Мој весник мој став - Пронајдете го своето место во еМакедонија

Day 1,241, 05:26 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.

Мој весник мој став - Пронајде те го своето место во еМакедонија

Оваа статија е наменета пред се за поновите играчи кои што се обидуваат да го најдат своето место во играва но какo и за поискусните кои што сеуште талкаат и се обидуваат да си воспостават дневна рутина која што ќе им биде од корист..

Моделот на играта е направен така да секој може да биде што ќе посака во зависност од неговите способноси и можности. Можеби ова е виртуелна игра, но талентите и способностите кои што ги има секој индивидуалец во РЖ може да се имплементираат и тука.

Се воведоа нови правила кои што на новите играчи после надминување 12 левел кој реално се фаќа за кратко време. им овозможуваат креирање на весници и отварање на фирми. Но дали тие се правилните стапки по кои што треба да тргне секој млад играч ?!?!?!

Новинар

Најпрвин пред се како лесна промоција на новите играчи, што би се рекло по-фамозно појавување во новиот свет е креирањето на весник. Весник отвараат играчи кои што има и кои што немаат потреба се со една цел да се стигне до Медиа медалот и да се добијат 5 голд..
Е драги мои сограѓани размислете пред да отворите весник дали се пронаоѓате во улогата на дописник. Сепак за да се остави белег во медиумскиот простор на ереп не е доволно да се пишуваат секој ден статии со по 3 речениици и да се прават слики во паинт за да изгледа колоритно статијата. Пред се текстот внатре треба да биде издржан и со содржина. Самиот не знам колку потенцијално добри статии кои би биле полезни за мене како играч имам пропуштено од спам статии кои молат суб и воте, и по секако шаут за да видат што е можно повеќе граѓани. Во последно врме омилени ми се статиите со тема олимпијата во сите видови на дисциплини со тематика “Плукање”.

Доколку сакате да имате весник, отворете си за сопствен ќеиф и за изразување на собствени ставови, не правете статии за кои што некој би зажалил што потрошил 2 мин за да ја погледне.

Бизнисмен - Феудалец - Земјопоседник

Втората желба на списокот на секој нов играч е да си отвори фирма сам да си ја работи и да си прави парички. Желбата е на место, и чекорот е правилен. Со новите промени лесно е да си отвориш фирма за 10 златца и веќе имаш за што да седиш подолго на еРЕП. И со самото отворање на фирмата почнува нетрпението, ставаш понуда на пазар и чекаш 2 мин, никој не купил ништо, 5 мин … и пак ништо... И оп се намалува цената за да се продаде производството, нели штета е да стои во магацин ќе се расипе. И исто така паралелно некој новопечен бизнисмен ги прави паралелно истите постаки како својот клега со цел што побрзо да се продаде стоката за да се купи некое тенкче. Но драги мои сограѓани, со самите такви постапки само си правите лошо на себе и на еМакедонската економија. Ги буткате цените на пазарот и ја дестабилизирате економијата, ама тоа не е проблем нели, важен е профитот.

Доколку сакате да отворите фирма подобро на почеток отворете си фирма за ресурси и бидете трпеливи, убавите работи брзо не бидуваат што викаат старите.После фирма за рсурси отворете си сопствена K1 фирма која што ќе ви го покрива ресурсот и така ќе имате за продажба или за сопствена употреба на готов производ

Тенк - Платен војник - United Macedonia - LazarosaMKD

После направените пари и само промовирањето во својот весник, доаѓа моментот со брќање на BH медал (на кого му е за мисија на кого за во витрина се исто е). Одбираш фенси аватар, или со две фирми пушташ објава за огранмизирање на паравоена организација. Секој сака да биде тој кој што ќе ја реши битката и кој што ќе направи огромен инфлуенс во битка. Јас на работите гледам вака, додека не стигнам над 2500 немам што да се фалам со инфлуенс и со тоа колку сум јак (не сакам да ги навредам играчите со помала сила, меѓу кои сум и јас). Ако ги погледнете информациите кај појаките играчи ќе забележите дека тие играат неколку кратно подолго од вас и затоа се толку јаки 🙂.

Херкул не се прави преку ноќ, евентуално ако имате некоја вишок картичка од дома со парички троа повеќе па да си купувате злато за дружење со наполеон на дневна база

Краток осврт на целиов текст е тоа што паралелно не можете да ги водите сите работи додка не стекнете одредено искуство во играва или ако не фрлите некоја РЖ паричка како мене и доста други играчи. Да се води бизнис и не е толку лесно на еРепублик како што изгледа.

Затоа паметно изберете го својот пат по кој што ќе тргнете.

1. Сите пари ги трошите на отварање фирми купување на земја и ќе ве викаат Холдингот Бињапи на Онур 🙂, постака со која после подолг период на време ќе имате и пари и злато да се ојачате со сила и со ранг;

2. Целата плата злато и собствени приливи од медали ги трошите на тренинг со буст, и тоа не зборам за +50 буст, туку за Наполеон кој кај доста од посериозните играчи е кобна желба за секојдневно користење. Предност е тоа што ќе бидете јаќи, но нема да имате нитуедна фирма и собствен прилив.

- Поседувањето на весник го ставам во делот на хоби на еРепублик. Повеќето статии кои што ги имам гледано се добро обработени слики и тематски стрипови кои што се убави за око но реално немаат никаква полезна информација во нив. Се пишива кога се има што да се каже. Во еМакедонија има голем број на весници кои што едвај чекам да излезат со нова статија и со мерак да ја прочитам, но за жал има и такви кои што би ги понел само во полско WC .


Штовани публикуме, ви благодарам на виманинието.
Останете ми со 100 здравје
Ваш MeDsLeinad