаути за секој да дознае. На почеток ќе мора така додека сите не се навикнеме на ваквиот начин на функционирање.

7. Доколку има потреба зависно од битката (ако губиме), може двајца да пукаат во иста битка при што би го поделиле златото од медалот. Пример пука Петко максимум што има, но ако губиме МОД може да повика некој што е онлајн во тој момент да направи икс штета, но златото го делат двајцата. Нема лутење, таква била среќата, битно е да се победи. Евентуално би можело и да се овозможи поделба на ЦХ медалот но за тоа ќе си одлучат самите играчи. Исто би можело министерството директно да преговара со одреден играч за одредена компензација за направената штета. Се сеќавам дека Тасе едно време имаше таква акција и делеше по 50 тенкови за секој што ќе направи миљонче во битката за Егејска.

8. Ќе се објави јавен гугл документ каде што ќе биде објавена главната листа од играчи, односно сите што поминале и сите што доаѓаат наредно. Тој што поминал ако сака да се пријави пак ќе се најде на крајот на листата. За да биде фер (освен во вонредни услови) распределувањето на битките ќе биде базиран на FIFO принцип (first in, first out), односно тие што биле повеќе време на листа имаат предност пред оние што дошле подоцна или мавале претходно.
9. Доколку одреден член на воена единица не го почитува пропишаниот ред, ќе следи казна за целата единица. Стварно би било глупо на водство од 65% некој нинџа да дојде и да испука 500++к штета зошто му е ќејф.

10. Листата би можела да користи и за помош на сојузници, односно да се тргува со штетата за возврат на ресурси и злато. Пример 5 играчи би се испукале во Турција ако е потребно, но МОД би договорил компензација на нивната штета во средства или злато.
Сметам дека горенаведената организација ќе помогне на сите нас, и ќе не направи многу посилни. Нема да фрламе безпотребна штета во битките, а од друга страна послабите играчи ќе добијат посигурна шанса за медал или надомест за направената штета. Министерството ќе знае во секој момент со што располага. Целиот пристап не бара голем напор, и вклучува само мал број на луѓе односно МОД и водачите на паравоените единици. Другите би следеле наредби што всушност и ни е улога во играва. Доволно е барем да се проба, а времето ќе покаже дали ова функционира или не.

Ви Благодарам на оние што успеавте да прочитате до крај. Се надевам дека статијава ќе предизвика продуктивна дискусија при што би се пронашле позитивностите и евентуални недостатоци на оваа идеја и се надевам дека нешто од ова ќе се имплементира доколку се покаже дека е добро за сите нас.

На крај би ве замолил за шаут за што повеќе луѓе да го видат ова и да се вклучат во дискусијата. Навистина ова го правам за да помогнам, не ми треба ММ медал зошто веќе го имам 🙂

Како награда за сите што прочитаа до крај секако следуваат ЦИЦКИ 🙂.И тоа од Он.Нет

ЕДИТ: за сите што ме предупредија еве женска со ЦИЦКАЛНИК (и тоа розев):



ЗА ШАУТ:
Предлог- Како поорганизирано да се пука
http://tinyurl.com/cnbf3dj