Мој весник, мој став - Македонски народе ... РАЗБУДИ СЕ

Day 1,395, 13:42 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Здраво МАКЕДОНЦИ, каде и да сте...

Не случајно ја започнувам мојата статија со оваа реченица, туку сакам да нагласам со голема загриженост дека голем дел од македонските “патриоти” веќе си се обезбедија со странски државјанства, и релаксирано ги следат битките за Македонија од листата на кампањи во некоја наша сојузничка држава.

После напорниот месец како министер за надворешни работи во тимот на Аминта, си земав заслужен одмор и решив малку да се одморам да ги соберам мислите и да го пронајдам петелот кој ги е*е нашите кокошки 🙂

Три недели бев двокликаш, и под бурно око ги следев настаните кои што се случуваа во Македонија. И колку напорно да се обидував да изнајдам некое ново решение, причина за моменталната ситуација секогаш се навраќав на ставовите од моите предходни стати кои доколку се прочитат во овој момент ќе изгледаат свежи и со конкструктивни забелешки.

Имено говорам за следниве мои две статии

Промените и еМакедониjа http://www.erepublik.com/en/article/-1-1808734/1/20

Пронајдете го своето место во еМакедонија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1747201/1/20

Искрено ве молам доколку имате време да ги прочитате овие две статии

Понесени од целата оваа еуфорија која што се случува околу европското првенство, и феноменалниот успех на македонската кошаркарска репрезентација како да се рабуди желбата за победа кај македонскиот народ или можеби стана само да се напие вода после долгиот мамурен период и продолжи да си спие...

Играва ни е исполнета со квази патриоти кои што молат за гласови на конгресменски избори само за да си го наполнат џебот со некои златце. Истите тие кога се обични “цивили” во играва го претставуваат најлошото од македонец што може да биде (не почитуваат постари играчи, не следат наредби, не работат за државата). Но во моментот кога ќе застанат зад некоја позиција во играта како наеднаш да се преобразуваат во совесни играчи кои се ќе направат за државата.

Армискиот канал ни е полн со ботови кои што дремат по наредба на своите МУ за да пополнат место, а кога ќе дојде наредба за напад едвај правиме по 100К по килл од цела војска.

Додека пак мини тенковите кои што се со над 4К сила на армиски ги нема ни за леб. Они се од вториот ешалон кој што уживаат привилегија цели да се испукаат со цел побрзо да им се наполни FF. Тоа и не е така лошо, сепак треба некој да набие штета во минибитките, но тоа не им дава за право безпочитно да се однесуваат кон министерството за одбрана кое што секојдневно се обидува да собере војници и цивили на армиски со цел да добиеме една мини битка.

Епа драги мои еРепубликанци, време е да ги тргнеме маските, или сите сложно ќе работиме за доброто на оваа држава или ге земаме плата во грчки драхми...

Прав патриот не чува базуки за да брка БХ кога ќе дојде време...

Прав патриот не го брка нај неисплатливиот медал во играва кога неговата држава стои на стаклени нозе...

Досега во весниците се имаат објавено многу добри и конструктивни предлози, но едноставно фаќаат прашина и бледеат во архивите на Плато.
Државата ја водат способни и докажани играчи, лиѓе со искуство и со визија.

Но доколку нема дисциплина и желба за победа секој нивни обид е залуден.

Затоа НЕПОКОРЛИВ МАКЕДНСКИ НАРОДЕ реши се веќе еднаш... сакаш да владееш или сакаш да владеат со тебе.

Врати се во родното огниште. Отвори ја трансакциската сметка и потроши некоја виртуелна паричка. Кога можат луѓе да трошат илијадници богородички (банкнота од 1000 денари 😁, можеш и ти некоја виртуелна.

Оставете го егото на страна, закопајте ги крвавите секири и приберете го мозокот од пасење... Почна школска година, редно е да се загрејат мозочните ќелии, и да се активираат. Доста беше одмарање и легаче време е за реформи и пормени...


Поздрав... И до читање..
Ваш MeDs Leinad