[Амбасадор - еПортугалија] Португалија и Мексико. Договор и прекршување

Day 1,399, 16:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev

Како што знаете од страна на МНР сум назначен за амбасадор во Португалија и Бразил.
Од мене не очекувајте извештаи од видот колку региони има одредена земја, колку активни играчи, колку ресурси, со кој е во војна, колку МПП има и сл. Бидејќи сето тоа е copy – paste од Community табот. Така да се што ве интересира за секоја земја повелете таму. Предходните извештаи за Естонија ми беа такви, овие нема да бидат. Бидејќи бројот на региони, ресурси и сл. варира.

Само ќе дадам листа од сегашниот административен тим на еПортугалија:

Претседател - Lucifel
Заменик претседател - EinsteinCMPT
Министер за одбрана - Janad0
Заменик министер за одбрана Fmigpaulo
Заменици на министерот за одбрана Pedsimspson, Marta Li, PretenderHT и Manelinho.

Министер за економија - Slayra
Заменик министер за економија - Nunobaton

Министер за надворешни работиNetForum
Заменици на министерот за надворешни работи - Grim23 и deathrider.

Министер за социјала Manelinho
Заменик министер за социјала - S.Ribeiro
Заменици на министерот за социјалаRicasMaster и Barbinhas.

Да преминам на главното. На 18.09.2011 година (пред два дена) Португалија и Мексико в склучија мировен договор. Мировниот договор во кратки црти изгледаше вака:

1) Војната помеѓу Португалија и Мексико завршува со стапувањето на сила на овој договор и важи два месеца. Што значи договорот истекува на 18 ноември 2011 година.

2) Како гаранција за договорот, Мексико ќе префрли 20.000 MXN на Португалија по следниве точки:
a) 20.000 MXN исплатени веднаш
б) повеќе пари не се потребни за исплаќање кон Португалија.

3) Како дел од договорот, Португалија секогаш ќе ја држи иницијативата за директна војна, и постепено ќе ги враќа сите региони на Мексико преку востанија се додека активниот закон за Природен непријател е во тек. На пр. – Португалија го напаѓа мексиканскиот регион Gulf of Mexico, и Мексико мора да го изгуби. Потоа Мексико си го враќа тој регион преку востание.

4) Нема да има забрана и до двете земји, да маваат во битките на нивните сојузници.

5) Со завршување на војната, сите региони на Мексико ќе бидат вратени преку востанија.

6) Ако точка 3 не е почитувана од страна на Мексико, Мексико е должна да плати 250 злато на Португалија.
а) Во случај Португалија да не ја почитува точка 3, тогаш таа е должна да му плати на Мексико 250 злато.

7) Ако земјите членки на ONE се борат од страна на Португалија, обидувајќи се да го прекршат договорот со Мексико, никаква штета не треба да се плати.


Овој договор беше потпишан од официјалните лица и на двете земји. Денеска бев на МоФа каналот на Португалија, и разговарав со португалскиот МоФа. Дознав дека договорот бил прекршен од страна на Мексико во рок од 6 часа.

Си реков, добро бе денеска прочитав за договорот и денеска пак читам дека е прекршен. Португалскиот МоФа убаво ми ја објасни целата работа. Големо благодаренио до него! Проблемот било во тоа што мексиканскиот Министер за одбрана во официјална статија на Министерството за одбрана, дал наредби против договорот. Велејќи „португалците да си го начукаат договорот во газ“. Потоа настанале проблеми, така што веќе и официјално договорот бил прекршен, а мексиканскиот претседател одбивал да плати 250 злато. Со тоа тој ја прекршил точка 3 и 6 од договорот.

Линк од статијата на португалскиот претседател за договорот и неговите точки - http://www.erepublik.com/en/article/-presid-ncia-tratado-de-paz-com-o-m-xico-wargames-1865631/1/20

Линк од статијата на португалскиот претседател, каде што подетално ги објаснува причините за прекршување на договорот - http://www.erepublik.com/en/article/-presidency-reaction-to-the-latest-events-1866178/1/20 .

Што значи во врвот на Мексико и Португалија владее хаос и циркус. За подетални информации околу овој случај прочитајте на линковите што ви ги приложив горе, или слободно пишете ми ПМ на еРеп.


Амбасадор во Португалија и Бразил,
Ташев.